Владата во своето работење силно се залага за компјутеризација и зголемено користење на интернетот ...
- Фрчат тендери за набавка на нови компјутети …
- Имавме неколку тендери за бесплатна обука за користење на компјутер и интернет ...
- Бесплатен интернет ...
- Стипендии за студенти на информатика ...
Во целиот овој галиматијас на нови идеи и технологии - Владата понекојпат делува и помалку збунето ... Се сеќавате во постот каде ви опишав дека владата не го користи правилно проектот е-Влада ... туку повеќе верува на тефтери и пишани материјали ...
Владата иако се залага за електронска Влада самата нема имел достапен за граѓаните ... а голем дел од сајтовите кои ги има - неврамено се обновуаат со содржини и често стојат во место со напис во Изработка ....
Во врска со последното - добар е написот на Време - ДОДЕКА ЈА РАЗВИВА ИНФОРМАТИКАТА ... Владата не ги одржува своите сајтови ...
- Граѓаните не можат да се информираат за закони, прописи, за своите права и обврски од содржините што Владата ги нуди на Интернет.
- Владата не ги одржува својот сајт и сајтовите на министерствата, а во исто време пропагира поголема информатичка писменост, набавува компјутери и воведува бесплатен Интернет ...
- Сајтовите на Владата и на министерствата не ги исполнуваат сите критериуми за употребливост и пристапност, а и не се поврзани меѓусебе.
- ... сајтот услуги.гов.мк е наменет за граѓаните, но од него нема линк до повеќето владини сајтови.
- Често има стари верзии на законите и нема пристап до прописите на систематски начин.
- Сајтот на „Службен весник“ се користи само со платена претплата ...
- Последното соопштение од седницата на Владата ставено на официјалниот сајт е од 28 март.
** Во Владата велат дека за неколку месеци министерствата и владините институции ќе имаат подобри сајтови. Во тек е проект со кој се прават исти стандарди за содржините на сајтовите што треба да ги има на веб-страниците на Владата и министерствата. Сите ќе изгледале слично, со примена на европски стандарди приспособени на домашни услови.
Има и други сајтови на државни установи кои се во многу лоша состојба ... Сајтот на МАНУ ... Сајтот на Универзитетска библиотека ...
- Vladini sajtovi ...
No comments:
Post a Comment