Search This Blog

Sunday, June 10, 2007

ВИТОЛИШТЕ ... СИНТЕЗИС ... СЕЛСКИ ТУРИЗАМ ...

Една од станиците на Синтезис во промотивните концерти беше и Витолиште ... За жал не отидов ... далеку - а и таа сабота ако воопшто се одржа концертот не видов напис во ниеден весник ...) имав друга обврска ... Додуша Дневник најави концерт во Витолиште ... но не видов напис од концертот како помина ...

На средбите ќе биде отворена етнолошка изложба на народни носии, предмети и слики и ќе учествуваат повеќе интерпретатори на народни инструменти и културно-уметнички друштва од Прилеп, Скопје и од Битола.

Вообичаено прогуглав за да видам што е тоа што ги привлекло организаторите на концертите на Синтезис да го промовираат Витолиште ...

Витолиште е Мариовско село,а до 2004 година беше седиште на истоимената општина. Витолиште е најголемото село во Прилепскиот дел на Мариово. Од градот Прилеп Витолиште е одалечено 46 км и лежи на 830 метри надморска височина. Во селото има осумгодишно основно училиште,пошта,амбуланта со што селото претставува рурален центар на овој дел од Мариово,но и покрај оваа инфраструктура Витолиште доживеало огромна депопулација од 1291 жител во 1961 година да опадне на само 290 жители 1994 година,сите жители се Македонци. Последниве години во Витолиште беше забележано раѓање на 2 деца,што е надеж дека Мариово ќе заживее. Мариово е историски,културно и природно богат регион кој за само 50ина години тотално изумира (во 1946 година стапката на раѓање наталитет била 41,8 промили,највисока во Македонија тогаш). Витолиште е опишано во романите на познатиот македонски писател родум од Мариово,Стале Попов

Витолиште се спомнува кога по три години ке се роди бебе ... на малкуте млади брачни парови во Витолиште ... кои живејат од сточарство ... Се спомнува кога докторот од витолиште ке замине во војска и Витолиште ке оставено без лекар ... а Министрството не дозволува ново вработување ...

Поширок напис за Витолиште има на Порталот Крале Марко ...

- Во јужниот дел од Македонија, заграден со планински масиви, се наоѓа мариовскиот регион кој до пред неколку години беше најизолираната област во државава. На северната страна се планините Дрен и Сува, на југ Кожув и Ниџе, на исток Турски Рид, Катино, Голема Рудина и Орле, а кругот го затвора Селечката Планина која се наоѓа на запад. Во овие граници, по текот на реката Црна се простира најубавата и најдолга 50-километарска Мариовска Клисура. Мариовци, со гордост, од колено на колено ја прераскажуваат легендата за Мариово.
- Велат дека крајот бил наречен по убавата и храбра девојка Марија. Во време на Отоманската Империја, некој турски паша кој ги освоил селата во областа каде што сега е Мариово, се заљубил во оваа девојка. Тој бил маѓепсан од нејзината убавина и затоа бил подготвен да стори се за да ја освои нејзината љубов.
- Таткото на Марија жестоко се спротивставувал неговата ќерка да се омажи за младиот паша, оти таа била христијанка, а момчето муслиман. Но пашата, и покрај тоа, не се предал, и упорно продолжил да ја моли Марија да му ја возврати љубовта. Таа на крајот попуштила и прифатила да стане негова сопруга, но само под еден услов: целиот регион од Полошкиот манастир, Селечката Планина, селото Брод, битолскиот регион , планината Ниџе, регионот Козјак да остане христијански. Таа, исто така, побарала ни еден Турчин да не се насели и да живее таму. Пашата се согласил да го прифати ултиматумот и затоа потпишал документи со кои ја исполнил нејзината желба, по што со Марија заминале кон нивното ново живеалиште - селото Дуње. По патот, Марија извадила нож од нејзините пазуви и смртно се прободела. Така таа не му се предала на пашата, кој подоцна се обидел да ги поништи документите кои ги потпишал, ама не успеал во тоа. Поради тие документи, целиот регион останал христијански. Во чест на девојката и на нејзината храброст и пожртвуваност регионот бил наречен Мариово.
- Витолиште, кој
e уште е познатo како голем регион со најмал број на жители, го добила името по третиот брат Вите. Денес на нејзината територија, на 495 квадратни километри, во 14 села живеат 422 жители. За да се стигне до Витолиште, треба да се извози кривулест пат, по чија должина, од левата и десната страна има трошни куќи во кои живеат неколкумина старци. На само педесетина километри од ова село се наоѓа село Витолиште каде што цивилизацијата побрзо стигнала. Тоа е резултат на иселувањето на младите во прекуокеанските држави, кои виделе свет и успеале да донесат новини во родниот крај. За разлика од Штавица, во Витолиште има дури три водоводи, стотина телефони, од неодамна и телевизија, а во план е да се воведе и мрежа за мобилни телефони.
- На Водици селаните се собираат сретсело каде што се наоѓа црквата 'Свети Атанасиј'. Секој зема по една икона и сите заедно вртат три круга во дворот на црквата, кажувајќи молитви. Потоа сите заедно одат кај реката Краваштина каде што во едно вирче се фрла крстот. Отакако најсреќниот ќе го фати крстот, шета низ селото и луѓето го даруваат со мед, сирење, ракија и со слатки. Во водата каде што бил фрлен крстот се мијат иконите и се враќаат назад во црквата. Истиот ден се избира новиот кум за в година, а потоа се одбираат 10 луѓе наречени Шкуртари. Кај секој од нив се оди дома, се додека не се стигне до последниот каде што се служи вечера.
- Мариово изобилува со културно-историски споменеци, цркви и манастири. Само во Општината Витолиште има 27 цркви. Посебни места со кои се гордеат Мариовци се спомен-куќата на писателот Стале Попов во селото Мелница. Пред неколку години селаните од Крушевица се организирале и моштите на познатиот револуционер Толе-паша ги зеле од местото на загинувањето во селото Годјакови и ги пренеле во неговото родно место. Мариовци, исто така, се гордеат со својата народна носија која е надалеку позната по својот раскошен вез кој денес зазема посебно место во музеите во Македонија, Париз и на Белград.

