Search This Blog

Tuesday, June 19, 2007

ОТВОРИ ГО ПЕНЏЕРЧЕТО & Microsoft

Ако веќе нема направено промотивен спот/кампања со лајтмотивот на оваа песна “..Отвори го пенџерчето..“ ... тогаш преку овој пост им сигнализирам на Microsoft Македонија ... дека песната е идеален лајтмотив за промовирање на Микрософт во Македонија ...

Додуша оригиналниот наслов на песната е

Три години болен лежав

Три години болен лежав
аман, аман, аман
за твоите црни очи. [х2]

Отвори го пенџерчето
аман, аман, аман
да ти речам до два збора [х2]
и пак затвори го.

Очите ми, очите ти
аман, аман, аман
тие ми се стројниците. [х2]

Милувај ме, бакнувај ме
аман, аман, аман
тие се велат прикаски. [х2]

Ај повтори избаци ме
аман, аман, аман
да не легнам и да умрам. [х2]

Прикаската за сценарио на спотот би можела да биде ваква ... Демек некој компјутерски корисник три години болел лежел трудејки се лесно да го користи компјутерот со помош на други Оперативни системи ... програмски јазици и отворени кодови ... Но кога случајно на друг компјутер го пробал Виндовските ... му се просветлило и се му станало многу лесно ... Отогаш навака само Виндовсите му служат за неговите потреби и се му оди како во песната ... лесно ...

Песната чинам дека е народна ... Ја изведуваа Чалгиите ... а и Мирко Митревски имаше преработка со групата “Нулта позитив“ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter