Search This Blog

Tuesday, June 05, 2007

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Владината коалиција турка проект за “Државна Лотарија“. Моментално областа за Игри на среќа во МК е регулирана со следните закони и подзаконски акти:

ЗАКОН ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ ("Службен весник на РМ "бр.10/97,54/97, 13/2001 и 2/2002)
-
УРЕДБА за начинот и постапката за издавање на лиценци односно одобренија за приредување на игри на среќа ("Службен весник на РМ "бр. 17/97);
- ПРАВИЛНИК за престанување на важење на Правилникот за утврдување на цената
на одобрението за привремено приредување на игри на среќа ("Службен весник на РМ "бр. 19/02);
- ПРАВИЛНИК за престанување на важење на Правилникот за висината и начинот на
користење на депозитот со кој се обезбедува исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа ("Службен весник на РМ "бр. 19/02);
- ПРАВИЛНИК за образецот на лозовите и томболските картички
("Службен весник на РМ "бр. 15/98);
- ПРАВИЛНИК за начинот, условите и роковите на утврдувањето на техничката исправност на автоматите за игри на среќа и апаратите за забавни игри и формата на исправата за
техничката исправност ("Службен весник на РМ "бр. 19/97);
- ПРАВИЛНИК за начинот на водење евиденција, регистарот, формата и содржината
на плочката за означување и регистрација ("Службен весник на РМ "бр. 19/97);
- ПРАВИЛНИК за техничките, технолошките и просторните услови за приредување на
игри на среќа и забавни игри и стручната оспособеност на лицата ангажирани во изведувањето на игри на среќа ("Службен весник на РМ "бр. 19/1997,4/1998);
- ОДЛУКА за утврдувањето на цената за плаќање на лиценци за постојано приредување на игри на среќа ("Службен весник на РМ "бр.31/01);
- ОДЛУКА за утврдување на почетната цена за плќање на лиценците чиј број е ограничен за приредување на игри на среќа ("Службен весник на РМ "бр. 40/01);
- ОДЛУКА за утврдување на цената на одобрението за привремено приредување игри
на среќа ("Службен весник на РМ "бр.19/02);
- ОДЛУКА за определување на надоместокот за одобрение за приредување на забавни игри ("Службен весник на РМ "бр..19/02);
- ОДЛУКА за определување на висината на депозитот и начинот на користење на депозитот со кој се обезбедува исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа ("Службен
весник на РМ "бр..19/02);
- НАРЕДБА за видот и обликот на жигот за технички исправните автомати за игри на
среќа и апарати за забавни игри ("Службен весник на РМ "бр. 19/97);
- ПРАВИЛНИК за содржината на книгите на благајна за дневната состојба на приходите од посебните игри на среќа ("Службен весник на РМ "бр. 19/98);
-ПРАВИЛНИК за содржината на месечните извештаи за работа на приредувачите на
игри на среќа во автомат клубовите ("Службен весник на РМ "бр. 19/98).

Игри на среќа се игрите во кои учествуваат поголем број на лица и во кои на учесниците покрај забава им се дава можност да оствруваат добивка во пари, предмети или права, при што крајниот резултат на игратане зависи од знаењето и од умешноста во играта.

Забавни игри се игрите на сметачи,симулатори, видео - автомати, флипери, пикадо, билијарди и на други слични направи што се ставаат во погон со помош на метални пари, жетони или со наплата, а во кои учесникот не може да оствари добивка, предмети или права, освен право на една или на повеќе наградни игри на направата за забава ...

Во првобитниот закон за игрите на среќа од ‘97 година - игрите на среќа т.е. приходите од игрите беа приход на “Буџетот на државата“ ... а средствата се користеа за финасирање на одредени програми за здруженија на хендикепирани лица, спортски здруженија и за Црвениот Крст ...

Према овој закон Игрите на среќа можат да бидат Општи и Посебни ..

A. Општи игри на среќа се:
- Игри на извлекување (лото, спортска прогноза, лотарија, инстант лотарија и томбола)
- Обложување на спортски натпревари
- Наградни игри
Б. Посебни игри на среќа се:
- Игри што се приредуваат во играчница (казино) и
- Игри на автомати за игри на среќа.

Во законот е предвидено дека игрите на среќа можат да бидат постојани и повремени ... Постојаните игри ги организираат трговските друштва а повремените - здруженијата на граѓани од областа на физичка култура ... хендикепираните лица. На странци не им е дозволено самостојно да приредуваат игри на среќа ... ниту е дозволено продавање на игри на среќа кои се организирани во други држави ...

