Во Македонија деновиве се случува своевиден археолошки бум на нови истражувања ... Ако вака продолжи Паско ке мора да увезе Археолози од соседните земји ...
- Ископување на Кале - Скопје ...
- Ископувања на Плаошник ...
- Ископување во Таор ...
- Ископувања на Цареви кули - Струмица ...
- Наколна населба Охрид ...
- Подводни населба во охридско езеро ...
- Стоби ...
- Вардарски рид ...
- Брзо ке започнат и истражувања во Скупи ...
- Маркови кули – Скопје ...
Ископувањата на Скопско Кале и Плаошник се фундаментални археиолошки проекти ... невидени по својата големина и финасиска конструкција (за МК услови де...). Останатите истражувања се само делумни помали ископувања ...
** Почетокот на континуираното живеење во Струмица и во непосредната околина според археолошките истражувања, датира од VI милениум пр. н. е. (неолитска населба "Страната" кај с.Ангелци), а во непосредната близина на Струмица, поточно на Цареви Кули, е констатирана праисториска култура која егзистирала од времето на доцниот енеолит до раната бронза (почеток на IV- до сред на III милениум пр. н. е.).
** - Сведоштво за немирните времиња во среден век во Струмица представуваат дебелите бедеми и тврдини над градот, наречени Цареви Кули. Оваа тврдина се наоѓа на јужната страна на градот, на зарамнето плато на врвот од ридот, кој мошне стрмно се издига над градот. Ова плато се наоѓа на надморска височина од 445 метри и од таму е можна прегледност и контрола над целата струмичка котлина. Платото можело полесно да се брани и кога не би било утврдено, затоа што со стрмнина е обиколено од сите страни. Ваквата местоположба на тврдината и овозможува едновремено да ги контролира трите влеза во градот.
- По самите рабови на платото се наоѓаат остатоци од одбрамбен ѕид, од кои западниот, во должина од четириесетина метри, и денес е добро видлив. Овој одбрамбен ѕид тече околу платото и ја следи конфигурацијата на теренот по речиси иста изохипса. Покрај овој бедем на врвот на ридот, постојат уште неколку бедеми кои се протегаат на северната страна во неколку појаси. Овие појаси најверојатно допираат до самиот град Струмица. Главниот влез се наоѓал на јужната страна. Влезот бил фланкиран со две правоаголни кули, од кои југозападната и денес е сочувана, иако во нарушена состојба. Што се однесува до југоисточната кула, таа се издигала се до земјотресот кој ги погодил овие краишта во триесетите години на дваесетиот век. Влезот на јужната страна бил организиран со мост, кој веројатно бил подвижен во некои периоди и кој го премостувал вештачки направениот длабок дол поврзувајќи го со гребенот јужно од влезот. Можеме, исто така, да претпоставиме дека вакви кули имало и на северозападната и североисточната страна, зашто целата тврдина има форма на четвороаголник.
- Во внатрешноста на тврдината се наоѓаат добро сочувани остатоци од повеќекатна полигонална кула, која представувала некој вид команден центар од кој се раководело со одбраната, таканаречен - донжон. Таа, и ден денес, добро е сочувана и се протега во правец север-југ. Однадвор има форма на неправилен издолжен шестоаголник со два остри агла свртени кон север и југ. Внатрешноста на кулата е четвороаголно организирана и имала два или повеќе ката. Педесетина метри северно од кулата се наоѓа издлабена во земјата четвороаголна просторија - цистерна. За оваа просторија се претпоставува дека била цистерна за вода или складиште за храна; жито, вино итн.
- На западната и источната страна се наоѓа зарамнето плато на кое се констатирани стопански и стамбени објекти на посадата на тврдината.
** Струмичката област е населена уште во 5 милениум п.н.е. Во месноста Ангелци и пошироката околина на Струмица цветала богата неолитска култура , благодарејќи на поволните географско- климатски карактеристики кои овозможиле развој на земјоделско-сточарски заедници. Овие заедници во своите религиски и духовни вредности го почитувале култот кон божицата - мајка, а исто се однесува и на следниот енеолитски период кога метлите односно бакарот, стапуваат на историска сцена. Овој период за разлика од претходниот е турбулентен и затоа културите од полето се преселуваат на повисоки тешко пристпни ридови, како што е ридот Цареви Кули , каде се пронајдени остатоци од енеолитска култура.
