Овие дена на мојот блог имав неколку написи во врска со Македонско Бугарските односи ... препирки на интернет поврзани со блогот на „Вашиот сосед“ ...
- ФОКУС - огорчен од некои МК блогови ...
- „Вашиот сосед“ ... Фокус ... Блог ...
Задоволен сум дека правилно се разбраа моите постови и немаше поголеми злоупотреби во коментарите каде би се навредувале нечии чувства ... немаше дури ни пцовки ... почит респект за сите кои коментираа ...
Во првиот пост напишав една реченица:
Наместо заклучок ... им симнувам капа на бугарите за организирање пропаганда ... не штедат пари и труд ... Колку тоа ке им успее во 21 век ке видиме ...
Бидејки беше спомнат сајтот www.promacedonia.org ... еден од творците на сајтот во форма на коментар ми пиша:
Драг Волан, во грешка си. Саjтот www.promacedonia.org не е дел од некаква организирана бугарска државна пропаганда. Овоj саjт е дело на група истомисленици од Бугариjа, кои се интересираат од македонските прашања. Никоj не плаќа за скенирането, обработувањето и качувањето на текстовите. Учеството е слободно и секоj, коj сака и може да биде корисен, е добродоjден. Мислам дека во целост содржината на саjтот не може да биде определувана како пропагандна. Делови како "Спомени", "Езикознание", "Етнографиjа", "Историjа" и така натаму содржат аутентични историски документи од академски публикации и научни истражувања, исклучок е делот "Памфлети". Зборот "пропаганда" со своите негативни конотации не е точен во однос на озбилната информациjа, коjа нуди саjтот. Ако на пример писмата и документите на Гоце Делчев покажуваат немакедонски етнички идентитет на револуционерот, ова не е причина истите да бидат определувани како "пропаганда". Историската информациjа мора да се почитува таква каква што е независно од тоа какви се нашите денешни идентитети.
Поздрав од Софиjа:
Черњо Пеев
Коментарот го воспримив како комплимент и знак за подадена рака и одговорив:
Драг господине Черњо Пеев
Исклучително ми инпонира Вашиов коментар ... и заради начинот на кој ми се обраќате на чист Македонски и заради самата содржина на коментарот ...
Има и други мои пријатели од Бугарија - кои ме убедуваат дека сајтот www.promacedonia.org не е финасиран од никого дека е дело на луѓе кои ја сакат Македонија и Македонската историја ... но ја гледаат низ призма на Бугарски наочари - бидејки се разбира се родени и воспитани во рамките на Бугарија ... Сајтот можеби не е целосно финасиран но е секако помогнат како донација од самата бугарска држава или од донатори ...
Најпрвин Ви симнувам капа до земја (значи го имате мојот наклон) за делото кое го правите ... обездедувате страшно корисни информации за сите на кои Македонија им е во срцето ...
Мене дури воопшто не ми смета кога во книгите ке прочитам како кој се орјентирал ... како Бубарин ... како Бугарски Македонец ... или незнам која варијанта ... Тоа јас лично го подразбирам како одраз на дел од едно историско време ...
Тука во Македонија имате многу фанови на вашиот сајт - кој го користат како можност да прочитаат ретки стари книги за Македонија ... меѓу фановите на сајтот можете да ме вброите и мене ... кога имам време, често читам делови кои таму ги наоѓам ...
За да се разбере правилно историјата мора да се прочитаат сите релеванти историски факти од сите заинтересирани “страни“ од историскиот настан ... Во случај на Македонија и таканареченото Македонското прашање - неопходно е да се прочитаат историските извори од неколку центри за историја ... Скопје, Софија, Београд, Атина, Анкара, Тирана и неколкуте светски центри ... Москва, Париз, Лондон, Берлин ... и други ... дури откако за еден историски настан или личност ке исчиташ се што е напишано од повеќе извори ке можеш да си пресудиш во својата глава за одредената историјка личност или настан ... Тоа за мене е вистинска историја ...
Во такво светло пробав да ја разберам историската личност на Мара Бунева ... за која пишав неколку постови ...
- МАРА БУНЕВА ...
- ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ ...
- Атентатот - Бунева и истрагата ...
Пронајдов скоро се што можеше да се пронајде на интернет за нејзиниот лик и дело ... секако истражувањето не е завршено ми фалат написи на светската штампа ... и историски извори од светските центри ... Кога ке дојдам до такви материјали ке ги проучам и објавам на моите блогови ... без некои силни коментари ... Историските книги и материјали кога се објавуваат треба да не се оптеретуваат со премногу коментари ... читателот сам треба да си ја пронајде поентата ...
Се разбира дека сето ова може да го направи само интернетот ... и во тој правец го поздравувам овој сајт ... Се залагам ние тука во Македонија да организираме слична работа по узор на вашиот сајт и сајтот Растко http://www.rastko.org.yu/
Се залагам да се подигнае на интернет Нова Македонија по узор на Политика http://www.digital.nbs.bg.ac.yu/novine/politika/
Затоа голема пофалба за ова дело www.promacedonia.org на сите наведени момци (не гледам девојки ) на творците на овој сајт ...
Книгите са предоставени от:
Симеон Цонев, Васил Карлуковски, Николай Чернев, Лазар Гецковски, Христо Ценов, Милен Радев, Димо Бечев, Емил Георгиев, Самоковецо, Баш Бугараш, Владислав Васев, Черньо Пеев, Емил Петров, Иля Талев, Йордан Чорбаджийски, Анастасия Побошкова, Работно ателие за македонска история , The_bomb, Славчо Стоянов и Игор (Alias) и са обработени от:
Васил Карлуковски, Христо Ценов, Милен Радев, Димо Бечев, Емил Георгиев, Ангел Апостолов, Баш Бугараш, Владислав Васев, Черньо Пеев, Емил Петров и Работно ателие за македонска история .
Мојот меил го имате во мојот профил ... но еве и тука ке го напишам:
volanskopje@gmail.com
Повелете ... или заповедајте ... за личен контакт ... Мислам дека и во Македонија има луѓе кои радо би соработувале со вас ... луѓе кои избрале да се орјентирааат како Македонци ... и на кои Македонија им е во срцето ...
На паралелниот блог на Блогспот http://volanskopje.blog.com.mk/ - каде често се води дискусија меѓу Бугари и Македонци ... често оштра но сепак во границите на дозволеното ... за што сум благодарен ... реков дека можеби е време да се створи еден клуб на виртуелни пријатели (пријатели запознаени преку интернет) на Бугарски и Македонски граѓани ... кои би допринеле за развојот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија ... како две соседни земји, кои за кратко време ке бидат членки на Европскиот сојуз на држави ... каде границите нема веќе да бидат пречка на размена на идеии и мисли ...
На нашиве Балкански простори имаме премногу историја која помалку ни смеќава во развојот на добрососетските односи и економскиот просперитет на народите ...
Поздрав до сите Вас ...
Збор два за самиот сајт http://www.promacedonia.org/ ... Извонредно добро замислен од организаторите ... Очито е помаган веројатно како донација ... Сигурен сум дека има многу часови и на доброволна работа од поменатите автори ...
No comments:
Post a Comment