Македонија важи за земја со најниско ниво на користење интернет во регионот. Една од причините за ваквата состојба е слабата конкуренција. Кога ќе имаме поевтин и подостапен интернет?
- Пристапноста до интернет е клучен фактор за градење информатичко општество.
- Добро е што оваа влада конечно успеа да го реши проблемот со цените за интерконекциското поврзување со Македонски телекомуникации, со што ќе се стимулираат повеќе интернет-провајдери ‘а нудат интернет-услуги. - Привлекувањето нови провајдери е возможно само со конкуренција, што, пак, ќе резултира со паѓање на цената за услугите.
- Очекуваме резултатите за оваа година да покажат драстично зголемување на интернет-пенетрацијата во Македонија.
- Во поглед на либерализацијата на овој пазар оди и скорешното издавање на вајмлес-лиценците, две национални и 18 регионални.
За да го држам за збор министерот еве званични бројки за број на корисници на интернет на крајот на 2006-та (период 01.07.-31.12.2006) ... АЕК бројки ...
1. Вкупен број на крајни корисници на Интернет 215126 приватни + 58630 деловни
- преку dial-up комутирани линии 103076 приватни + 26466 деловни
- преку изнајмени линии 60 приватни + 182 деловни
- преку dial-up со бежичен пристап 309 приватни + 49 деловни
- преку мобилни комуникациски мрежи 106555 приватни + 31293 деловни
2. Број на врски со широк опсег (broad.со 256 Kb/s и пов.) 30816
- жичани 21658
- бежични 9117
- Internet ... internet penetracija ... интернет пенетрација ...
No comments:
Post a Comment