На Косово пред некоја година се воведоа неколку стандарди кои требаше да се исполнат пред да почне да се разговара за статусот на Косово ... Стндардите на Косово споро се спроведуваа и се почна со идејата за стандарди и статус истовремено ... за кога се виде дека и тоа не оди - сега се инсистира најпрво на статус а потоа да се спроведуваат стандарди ...
Нешто слично е и со Македонија и од нас се бараат мал милион исполнувања на европски стандарди - кои ако чекаме да се исполант за да влеземе во ЕУ - незнам дали воопшто некогаш ке дочекаме да бидеме членка во ЕУ ... ЕУ секојпат не условува на секоја средба со некакви услови кои треба да ги исполниме па да рзмислат дали сме добродојдени во ЕУ ...
Читам дека ЕУ ке ги казнува компанитете кои вршат железнички сообраќај за доцнењето на возовите ... Ако некој ден му текне на некој ЕУ политичар - да ни постави и ваков услов да ги казнуваме нашите компании кои вршат превоз на патници во железничкиот и автобускиот јавен превоз ... тогаш незнам сите вакви компании ке банкротираат од многуте казни кои ке треба да ги платат ...
Незнам дали е одржлива синтагмата “Стандарди па потоа статус“ ...
- Standardi i status ...
No comments:
Post a Comment