Интерпелација е сосема легален институт на Парламентарната демократија во сите Држави па и во нашата.
Во нашиот Устав Интерпелацијата се спомнува во членот 72:
- Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на државните органи.
- Интерпелација можат да поднесат најмалку пет пратеници.
- Пратеничко прашање може да постави секој пратеник.
- Начинот и постапката на поднесувањето и расправата по интерпелација и пратеничко прашање се уредуваат со Деловникот.
Постапката за Интерпелација е опишана во Деловникот за работа на собранието - во делот III. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ... членови 42 до 48 ... Значи се прави разлика од Интерпелација и Институтот гласање за “Доверба на влада“ ... Разликата на поимите видете ја во Деловникот на Собранието и Уставот на РМ ...
Овојпат пратениците на опозиционата СДСМ процениле дека има доволно причини да се расправа за лошото работење на Владата - кое се разбира е во полза/интерес на СДСМ - со што на народот би ја докажале преку парламентарна расправа тезата дека Владата нема капацитет да управува со Државата ... дека работите одат наназад и сл ...
Оваа Парламентарна “борба“ е сосема дозволена но дали е кориснава во овој посебен момент е друго прашање ... Имено ако Пратениците на СДСМ имаат цел да ја сменат власта ке побараа гласање за доверба на Владата ... Но бидејки немаат 61 глас во парламентот (од една страна) ... а странските фактори рекоа дека нови избори се скокање од воз во движење ... јасно е дека ова е ситен поен кој треба да го задена СДСМ на својот појас - кој ке се користи во времето на Парламентарните избори ...
Нови парламентарни избори сега веројатно посакува и ВМРО-ДПМНЕ (висок рејтинг...) но поради возот во движење нема да се одлучат сега на таков потег ...
СДСМ во критичен момент на оценка на капацитетот на нашата држава за прием во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ - заради свој интерес ја напаѓа Владата дека нема капацитет ... Се чудам колку лесно се одкажа СДСМ од својата јавно прокламирана заложба дека ке работи како Опозиција заедно со Позицијата на полето за прием во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ ... Со овој потег тие покажуваат јасно дека таа изјава била само фарса ... и дека единствено се заинтересирани што побрзо да се вратат на позициите на власта ... и повторно да цуцаат ...
Сите Интерпелации кои досега се поднесуваа во нашето Собрание беа неуспешни ...
- Interpelacija
1 comment:
Текст со слична содржина на мојот блог.
http://tribun.blog.com.mk/node/90910
Поздрав
Post a Comment