- Во Витолиште се организираат "Мариовско-мегленски средби" ...
- Понекогаш во Витолишта се одржуваат научни средби ... уствари се спомнува во научните средби поточно ... средбите како што е ред се одржуваат во Прилеп ... :) ... кој ке оди по тоа селата ... :)

- Мапа на интернет - каде е витолиште имате тука ... тука Google Free Satellite Map за Витолиште ... Уште една мапа тука ... Уште една тука ...

Vitoliste - mapa google.jpg

Кликни на мапата за поголема ...

Осем што Синтезис се сети да организира промотивен концерт за Витолиште и градоначелникот на Прилеп се сетил ... во Витолиште да направи Викенд амбасади во мариовските села ...

- Зелени ридови и полјани се протегаат од двете страни на патот кон мариовското село Витолиште. Чистиот планински воздух од Селечка Планина се чувствува уште во нејзиното подножје. Како се оди нагоре кон Витолиште, од двете страни на патот, расфрлани низ планината и висорамнината, се редат манастири и села кои се симбол на македонскиот непокор и култура.
-
Првото село од десната страна на патот, вткаено во црните вулкански карпи, е селото Штавица каде што нашиот најпознат режисер Милчо Манчевски го сними филмот "Пред дождот".
-
Продолжуваме по патот, следени од гуштерчиња и од мирисот на планинските цвеќиња. Почнуваат да се редат од десната страна селата Бонче и Крушеица, манастирот "Света Недела", потоа манастирот "Свети Петар и Павле", а малку подолу лево селото Дуње. По него следи манастирот "Свети Ѓорѓија", а претпоследно на нашето патување е селото Манастир. Го одминуваме и Манастир и стигнуваме до Расимбеговиот мост на реката Црна. Ја слушаме Црна како боботи под мостот, а од двете страни на реката остро се спуштаат ридови и карпи.
-
Се возиме уште петнаесетина километри и доаѓаме до центарот на Мариово - селото Витолиште. Најголемото мариовско село и денес го задржало некогашниот изглед. Старите камени куќи со огромни дрвени порти не враќаат во некое далечно време. Манастирот "Свети Атанас" се издига гордо над селските куќарки, а кога од Витолиште ќе се свртите кон Прилеп се гледа највисокиот дел на Мариово, месноста Слива која е на надморска височина од 1.135 метри.
-
За мариовските убавини и недопрената природа слушнале и странците, кои се заинтересирале тука да инвестираат во екотуризам. Инвеститор од Финска склучил договор со Општина Прилеп да реновира две стари куќи во селото Манастир и да ги претвори во хотел, па ова село сега уште го викаат и финско село. Општина Прилеп, пак, за да го анимира просторот и да го направи интересен за странци, во Мариово планира да прави и дипломатско село.
-
за да не пропаѓаат (старите камени куќи), решивме да им ги понудиме на странски инвеститори и на амбасадите во земјава да ги преуредат и да почнеме да развиваме екотуризам. Инвеститор од Финска веќе се нафати да обнови две куќи во Манастир, а амбасадите на Полска и Украина ја прифатија нашата понуда и тие да се вклучат во создавањето на таканареченото дипломатско село или викенд амбасада. Украинската и полската амбасада наскоро треба да дојдат да си одберат куќа, а имаме и други заинтересирани амбасади", вели Маријан Ристески, градоначалник на Прилеп.
-
идејата е да се задржи автентичната градба на куќите, но внатрешно модерно да се уредат за да се понуди комфорен престој за туристите.
"
Нема да има некои доградби и надградби на објектите, значи нема да се загади животната средина, а од друга страна, на странците им се нуди да поминат одмор во типично македонско село.

Како се стасува до Витолиште?

Од Скопје до Витолиште има околу три часа возење со автомобил. Три километри по изминувањето на Прилеп на магистралниот пат Прилеп - Битола се врти десно по асфалтен пат. Од овде до Витолиште има уште околу 50 километри. Прво на патот кон Витолиште од десната страна е село Штавица, потоа Бонче и Крушица, исто од десната страна. Од лева страна доаѓа Дуње, па повторно од десната страна селото Манастир. Покрај патот постојано има патокази кон селата и манастирите, но не се влегува во нив туку се вози по патот, се до реката Црна и откако ќе се мине Расимбеговиот мост, треба да се поминат уште 15 километри до Витолиште.

Елица Ангеловска

За жал никојпат не сум бил во Витолиште и немам свои сеќавања за да Ви ги раскажам ... Ке се потрудам да го надокнадам тоа ...

- За селскиот туризам имав уште еден пост - СЕЛСКИ ТУРИЗАМ - ЈАНЧЕ ...
- За мариовско Бонче имав истотака промотивен пост - БОНЧЕ ...
- За промотивните концерти на Синтезис имав неколку постови: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 ...

- Vitoliste ... Vitolište ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter