Ке видиме ли конечно крупна риба во корупциската мрежа на Груевски ... мрежата која до сега фаќаше ситни рибчиња од 5 до 200 евра ... Како и што вети, тој е на пат да ја ангажира Госпоѓа Моника Маковеј, поранешната министерка за правда на Романија - која се прослави со успешната борба со корупцијата и организираниот криминал во својата држава ... изнесе пред суд неколку министри, судии и други корумпирани лица ... направи нов систем на доделување на предмети кај судиите по случаен избор ...
- Моника Маковеј, поранешната министерка за правда на Романија, дефинитивно ќе почне со работа во Македонската Влада на 1 јули.
- … советникот на премиерот Груевски за борба против организираниот криминал и корупцијата ќе биде промовирана на 6 јули.
- … ангажирањето одеше преку меѓународен конкурс објавен од британската Влада, која и ја финансира, во меѓувреме ќе добие и личен асистент за чиј ангажман е објавен идентичен конкурс.
- Засега е договорено Маковеј да живее и работи во Македонија две години, со канцеларија во Владата, и пред се да извршува советодавна функција.
- Ќе го советува Премиерот во борбата против организираниот криминал, антикорупциските мерки и натамошните реформи што треба да се спроведат во обвинителството и судството, а тесно ќе се соработува и со министрите за правда и внатрешни работи.
- Маковеј во моментов доаѓа од редовите на бриселската администрација.
** Monica Luisa Macovei (/mo'ni.ka lu'i.za OR lu'i.sa ma.ko'vei/), born 4 February 1959, was the Minister of Justice of Romania in the cabinet of Prime Minister Călin Popescu-Tăriceanu. She was widely credited with implementing justice reforms that allowed Romania to enter the European Union (EU) on January 1, 2007. Macovei's efforts against high-level corruption also earned her many political enemies in Romania, which ranks as the most corrupt country in the EU according to the Transparency International Corruption Perception Index.
Prime Minister Popescu-Tăriceanu dismissed Macovei on April 2, 2007, when he reshuffled his cabinet primarily to exclude the Democratic Party (PD) of President Traian Băsescu, with whom he remained engaged in a prolonged and heated public feud.
Импресивен напис на Википедија - од кој секој ке дознае каков е патот на Макавеј ... За мене поинтересна информација е дека се изјаснува како непартиска личност ... Можеи е тоа вистинскиот клуч на успехот ... во борба против организираниот криминал и корупција ...
- Судии ја крадат државата ...
- Романија подготвува рецепт за борба против корупцијата ... „За прв пат во историјата на оваа земја, никој не е над законот“. ... 47-годишната Маковеј поранешна обвинителка која стана борец за човекови права, се соочи со силен отпор од судскиот естаблишмент со силни врски од комунистичкото минато. Сепак, таа успеа да го реформира тоа судство, користејќи „лекови“ како транспарентност, одговорност и конкуренција за врвните позиции. Нејзини најефикасни техники се: јавни и детални пријави за имотот и формирање на Антикорупциска комисија (ДНА).
- Маковеј доаѓа? ...
Моника Маковеј е 48-годишна правничка од Букурешт. Во периодот 1983-1997 работи како обвинител. Од 1997 година до 2004 е адвокат, а од крајот на 2004 е назначена за министер за правда во владата на Попеску. Таа не припаѓа на ниту една партија во Романија ...
No comments:
Post a Comment