За да организира некој игра на среќа мора да добие лиценца од министерството за финасии ... во посебна процедура ...

Во времето на носењето на овој закон единствен организатор на сериозни игри на среќа како Лото, Спортска и Лозови беше државната компанија Лотарија на Македонија ... додека останатите забавни игри беа оставени на помали субјекти - видео игри, флипери, пикадо, фудбал на маса и сл. ... коцкарниците беа малубројни - на прсти на една рака се броеа ...

Во истиов заон од ‘97 година се предвиде таканаречена “трансформација на Општеествениот капитал на Лотарија на Македонија“ ... која заврши како што завршија скоро сите трансформации со многу матни неправедни и нетранспаретни процедури за да сега е приватно акционерско друштво ...

Досега имаме неколку измени на Законот за Игрите на среќа:

Сегашната Влада веројатно незадоволна од некои движења и случувања во овој сектор, подготвува нов закон за приредување на Игрите на среќа - во кој се предвидува повторно државата да води главен збор во најсериозните игри на среќа ...

- Владата ќе формира акционерско друштво за државна лотарија
-
Државата од 1 јануари идната година ќе организира лото, лотарија, инстант лотарија, спортска прогноза и ТВ-томбола.
- Целта е да се соберат дополнителни приходи во буџетот, кои ќе се користат за поддршка на граѓански здруженија и на проекти од јавен интерес, ...
- Половина од парите ќе бидат одвоени во фонд за финансирање на изградба и одржување на спортски објекти ...

- На слична тема имав уште еден пост: КОЦКАЊЕ и игри на среќа ... подолу само неколку акценти од тој пост:

- Во кацкањето и игрите на среќа добиваат само оние кои ја организираат играта т.е. оние кои ја земаат “пикслата“
-
Коцкање е заеднички назив на сите игри кои вклучуваат вложување на пари ... Играчот кој победува - го добива вложените пари ... Денеска коцкањето е цела една нова индустрија ... во која мафијата има не така мала улога ... со организирањето на коцкарници се случуваат и првите перење на парите на мафијашките структури во светот ...
- Историјата на коцкање е
доста долга и стара ... Коцкањето е “спорт “ кој се врзува заедно со другите пороци - како ... пушење ... алкохол ... проституција ... дрога ... Не познавам човек кој видел аир од коцкање ... Коцкањето е порок за секој човек, кој ако го совлада - тешко го напушта ... еднаш коцкар секојпат коцкар ... пу, пу, пу ...
- Коцкањето е порок кој е омилен во западната култура ... не дека го нема во другите култури ... муслиманството колку знам го забранува ... незнам како христијанството се однесува кон коцкањето ... Погледнете како се посматра коцкањето во филмската индустрија на западот ...
- Коцкањето во Македонија има долга традиција ... Фанта , Покер, Купчиња и некои други игри со карти се малските начини на коцкање на постарите Скопјани ... Органицирани коцкарници во Македонија веројатно немаат голема историја ... Коцкарниците на времето беа организирани само за странци - кои со полни новчаници влегуваа во казината и во друштво на алкохол и еден вид кабаре го поминуваа ноќите ...
- Коцкањето почна да се организира и за широките народни маси - за сиромаштијата ... во вид на лотарија ... лото ... и спортска прогноза ... бинго ... Постаирте скопјани се сеќаваат на времето кога пред триесетина години продавачите на лозови шетаа од кефена до кафеана и продаваа лозови ... половинки и цели ...
- Денеска некако најпопуларни се обложувалниците - кои ја упропастија фудбалската игра ... гледам меѓу младите е ептен популарна а на убави локации никнуваат секојденевно нови обложувалници ... Популарни се но - не како порано и сега Лотото и Бингото ... а полека е се популарно тканареченото обложување на интернет - таканаречено
онлајн обложување на се и сешто ...
- За мене секое коцкање е незаконито дејание и недозволиво е да се рекламира коцкањето на домашните медиуми ... Секојдневно гледам реклами за казина ... игри на среќа и слични други начини на коцкање ... многу од земјите живеат од таканаречениот коцкарски туризам - како и нашите градови во близината на грчката ганица ... Гевгелија - Дојран - Битола ... но зошто се рекламираат коцкарниците за обичните граѓани на Македонија ...

- drzavna lotarija, loto, sportska, tombola ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter