Конечно падна Атила Сендреи ... човекот кој преку најмонополската компанија во Македонија, послените неклку години по вторпат ни ја одра кожата ... па и душата ... Првпат со наши пари - со здружување на наши приватни средства го градевме МТ ... и вторпат кога моравме набрзина да ја вратиме инвестицијата на Дојче Телеком - преку монополско високите цени за телефонија и интернет (дерењето сеуште трае ...)
Колку пати само родителите си ги искараа и истепаа децата кои правеа високи телефонски сметки ... колку бракови се растуриа по раправите за високите сметки за телефонски услуги ... Колку поплаки од граѓани за лошата услуга и крадењето на МТ - поплаки кои никој не ги слушаше и рецкаше ... Колку само кредити како држава земавме а како граѓани отплативме за МТ ... Еден ден ке ги приберам и тие податоци ...
За падот на Атила Сендреи можеби највеќе ке се израдуваат дечките и девојките од блогот р-Еволуција ... кои во познатите случување со АДСЛ-от го напаѓаа Сендреи ... неретко го вреѓаа ... како тој да ни е крив за нашата мака и невоља ...
Не не ни е крив Атила за ова ... криви ни се творците на фамозниот таен договор за купопродажба на Телекомот ... (кој беше глупакот што ги продаде водовите од пошта до нашите домови - со што уствари живее монополот и ке живее уште бајаги време) ... кои ова го најавија како “најголема“ Странска инвестиција во Македонија ... Парите не се осетија како нова инвестиција .... нов старт на МК стопанство како што велеа творците на овој договор ... Голем дел од парите отидоа во приватни џепови ... ги изеде воениот виор од фингираната војна во 2001 ... со кој на МТ му се даде долгогодишна монополска позиција во телефонијата и интернетот ... Инвестицијата која ја направи Дојче телеком преку маѓарскиот Матав (не е “мутав“ Матав е ...), досега е вратена и преплатена ...
Зарем нема некој во државата кој ке се осуди да ги гони творците и инспираторите на овој факинг договор ... каков што е и договорот за продажба на Рафинерија на Грците ... како и многу други бисери на македонската приватизација ... каде се омрси македонската олигархија ... која сега газдува со Македонија ...
- Atila Sendrei ...
No comments:
Post a Comment