Поради нискиот стандард на средната класа (која веќе ја нема) ... студирањето за просечните Македонци стана луксуз ...
Утрински денеска срочи интересен напис - Тешко може да се студира со месечна просечна плата ...
- „Плаќаме по 600 евра школарина. Тука не се вклучени трошоците за книги, за превоз до факултет и назад и за храна“, вели Снежана, чија ќерка е втора година на факултет.
- Со месечната просечна плата, која за мај изнесува 14.067 денари, родителите не можат да ги намират трошоците за студии на своите деца.
- трошокот за студии изнесува минимум 50 евра месечно или 3.065 денари, не вклучувајќи ги трошоците за храна, превоз и книги. За фотокопирање книга од двесте страници студентите треба да плаќаат од 150 до 180 денари. Книгите што ги издаваат професорите достигнуваат цени и до 2.000 денари. Само за намирување на школарината просечниот месечен приход се намалува на 11.000 денари.
- Ако студентот троши по 150 денари дневно за храна и превоз, остануваат 7.550 од просечната месечна плата. Фотокопирање две книги месечно го намалува просечниот приход на 7.200 денари доколку една фотокопирана книга чини 150 денари.
- Во оваа пресметка не се вклучени трошоците за купување оригинални книги, пријавувањето на испитите за време на испитна сесија и уплатите во почетокот на годината за студентски сојуз, студентски списанија, пари за истражувачки активности и уплати за спортско-рекреативни активности.
-Откако ќе ги намири трошоците за студии и ќе ги плати сите сметки, на просечно платениот Македонец му остануваат околу 3.000 денари доволни за по еден леб, литар млеко и по една кутија цигари дневно. За едно дете да се испрати на студии, потребно е двајцата родители редовно да примаат плата. Често напомош се јавуваат бабите и дедовците со пензиите, а некои родители земаат кредит за да ги намират трошоците за високо образование. Ратата за отплата на потрошувачките кредити е најмалку 20 евра месечно или 1.226 денари. Кредитите се отплаќаат од 1 до 6 години.
- Student ... studii ...
No comments:
Post a Comment