Во услови кога на една страна се канат странските инвеститори да инвестираат во Македонија заради намалување на Персоналниот данок од добивка ... наеднаш Владата размислува под притисок на Светската банка да го зголеми ДДВ-то од 19 на 22 проценти а да го укине придонесот за здравство од 9,2 отсто од бруто-платата ...
Вака сметаат Владата и Светската банка - теретот на финасирањето на здравството порамномерно ке се распредели на сите граѓани ... Хм ... хммммм ... Се работи за нешто друго веројатно - што јавно не се признава ... Финансирањето на здравството е во страшен пад бидејки секојдневно се намалува бројот на фирмите и компаниите кои плаќаат доприноси ... а има и такви кои плаќаат доприноси на минимални износи ... Сево ова допринесува здравството да има пари едвај само за плати за Лекарите и останатото особје од здравството ... а пари за лечење (основната дејност ...) нема или трипати се намалени од минатите години ...
Воколку ова го спроведе Владата на Груевски дефинитивно ке го урне имиџот на Влада која вети дека ке ги намали даноците ... Јасно ми е зошто за ова се залага Светската банка ... нема да ми биде јасно ако ова го прифати Владата која веднаш ке истрпи критики дека не ги остварува своите ветувања во однос на даночната политика на перманентно намалување на даноци од една страна и прибирање на даноците од друга страна ... На крај се се сведува сметките да ги платат сите, во кои најголем број се најсиромашните ...
- ДДВ од 22 отсто ќе го лечи здравството? … ПРЕДЛОГ ОД МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ …
- Оваа идеја одамна ја дал министерот Трајко Славески, а странските експерти ја разработиле како предлог-мерка за подобрување на финансирањето во здравството …
- Меѓународни финансиски институции ќе и' предложат на Владата да го укине придонесот за здравство од 9,2 отсто од бруто-платата, а на сметка на тоа да го зголеми данокот на додадена вредност од 19 на 22 отсто …
- Идејата е инспирирана од британскиот модел, според кој здравството се финансира од даноците, а не од посебни придонеси - објаснија во Министерството за финансии, но не кажуваат од каде би се финансирало здравството ако се укине придонесот.
- … предлогот на меѓународните финансиски институции е работодавците да се ослободат од плаќање здравствен придонес, а товарот за јавните здравствени трошоци да им се распредели на сите граѓани.
- Очекувањата се дека ударот од зголемениот ДДВ ќе се ублажи со зголемување на платите на вработените, за делот од придонесот што би се укинал.
- Овој модел се применува во повеќе развиени земји каде што здравството добива соодветен дел од буџетските приходи со кои треба да ги покрие трошоците.
- Реформите во здравството ќе бидат тема и на претстојните преговори помеѓу Владата и Светската банка, кои почнуваат в понеделник.
Ова било модел на високо развиените земји ... смета ли некој дека сме ние високо развиена земја ...
- DDV ... Zdravstvo ... Danoci ...
На темата пишував и во постовите:
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ...
- ООЗТ - тизација на Клинички ...
- МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија ...
- Операција во гаќи ...
No comments:
Post a Comment