Search This Blog

Sunday, June 03, 2007

ОСМЕВКА НА ЛИЦЕТО

Бобо Дајнерс пред некој ден го частеше своето друштво со пица која ја нарача преку интернет ... Само три одсто Македонци имаат бродбенд Интернет (којзнае дали е бројот и толакав ...) ... а уште помалку, не повеќе од еден процент имаат кредитни картички - со кои можат да си дозволат да си купат пица преку интернет ... Се организираат се почесто некои нови “Слави-Славја“ (секако за одбрано друштво ...) во Македонија ... Ексклузивни концерти да речеме ... Новогодишни балови ... и сл ...

Останатите ке јадат од ефтините зелени производи кои се деновиве на располагање на Македонската трпеза ... А голем дел ке тарашка по контејнерите и ке просат за парче лепче ...

Македонија стана држава по мерка на 3 % од Македонците ... Сите останати се маргинализирани од ова малцинство кое преку својата олигархиска моќ - газдува со Македонија, преку двете најголеми партии во Македонија ... Да се разбереме немам ништо против оние кои се богатат на легален начин ... но нашава приватизација и Олигархијата смрдат од далеку - и со затворен нос смрдат бе ... Оние младите и паметните пакуваат куферите и одат таму каде за платата што ке ја заработат ке можат да егзистираат ... ние постарите ги тискаме заштедите и ги арчиме за да платиме комуналиите ... Болните и бедните се осудени на она, што ке им даде господ ... државата за нив нема ни пари ни фондови - ниту пак ги есапи ... Толку од нашата уставна декларираност дека сме Држава на рамноправни граѓани ... умре тоа ... Сетете се само на луѓето во шатори пред Парламентот - кој ги есапи нив ?!

Доказ за ова ... Завртете се околу себе ... видете како ви живеат комшиите и роднините ... пријателите ... Од друга страна видите што се вози по улиците (оние кои возат де ...) Нема веќе по Скопје ниту Застава, ниту Лада - дури и паркираните кршеви се кренати во многуте акции за одстранување на напуштените возла ... Се‘ само бесни коли - кои неретко се возат само газдите да бидат видени ... и така да го покажат новопечениот статус на останатите “маргиналци“ ... кои сега само веднат глави ... кутат и трајат ... мирни се де ...

- 350.000 Македонци без работа ...
- Стечајци незнам колку не помалку од 15.000 ...
- Луѓе кои одат на работа а не примаат плата сигурно третина од вработените ...
- Луѓе кои примаат плата а со платата неможат да го истераат месецот ... тераат само до десети ... сигурно 70 проценти од вработените ...
- Луѓе кои заради малите плати “се снаоѓаат“ - се залажуваат со ситно мито ... го “надополнуваат буџетот“ ... бидејки без тој додаток не би го поминале месецот со својата плата ... вакви се сигурно десетина проценти во државната администрација ...
- Вакви случаи има и кај Полицајци, Цариници, Лекари, Судии, Високи службеници, Наставници ... дури и Универзитетски Професори ... кои се лажат со мито ... Размислил ли некој зошто ?! - зошто, оваа некогашна средна класа (во истребување ...) се изложува на ризик да биде осудена од државата и жигосана од околината ...
- Одговорно тврдам дека ако луѓето примаат плата со која можат да си обезбедат егзистенција ... веднаш 98 процентно ке се намали митото и корупцијата ... Кој е глуп за 10 евра да изгуби добро платено работно место ... оди во затвор ... и да го изгуби образот ...

Оние кои ме разбра, ме разбраа а оние кои не ме разбраа ... е ако де има и такви ... кои тешко сваќаат ... или ја бутаат галвата во песок ... Навистина колку долго може Македонецот да издржи и зошто ... е за посебна анализа на психолози и незнам кои други струки ...

Од друга страна имаме процес на екстремно зголемување на казните ... рандам се казнува кој ке биде дофатен од законот ... а кој ке биеде дофатен ке биде и изгорен ... затворите Македонски се преполни - не со криминалци (мада има и такви ...) преполни се со оние кои неможат да ги платат казните па ги лежат како замена затвор за парична казна ... Бидејки виде државата дека ако продолжи вака ке треба да го утостучи просторот за затвори во Македонија ... набрзина го смени законот и сега веќе не е дознволено да се смени парична казна за затвор ... ке се оди на конфискација ... фалименто ... (постарите знаат што е “фалименто“ а помладите, нека прашаат постарите или нека прогуглаат ...)

Државата оштро удри по народот ... а народот или ова сеуште не го сфтил или незнам што треба да се случи - па да врати на свој начин ... со масовна непослушност или со нешто поголемо ... Дали некој намерно ни ја турка Државата во ваков процес на неминовен судир на државата и народот ... каде осмевка на лицата има само на три проценти од Македонците ...

- osmevka na liceto ... osmeh ... osmeh na licu ... smailing on the face ... Smile ... Lächeln ... Sonrisa ... Sourire ... Riso (ridere) ... Śmiech ... Улыбка ... Leende ... Tebessüm ... חיוך


No comments:

Blog Archive

Site Meter