- На територијата на Република Македонија, по Втората светска војна се спроведени 2 пописа на земјоделството, во 1960 и во 1969 година.
- Индивидуалните земјоделски стопанства, со определен број на белези, беа опфатени со пописите на населението кои беа спроведени во 1991, 1994 и 2002 година.
- Податоците што ќе се добијат од овој Попис на корисниците ќе им понудат сеопфатна слика за состобите во македонското земјоделство, односно релевантни информации за
* бројот на индивидуалните земјоделски стопанства,
* вкупниот користен земјишен фонд за земјоделство,
* рибарство и шумарство,
* добиточниот фонд по видови и по категории,
* земјоделската механизација и опрема,
* агротехничките мерки според видот и површината на земјиште на која се применуваат,
* работната сила ангажирана во оваа дејност и сл.
Целава припрема не одеше со доволно добро запознавање на МК граѓани за целта и начинот на вршењето на пописот ... не се слушнаа доволно добро сооштенијата за јавност ... немаше доволно прес конференции ... немаше доволно емисси во ТВ медиумите ... новински написи во који ке се објаснеше што е цел на пописот и како ке се спроведува ...
- Кој ги дава податоците при попишувањето
- Потребен документ при попишувањето е документ за лична идентификација на лицето или друг документ од кој може да се преземе ЕМБГ. Ако не се располага со никаков документ за идентификација, тогаш се внесуваат податоци за датум на раѓање на лицето.
- Организација на Пописот
- Заштита на податоците
- Законот за Попис на земјоделство гарантира целосна заштита на сите податоци што ќе се приберат со овој Попис. Ниту едно лице или инсититуција надвор од Државниот завод за статистика не може д аима пристап до пописните информации прибрани со индивидуалните обрасци, вклучувајќи ги тука и владините органи.
Можеби некој мисли дека припремата беше добра ... и дека јас само сакам да критикувам ... но пописот во пракса оди одат вака:
- Чука некој на врата на шести спрат во твојата кула - во Скопје некаде во Центар, Ајродром или Каршуш сеедно ...
- Отвараш врата спремен да пцуеш ... пак ли некој нешто проси или продава или бара некакви пари за ова за она ... аман ... нема дерман од такви ...
- На вратата стои Попишувач кој наоружан со едно картонче (легитимација) закачено на кошулата / блузата ... љубезно вели добар ден ние сме од Државниот завод за статистика и вршжиме попис на Земјоделие ... имате ли да пријавите земјоделско земјиште ... добиток ... Крави ... Овци ... Кози ... Трактори и незнам што ...
- Ти само што си се пробудил не веруваш дека некој во строгиот центар на градот бара земјоделско земјиште ... добиток ... овци ... и ти пука филмот и му велиш ... аман бе кај има земјоделец цо центар на Скоје ?! ... Сепак на крај на сите прашања му велиш не ... не ... не ...
- За на крај кога попишувчот ке ти побара личлна карта ... за да го запише матилниот број ...
- Ти пука филмот и му велиш ... кој си бе ти да ти дадам матичен број ... и му залупуваш врата пред нос ... Исплашен од многуте злоупотреби кои се прават со матичните броеви ... во сферата на кредитните картики и незнам каде ... си велиш додека ја затвараш вратава ... абе кој им даде право на овие шутраци да ми бараат матичен број ... па не се они Полицајци ...
- Попишувачот тажно оди на друга врата ... џабе го изгубил времето неможе да ги наплати 15-те денари по попишан граѓанин ако не го запише матичниот број ... џабе трудот ... и тој видно изнервиран оди до другата врата ...
- Popis ...
** Galimatijas ... confusion ... nonsense ... Галиматијас ... (лат. Gallus Mathiae, фр. galimatias) ... збрка од зборови, нејасенотии, зборови без смисла ... збрка ... zbrka ... zabuna ... забуна ... нејаснотија ...
No comments:
Post a Comment