Во услови на денешната фингирана политичка криза со Гласањето за доверба на Владата на РМ - која поради теснопартиски интереси ја поднесе СДСМ ... некако неприметено помина една голема победа на Македонија во Советот на Европа ... “Победа за Македонија“ ... што би рекол господинот Председател на РМ Бранко Црвенковски ...
Имено во Советот на Европа релативно мазно помина гласањето за Извештајот за напредокот на Македонија што завчера го усвои Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент ... Само грчките пратеници беа против ... Иако не треба да не фаќа еуфорија од усвоениот Извештај - бидејки усвоениот извештај е само препорака до Европската комисија ... се препорачува на ЕК да ги започне преговорите со Македонија за прием во ЕУ ... и целосно да го либерализира визниот режим ...
Наместо славје на Плоштад ... тоа сигурно ке го направеше СДСМ по големата победа “Победа за Македонија“ ... секако во организација на некои “невладини“ организации ... имаме Гласање на доверба на Владата ... СДСМ си ја копа дупката кај своите гласачи уште подлабоку ... играта е провидна ... губи не само СДСМ ... највеќе губи Македонија ...
- Грција е незадоволна од усвојувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент во Брисел, посочувајќи го тоа како неуспех на сопствената политика.
- „Поразот“ на Атина се гледа во прифаќањето на амандманот со кој се бара признавање на македонските пасоши на кои стои уставното име на земјата …
- Четворицата грчки европарламентарци во Комитетот за надворешни работи беа единствените што гласаа против извештајот за Македонија.
- Извештајот за кој имаше 156 амандмани нема обврзувачки карактер и за него ќе се расправа на сесијата на Европскиот парламент во јули, а во Атина се проценува дека тој ќе биде усвоен.
- Во извештајот јасно се признава напредокот на Македонија во однос на исполнувањето на Копенхагенските критериуми, се бара спроведување на усвоените закони и се напоменува дека од ангажманот на позицијата и на опозицијата во Македонија ќе зависи почетокот на преговорите.
- .. се поздравува договорот помеѓу Владата и опозицијата (ДУИ) и се бара негово спроведување пред почетокот на преговорите за членство.
Сличен напис имаме и во денешен Вечер - ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ПОБАРАА ОД ЕУ ДА ЗАПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО СО МАКЕДОНИЈА ... На ред е Европската комисија! ...
- ... извештајот треба да биде усвоен на пленарната седница на Европарламентот, идниот месец. Па дури и тогаш не е завршена целата работа. Како што е познато, документите на ЕП не се обврзувачки ниту за Европската комисија ниту за Советот на ЕУ, а тие се институциите што ќе го подготват извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија во ноември, ќе одлучуваат кога да ги започнеме преговорите за членство и кога во целост да се урнат визните бариери.
- Македонските дипломати се задоволни и од препораката на европратениците, прашањето со нашето уставно име да не се става меѓу условите за добивање на датумот за преговори.
- Ова е првпат институција на ЕУ да заземе јасен став околу ова прашање. Грција под итно мора да ги надмине своите ирационални стравови во однос на признавањето на уставното име на Македонија и да престане да стои на патот кон ЕУ на нејзиниот помал сосед - изјави Бер.
- Според документот, идејата е секоја земја членка слободно самата да го избира името со кое ќе му се обраќа на Скопје.
- Со документот, европратениците повикаа и на итно признавање на македонскиот пасош од сите земји-членки на ЕУ, вклучително и од Грција, и укинување на дополнителното плаќање за грчка виза за оние граѓани што веќе имаат шенген-виза.
Од друга страна имаме и очекувана скорашна подршка од Председателот Буш за приемот во НАТО ... СДСМ и ДУИ како да не ја посакуваат и ова покана ... Никој друг за нив не е способен ... само тие биле ...
- Grcija razocarana ...
1 comment:
aleksandar sekoja cest
Post a Comment