Данок мора да плати секој или да умре ... Ова е девизата на сите капиталистички држави ... сега стана девиза и на нашата ... Државата не ја интересира од каде ке го платиш данокот ... таа се интересира само дали си го платил на време ... Ако имаш поврат на данокот тогаш најпврин следи даночна контрола дали нешто си забушотил па дури после ти се дозволува да си ги добиеш назад парите од поврат на данокот ...
Со воведувањето на ДДВ (данок на додадена вредност) се отиде со модел само стопанските субјекти да бидат носители на ДДВ ... Тие прават пресметки ... тие во своите биланси го додаваат и одземаат платениот данок ... На одделни периоди се врши балансирање на даноците ... и тогаш имате доплата на ДДВ или негов поврат ...
Ваков ДДВ модел е навистина добар за државата ... бидејки таа најлеголно има шанса да ги прибере сите додадени даноци преку процесот на фискализација - кој е и смрт за сивата економија ...
Незнам зошто се избегна модел на ДДВ каде секој граѓанин (фамилија ...) е и даночен обврзник ... Што ми е зборот. Ако секој граѓанин т.е. семејство е такадаречам ДДВ обрврзник тогаш ке ја имаме убиствената пресметка на на ДДВ и фискализација која секој граѓанин ке ја спроведува и ке биде одличен промотор на севкупната фискализација ...
На крајот на некакви пресметковни периоди ... шесмесечни ... квартали но секако годишни и фамилијарните обврзници ке прават пресметка како и фирмите на ДДВ и воколку преплатиле данок ке имаат право на поврат ... воколку пак приходите им се поголеми од некакви замислени позиции ке мора да платат нови даноци ...
Идејата е да не лежи парата под перница туку да се врти ... Во таков случај ке мора да се признаат и сите лични трошоци на граѓанинот ... коли, викендици ... швалерки .. :) ... школувања .. и незнам што ...
Државата избега од овој модел кој е во многу западни демократии прифатен и одавна имплементиран ... Пред дваесетина години бев на посета во Канада на мојата фамилија ... Уште од ајродромот па се до враќањето повторно на ајродромот братучедми кој е забар и еден од побогатите во Торонто ревносно ги собираше сметките ... Го прашав бате а зошто ти се ... ?! ... Ми требаат за пресметка на ДДВ ... Нешто слично такво прават и моите роднини во САД ...
Повод за овој напис ми беше денешниот напис од Дневник: Македонија со најголеми давачки за вработените - Повеќе од половина година работиме за државата ...
- Граѓаните повеќе од половина година работат за да ги платат давачките за даноци, пензиски, здравствен и придонес за вработување.
- Земјава е на врвот по високите давачки за придонеси.
- Додека во другите земји тие изнесуваат до 50 проценти од платата, кај нас тие се од 60 до 70 проценти од месечната нето-заработувачка.
- … мора да се воведе бруто-плата во земјава како што е во другите земји од Европа и регионот. … работниците ќе знаат колку пари од бруто-платата завршуваат во државната каса и така ќе бараат соодветна услуга за парите што ги вложиле
- Хрватските работници лани до 15 јуни работеле исклучиво за плаќање даноци и давачки кон државата
- Денот на даночна слобода во Естонија е на 30 април
- Во Ирска работниците работат за државата до 9 мај
-
- Во Словачка до први јуни.
*** Нашиот ден на даночната слобода кога би бил ... 20 Јули или почетокот на август ... Ова покажува дека моделот на нашата држава е прескап за нашиот граѓанин ...
Ме замисли написов ... а богами и сите треба да подразмислиме за моделот на ДДВ ... и воопшто за даноците и допринесите кои ги плаќа граѓанинот во МК ... Турците владееле 5 века со Македонија - но воделе сметка дали рајата има пари да плаќа данок ... праќале емисари да видат како живее рајата ... ако и е добро биле безмилозни во прибирање на днокот ... ако годината е лоша какви се нашиве сегашни транзициски години ... го оставале народот да преживее за да може догодина да има од кого да собере данок ...
Гледа ли кај нас некој како живее народот ... има ли такви емисари во последните 17 години ...
** Даноците се јавен приход кој кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на државните потреби.
** Данокот на додадена вредност може да се дефинира како данок на потрошувачка кој се пресметува во секоја фаза само на износот на додадената вредност, со тоа што овој данок е без кумулативни ефекти.
- Danocna sloboda ... DDV ... Bruto plata ...
No comments:
Post a Comment