Search This Blog

Thursday, June 14, 2007

КАЛЕ - Црквата конечно на светло на денот

На Скопското кале од историски извори се знае дека во поширокиот комплекс на Долен и Горен град постоеле четири цркви ... тоа го тврди и архелогот во пензија Проф. Иван Микулчиќ ... Ова го кажа во свој пост и Кибицерот ... Епохално откритие на скопско Кале ...

- Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:
1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.
- Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век.
* Четвртата црква според Проф. Микулчиќ е пештерска црква која најверојатно се наоѓала под западниот бедем – од кој стрмо се спушта литица (природен бедем...). Во Литицата и денеска можат да се забележат полупештери ...

Возбудата дека е на повидок откритие на една од црквите порасна кога случајно до еден зид (во близината на округлиот бедем ...) на 20-ти Април оваа година се открија повеќе парчиња од фрески .. од кои три беа поголеми ... Очито тоа беше знак дека во близината има црква - а дека фреските се остатоци од намерно рушење на фрески ... кои тука до ова зидче се оставени како шут ...

2.jpg
Оваа фотка ја направив на 23 Април оваа година ... На заокруженото поле е местото каде се најдени остатоците од фреските ...
Местото го посети и Архиепискотот Охридски и Македонски Господин, Господин Стефан ... и беше видно заинтересиран за наодот ...
Дента кога во друштво на Кибицерот ја снимав оваа фотка се запознав и со раководителот на овој дел од истражувањето археолгот Љубинка Џидрова од Институтот за историја на уметноста и археологија ... која одпрвин и не беше така љубезна со нас ... но одкога виде дека се работи за луѓе кои сепак не се “лаици“ не удостои со муабет и ни даде некои информации ... Кибицерот и појасни дека во историските извори од средниот век се спонуваат трите цркви ... а јас нешто водејки ме внатре во мене и реков - дали сака да ти ја убицирам локацијата на црквата ... која во тоа време беше тотално три метри подземја ... Џидровска се насмеја, за момент ја остави шпаклата и метлата од рака и рече - е каде е де !! ... Ја поведов према блиската точка за посматрање на Скопје, која беше прекрасно обликована како видиковец ... застанав точно над олтарот кој сега се откри ... и реков долу под мене е црквата ... Таа се насмеја ме праша ... е од кај знаеш бе и зошто си толку сигурен ?! ... и реков - нешто внатре во мене вели дека е така ...
Во тоа време незнаев за една друга информација - дека во близината на местото каде беа најдени деловите од фреските е пронајдена и надгобна плоча ... пишана на старословенски ...
IMG_3958 (Small).jpg

Ова е плчата за која ви зборувам погоре ...

Средновековна црква - Кале 11 до 14 век (Small).jpg

Фотката ја покажува близината на Црквата ... на фреските и на надгробната плоча ... Покриното со најлон и картон се гробови кои како и црквата имаат чиста орјентација исток/запад ... Археологот Џидровска сеуште тука спореше - дека ова не црква ... а орјентацијата не е исток/запад ... Фотката е сликана на 12.Мај 2007 ...

IMG_4391 (Small).jpg

Вчера разбрав дека конечно е потврдена локацијата на црквата откако претходно се пронајде сребрен прибор за причестување (путир и ...) ... Појдов на локалитетот и направив неколку нови фотки ... Во горниот дел на сликата јасно се гледа Олтарот на црквата која по габарит и не е преголема ...


Ова е воена барака во внатрешноста на Калето ... која била лоцирана со десниот нејзин дел точно врз скоро пронајдената Црква на Калето ... за што сведочат многуте темели
Klip od Crkvata.jpg

Клип на Јутјуб од позицијата на Црквата ... кликнете на него за да го погледате ...

IMG_4402 (Small).jpg

Археологот Џидровска во друштво на свој колега ... задоволно се смешка ... задоволно - веројатношто бидејки имаше чест под нејзините прсти да се открие средновековната Црква ... За нејзе тоа е големо откритие кое ке и влезе во нејзиното археолошко досје ....

Централната црква на локалитетот треба да се бара во централниот дел на Кале ...

Виргински манастир - со обележени цркви и манастири (Medium).jpg

Погледнете ја прецизноста на оваа стара гравура која е правена од Холандски патеписец ... Точни се податоците за местата на јужната веќе откриена порта и северната ... Од црквите најголема била централната која сеште е некаде во средината на Кале и ги чека археолозите ... Црквата во долен град е точно под седиштето на сегашен Водовод ... А пештерската црква ... таа е неостварениот сон на професор Микулчиќ кој знае дека постои ... има историски извори за тоа ... но сеуште е тука некаде ... Црквата која сега е откриена ја нема на фоткава ... веројатно е градена во некој период покасно од времето на настанување на оваа гравура ... Гравурава фасцинира со точноста на својот приказ ...

Осем тазе оккриената Црква секако до сега на Кале се открија и неколку други вредни историски факти кои ке ја надополнат сликата за ретортата на Македонскиот идентитет ...

Отквивањето на Јужната главна пота ...

Малата но сепак доволно голема неолитска населба ... откриена близу до северната порта - од надворешниот дел ... но сепак внатре во Кале ... Од периодот на бакарното доба или 4.000 години од п.н.е. и подоцна нешто од бронзеното доба. Тоа значи дека овој простор најпрво бил заземен за една мошне јака просторна населба од која почнува се - потенцира Митревски, додавајќи дека истражувањата покажуваат дека таа населба била централна во овој регион и во овој дел од Балканот.

- Kale ... srednovekovna crkva ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter