Во многу прилики имам слушнато кога естрадата т.е. естрадните уметници, композитори и нивни менаџери малтене плачат како нивните права никој не ги штити ... како се пиратирани ... крадени ... уште солзи не проронуваат ... Кога ги слушам нивните жалопојки како се пиратирани - си велам зошто водителот не ги праша а Вие кога ја компонирате вашата музика пиратирате ли ... крадете ли семплови и туѓи идеи ... а компјутерот Ваш со легален софтвер ли е ...
Од друга страна естрадните уметници и фелата околу нив врти големи суми на пари од хонорари од концерти и таканаречени тезги, па настапи во странство - кои приходи не ги пријавуваат во УЈП, за да ги оданочат ... Пријавува ли данок оној кој добива пари да направи песна за некој пејач ... се зборува за хонорар/тезга кој не се движи помалку од 500 до 1000 евра па и нагоре ...
Погрешно да не ме сфатите не реков зошто вртат толку големи пари и треба да вртат ... нивниот неоспорен талент треба да биде платен и соодветно награден ... Но брате данок не пријавуваат ... !!!??
Управата за јавни приходи (УЈП) за првпат оваа година наговести дека ги следи сите настапи на естрадните уметници и има отворено посебен картон за секој естраден уметник ... имено за секој естраден уметник за кој преку весниците се најавува концерт или настап - тезга де .... даночниците веднаш удираат рецка во картонот и покасно споредуваат пријавили или не пријавил данок ...
Денешен Вечер не почестува со напис во кој открива кој колку пријавил персонален данок а за колку УЈП смета дека не пријавил ... Па да видиме:
- Звучни имиња од македонската естрада наскоро ќе пропеат пред Управата за јавни приходи. Ќе мора да објаснат зошто на хонорарите, кои ни најмалку не се за занемарување, на државата не и плаќаат персонален данок, или пак со цел од спечалениот колач по тезги и концерти да им остане повеќе, износот кој го пријавиле на име на ланската добивка е помал од реалниот.
- Според податоците на Управата за јавни приходи, воопшто не ги пријавиле своите приходи, односно не поднеле годишна даночна пријава.
* шоуменот Игор Џамбазов за кој УЈП утврдила дека лани остварил приход од 1.247.751,00 денари, - 20.100 Е или 1.680 Е месечно ...
* Илија Псалтиров - 921.395,00 денари, - 14.860 / 1240 Е месечно ...
* Есма Реџепова-620.958,00 денари, - 10.000 / 830 Е месечно ...
* Дамир Имери - 614.406,00 денари, - 9.900 / 830 Е месечно ...
* Владимир Јаневски - 462.106,00, - 7.500 / 620 Е месечно ...
* Ристо Самарџиев за кого Управата за јавни приходи констатирала дека лани остварил приход од 444.272,00 денари – 7.200 / 600 Е месечно ...
* Елена Ристеска која остварила приход од 436.524,00 ден. – 7.000 / 590 Е месечно ...
- На овој список на Управата за јавни приходи за неподнесени годишни даночни пријави за персонален данок на доход се наоѓаат:
* Арбен Шакири за кого е утврдено дека остварил приход од 395.859,00 денари, потоа
* фолк-ѕвездата Сузана Спасовска која спечалила 367.112,00 денари,
* Виолета Томовска со износ од 362.644,00 денари,
* Весна Малинова со спечалените 355.516,00 денари,
- На листата на оние што ни денар не пријавиле од хонорарите, а со тоа избегнале плаќање на персоналец, се наоѓаат и
* Андријана Јаневска, за која УЈП утврдила дека лани остварила приход од 253.673,00 денари,
* Биба Додева - 223.555,00 денари,
* Никола Перевски - 188.654,00 денари и
* Ребека Јанковска - 137.150,00 денари.
- За Џамбазов, Псалтиров, Спасовска, Томовска, Јаневска и Ребека Јанковска од УЈП имаат забелешка за неточни извештаи од Авторската агенција за персонален данок од доход.
- Од Управата за јавни приходи потврдуваат дека овој список не е конечен. Се работи на утврдување на финансиската состојба на речиси сите пејачи и естрадни уметници, каде се вртат и најголемите пари!
* Композиторот Григор Копров има поднесено годишна даночна пријава со тоа што пријавил приход помал од она што го утврдила УЈП. Па така Копров пријавил 4.299.503,00 денари, додека даночниците утврдиле дека неговиот лански приход изнесувал 5.406.532,00 денари, односно дека не пријавил приход од 1.107.029,00 денари.
* Нецелосно пријавен приход е констатиран и кај Дарио Панковски, кој пријавил 813.042.00 денари, а утврден му е приход за лани од 1.174.596,00 денари или непријавен приход од 361.554,00 денари.
- На списокот на нецелосно пријавени приходи се наоѓаат и
* Драган Даутовски, кој пријавил 695.138,00 денари, а утврден му е приходот од 923.354,00 денари, но УЈП уште еднаш ќе ја проверува неговата заработувачка.
* За пијанистот Симон Трпчески се утврдени приходи од 1.136.893,00 денари, а тој пријавил во годишна даночна пријава 686.118,00 денари. И кај него УЈП има забелешка на неточниот извештај на Авторската агенција.
Некој во УЈП решил ревносно да бележи се ...
No comments:
Post a Comment