Владата во своите поголеми проекти за обнова на симболите на Старо Скопје - ги стави реизградбата на стариот театар ... Изградбата на Градска куќа на местото на некогашниот Официрски дом ... Археолошко истражување на Кале - со обнова на зидините ... Изградба на музеј на ВМРО ... Изгадба на спомен куќа на Мајка Тереза ... Изградба на зграда на Филхармонијата ...
Калето веќе се ископува ... Почна изградбата и на стариот театар ... Беше распишан конкурс за Градската куќа - но немаше одбран проект ... Е за Музејот на ВМРО незнам до каде е работата ... како и за куќата на Мајка Тереза ...
Министерството за Култура (стручната комисија) се одлучи да ја гради Градската куќа според проектот на архитектот Коста Мангаровски - Објектот на Градската куќа ќе претставува реплика на некогашниот Офицерски дом ...
- Авторот Мангаровски ќе треба да го доработи трудот, односно сите негови компоненти да ги усогласи со бараните критериуми од конкурсот. Комисијата оцени дека постојниот труд ги задоволува барањата за надворешниот изглед на објектот, а измени ќе треба да се направат во однос на внатрешноста, односно функционалноста на зградата.
- Пред повеќе од триесетина дена на презентацијата на сите идејни проекти за Градската куќа, стручната комисија посочи дека трудот на Мангаровски бил најблиску до одговорот на барањето за ревитализација на духот на местото, што било едно од најсилните барања во конкурсната програма.
- Градската куќа ќе се гради на местото на некогашниот Офицерски дом. Во неа ќе биде сместен кабинетот на градоначалникот, дел од градската администрација, матичната служба, а ќе има и сали за презентации, за изложби ...
- Финансиер на проектот е Министерството за култура.
- Gradska kuća ... Oficirski dom ...
No comments:
Post a Comment