- Градот е познат по тврдината Цареви Кули. Тврдината била издигната на еден рид југозападно од Струмица. Интересно, најстарите откритија говорат за живот во оваа област уште пред Римската Империја. Цитаделата е опкружена со варовнички ѕид, издигнат во доцната антика. Акрополисот е разделен од дополнителен внатрешен ѕид. Влезната врата е обележана со две кули од шести век, кои покасно биле реновирани за време на владеењето на императорот Тибериј. Византиски монети кои датираат од дванаесетти и тринаесетти век биле пронајдени во тврдината.
- Тивериопол бил важен религиозен центар источно од реката Вардар, бидејќи бил Епископски центар. Бројни цркви посветени на месните маченици биле срушени, како што била онаа посветена на 15-те месни (тивериополски) маченици во близина на тврдината. Над гробовите на мачениците била изградена базилика во времето на императорот Јустинијан I, од која останал само еден дел. Базиликата е мораториум, изграден врз телата на маченици, што е најстариот начин за градење на христијански храм.
- Тврдината претставува споменик по повод падот на средновековната Македонска држава на Цар Самоил во 1018 година.
** На познатиот локалитет Цареви кули над Струмица, минатото лето струмичките археолози открија археолошка ризница со доста растеглива старост - од праисториско време до средниот век. Според мислењето на некои археолози, тоа би можеле да бидат остатоци од античкиот град Астрајон, кој во писмените документи за прв пат се споменува во 183 година пред нашата ера и е претходник на ранохристијанскиот Тивериопол и на денешната Струмица. Но, ваквите претпоставки допрва треба да бидат потврдени, кога ќе биде заокружен поголем дел од истражувањата. Археолошките ископувања во стариот дел на градот, пак, каде што под темелите на културно-верскиот споменик од турско време Орта џамија беше откриена средновековна базилика од непроценливо значење, недвосмислено потврдуваат дека овој локалитет пред повеќе од два милениума бил култно место, а ваквата традиција продолжила и подоцна.
Tука се откриени 6 фрагментарно мегарски чаши од хомеровски тип, мошне ретки на овие простори, потекнуваат од III или од II век пред нашата ера. На овој археолошки локалитет се откопани и антички монети од времето на последниот македонски цар Персеј, како и фрагменти од сред. фрескоживопис од 12 и 13 век.
** Реконструкција на Цареви кули
- Програма за соседство помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија – 2004 Гранд шема за заштита на природата, валоризација на културнити наследство и соработка помеѓу јавните инститиции на регионално / локално ниво
- Наслов: Оживување на славниот Национален Културен и историски патоказ “Цареви Кули”, преку институционална соработка на локално ниво во областа Петрич, Бугарија и Струмица, Македонија.
- Партнер: Општина Петрич
- Цел: Реконструкција на Тврдината Цареви кули, која се наоѓа на ридот над Струмица. Тврдината била во употреба уште во I век п.н.е. па се до турскиот период кога била напуштена, инаку континуитетот на населувањето на овој доминантен рид потекнува уште од третиот милениум пред нашата ера, кога на овие простори цветала богата енеолитска култура. Зајакнување на Соработката со општина Петрич, размена на културно историски информации, меѓусебно запознавања со историско културните наследства.
- Главни активности:
I -фаза инфраструктура
II- фаза истражување
III- фаза конзервација
IV- фаза реконструкција
V - фаза - презентација и одржување на две работилници во сферата на културата
- Буџет: 357254,00 €
На царевите кули во Струмица последен пат бев како војник пред некои 30 години ... копав ров ... вежба батка ... Сега копаат археолози ... значи ништо ново во Струмица - на Царевите кули ... Можам да кажам дека кога јас го копав мојот ров беше пеколно време ... еден бадем успеа малку да ме заштити ... Трагедија беше што на крај моравме да го затрпаме ровот ...
Горната фотка е проекција како би сакала Струмица сега да изгледаат Царевите кули ... Тенденција е во светот сите кули во градовите кои скоро секојпат се во близината на центарот на градот - да добиваат реизграден лик ... и така да представуваат симболи на градот ...
- Carevi Kuli Strumica ...
2 comments:
Македонска држава на Цар Самоил во 1018 година.
LOL
taka treba!: )
Post a Comment