Search This Blog

Saturday, June 02, 2007

Богата држава на сиромашни граѓани

Можел ли да има богата држава со сиромашни граѓани ... Секако дека може такви држави има безброј на Афричкиот континент ... а полека и ние стануваме таква држава ...

Во оваа година Државата ни, преку Владина програма обелодени многу проекти од областа на општествената потрошувачка:

- Реизградбата на стариот театар;
-
Изградбата на Градска куќа на местото на некогашниот Официрски дом;
- Изградба на музеј на ВМРО;
-
Изгадба на спомен куќа на Мајка Тереза;
-
Изградба на зграда на Филхармонијата;
- Археолошко истражување на Кале - со обнова на зидините;
- Археолошко истражување просторите околу Плаошник – со реизградба на св. Климентовиот универзитет ...

- Инвестирање во компјутеризација на образование ...
- Изградба на незнам колку нови спортски сали по школите...

Импозантни објекти и проекти кои и се неопходни на Македонија. Со ваква програма Владата покажува дека во Македонија има пари за вакви стратешки објекти и проекти од областа на Културата и Просветата.

- Државата има пари од една страна а од друга страна сме соочени со растечкото осиромашување на МК граѓанин ...
- Цените растат (поскапе струјата, поскапе водата, скап телефон, скап интернет ...) платите стојат во место ...
- Се зголемува процентот на невработените сеуште ...
- Земја сме со најголема невработеност во ЕУ ...
- Се повеќе гледаме луѓе по контејнерите ...
- Растечки е бројот на напуштање на земјата на младите и не само младите ...

Државата како да нема обврска да ствара нови работни места ... Сега ствара само услови да се ствараат нови работни места ... Но или за тоа треба многу време или тоа лошо го прави - бидејки бројот на сиромасите и невработените постојано расте ... На оваа тенденција Владата мора да посвети внимание - бидејки ке го осети тоа на било кои следни избори ... ке падне на празниот стомак на граѓанинот гласач ...

Ваква “стабилна“ економска и монетарна политика е воведена од стручните посматрачи на ММФ, Сведската банка и другите “советодавци“ на МК економска политика - кои се секираат само дали ке им ги платиме кредитте ... Не ни даваа парите од Приватизацијата да ги користиме во развојни проекти - туку тие пари можат да стојат само како депозит и тоа во некоја странска банка или со нив може да се враќаат кредити (се разбира странски) ... Секако не ни бранат да земаме нови кредити ... Затоа ја подржав идејата на Премиерот да се вратат сите пари на ММФ и некои други Светски банки - со што ке се ослободиме од “советодавните“ стеги на ММФ - кој си го гледа само својот интерес ...

Страшно ме интересира дали Владата сега ке донесе поенергична економска политика ... Развој на земјоделието да речеме ... Инвестиции во инфраструктурата кои секојпат се исплатливи - кога има недостаток на други проети ...

Имаше пред извесно време добар напис на оваа тема:

- Македонија се доведе во ситуација да има многу пари на сметката во девизните резерви, сиромашни граѓани и држава без развојни проекти.
- Екстремно мал дел од приватизациските приходи е искористен за развојни проекти.
- Парите од продажбата на „Македонски телекомуникации“, на пример, отидоа за проекти од кои повеќето останаа само на хартија.
- Приходите од „ЕСМ Дистрибуција“ не се потрошија на таков начин, но сега непотребно го билдаат контото на девизните резерви, кое достигна 1,8 милијарди долари.
- Тие не може да се потрошат за развој поради тоа што имаат непостојан карактер и не влегуваат како приходи во Буџетот.
- Сега сме доведени во ситуација да имаме пари на кои не знаеме што да им правиме, па со нив враќаме долгови. Во исто време, одново се задолжуваме и тоа кај истите институции ...
- Ниту една власт досега систематски не пристапила кон прашањето за искористување на приходите од приватизацијата.

- Bogata drzava ... Siromasni gradjani ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter