Во Стоби (Велес) ... Хераклеја (Битола) ... Лихнидос (Охрид) ... и Скупи (Скопје) - се наоѓаат четирите најголеми театри од Античкиот период во Македонија. Сите се навистина импозантни градби. Важноста на културата и театарот во антиката бил голем штом скоро најмономенталните градби биле театрите - кои пред се служеле за забава. Веројатно имало по античките театри и политички говори ... за што вообичаено служеле форуми ... каков што е и форумот во Стоби ... и тој импазантно голем - како и се во Стоби ...
Човек кога ке го посети Стоби се фасцинира од импозантноста на големината на градбите ... од мајсторската рака на градителите ... Од важните луѓе кои тука некојпат живееле ... Од стилот на градбите од многуте огромни куќи плоштади и базилики ... од прекрасните столбови ... од движните наоди ... преубавите скулптури кои се некаде по музеите ... Импозантно е колку луѓето од тоа време ги почитувале правилата на хигиена и култот на бањањето ... Скоро секоја од поголемите профани градби е се преубава и огромна бања ... во форма на внатрешен голем базен ... во кој сигурно уживала богатата клика од тоа време ... Во 7 од десетте поголеми палати - една петина од внатрешнит дел е огомен базен/бања ... Знаеле луѓето да уживаат во животот и во удобностите на топлата вода и меѓусебното дружење во вода ... за бањање само волкави базени сигурно не биле потребни ... Импозантни се секако и мозаиците на стоби ... нешто што мора да го видите за да го доживеете ...
За да го доживеете вистински театарот на Стоби - вистинска прилика беше концертот на Синтезис ... наша етно група која негува музика која одлично се восприема на вакви отворени простори ...
Концертот на Синтезис го најави Арвена ... со својот пост Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби ... во кое таа даде свој осврт за значењето на Стоби ...
Во постов највеќе ке се задржам на театарот во Стоби ... Еве што другите пишале за театарот во Стоби ... и дале многу корисни информации и линкови околу Стоби ...
** - Театарот бил изграден во 2 или 3 век. Сличен е на постарите грчки тетри и е еден од поголемите и порепрезентативните објекти во Стоби, од римскиот период.
- Гледалиштето, оркестрата и градбата на сцената се подигнати одвоено едно од друго. Градбата на сцената нема бина, туку добро изградена фасада, која била заднина на претставите во оркестрата. Гледалиштето, кое е состои од два дела, изградено е од бел мермер донесен од Плетвар. Според проценките, тетарот можел да прими 7.638 посетители. Распределбата на седиштата секако се вршела според припадноста на одделни племиња - во гледалиштето се наоѓаат запишани имињата на 5 племиња.
- Театарот во доцниот 3 век, бил претворен во арена за борба на гладијтори со диви ѕверови. Ваквата промена настаналаа во 325 г., по издавањето на царскиот декрет на Константин Велики, со кој се забранувале борбите на гладијатори со диви ѕверки. Во средината и при крајот на 2 век, парадоите служеле како буништа, над кој простор биле подоцна изградени куќи, и тоа на падината што се спушта кон исток и кај заападниот ѕид од градбата на сцената. Целиот горен дел на гледалиштето и значителен дел од долните партии биле разнеени за градежен материјал потребен за градби во доцниот 4 и во текот на 5 век, а во поледниот век од градскиот живот на Стоби. Седишта и други архитектонски елементи биле вградени во надворешниот градски бедем кај Порта Хераклеја, во внатрешниот градски бедем , во дуќаните и пиедесталите вдолж Виа Сакра, во Полукружниот плоштад, во Епископската базилика, кон Градската чешма, Централната базилика со Синагога, и во Северната базилика.
** Кон крајот на 2. почетокот на 3. век од н.е. во Стоби бил изграден Античкиот театар, што претставува еден од најголемите и најрепрезентативни објекти.
- Граден е по примерот на грчките театри, а можел да собере од 7000 8000 посетители. Седиштата во театарот биле распределени според важноста на племињата што живееле во Стоби, па така и ден денес на големите камени блокови може да се прочитаат имињата на стобските граѓани, кои биле поделени во пет поголеми племиња.
- Во 3. век театарот бил пренаменет во арена за гладијаторски борби, а околу сцената била поставена висока заштитна мрежа.
- Театарот се користел како Арена се до 325 година со примањето на христијанството, кога престанал да се користи било за борби, било за театарски претстави. Тогаш, всушност, започнува и неговото уништување со вадење на камените блокови и нивна употреба во други јавни градби. Жителите на Стоби сега христијани, почнале да го затрупуваат Театарот за да не ги потсетува на гладијаторските борби во кои тие и најмногу гинеле.
- Веднаш пред театарот христијаните ја подигнале и големата Епископска базилика, со монументален изглед, која целосно го скрила театарот од видното поле, за да може што побрзо да биде заборавен. Но, тој останал цврст и непокорен до ден денес за да сведочи за едно време на сјај и раскош.
** Театарот во Стоби е изграден во 2 или раниот 3 век и наликува на оние театри во Грција. Тој е еден од најрепрезентативните објекти настанати за време на римското владеење. Театарот го сочинувале гледалиштето, оркестрата и сцената без бина.
- Гледалиштето е составено од два дела, а изградено е од квалитетен бел мермер донесен од Плетвар во близина на Прилеп.Театарот имал вкупно 7634 седишта.Тие се распоредувале според племенската припадност на спектаторите, па така, се уште на некои од седиштата се врежани имињата на пет племиња. Театарот во ИИИ век бил претворен во арена за борби со гладијатори, но подоцна, со указот за забрана од страна на царот Константин Велики, ваквите сурови претстави биле забранети. Во ИВ-В век, овој објект ја доживеал својата трагична судбина, останувајќи неупотреблив за примарната цел што ја имал, станал извор на убав градежен материјал.
** Античкиот театар во Стоби - кој во последните неколку години се развива во одлично место за театарски престави и разни други манифестации од експерименталната театарска и музичка сцена. Кон крајот на 2. почетокот на 3. век од н.е. во Стоби бил изграден Античкиот театар, што претставува еден од најголемите и најрепрезентативни објекти. Граден е по примерот на грчките театри, а можел да собере од 7000 8000 посетители. Седиштата во театарот биле распределени според важноста на племињата што живееле во Стоби, па така и ден денес на големите камени блокови може да се прочитаат имињата на стобските граѓани, кои биле поделени во пет поголеми племиња. Во 3. век театарот бил пренаменет во арена за гладијаторски борби, а околу сцената била поставена висока заштитна мрежа. Театарот се користел како Арена се до 325 година со примањето на христијанството, кога престанал да се користи било за борби, било за театарски претстави. Тогаш, всушност, започнува и неговото уништување со вадење на камените блокови и нивна употреба во други јавни градби. Жителите на Стоби сега христијани, почнале да го затрупуваат Театарот за да не ги потсетува на гладијаторските борби во кои тие и најмногу гинеле. Веднаш пред театарот христијаните ја подигнале и големата Епископска базилика, со монументален изглед, која целосно го скрила театарот од видното поле, за да може што побрзо да биде заборавен. Но, тој останал цврст и непокорен до ден денес за да сведочи за едно време на сјај и раскош..“
Во последно време Стоби е едно од најдобрите театарски сцени на отворено ... Подолу неколку линка за разни културни манифестации одржани во неколкуте минати години:
- Спој на антиката и сегашноста ...
- Фестивал на античка драма во Стоби ...
- Започнувајќи од летото 1992 година, велешкиот театар ги организира летните театарски претстави во археолошкиот локалитет Стоби (Стоби- театар), како дел од својата редовна дејност...
- Епископско седиште во кое престојувал и императорот Теодосиј ...
- МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“ 2006 Антички театар-археолошки локалитет СТОБИ
25 ЈУЛИ - 07 АВГУСТ 2006
- Холандскиот театар „Код арт“ ја воодушеви публиката во Стоби ...
- Светот на античките Македонци ќе оживее во Стоби ...
Фронт Теџт: "Стоби код Градског, Антицко Позористе - Стоби аупрèс ду Градско, Тхéâтре антиљуе"
Публисхер: Југотурист, Београд
Реверсе Теџт: "Титов Велес - Антицки театар; Народен музеј Титов Велес"
Публисхер: Југотурист, Београд
Горните две слики го даваат изгледот на театарот во текот на првите ископувања ...
Во продолжение ке ви дадам неколку мои фотографии од театарот Стоби во функција на концертот од саботата ...
Синтезис во акција ... Навистина ова е прав простор за да се слуша музицирањето на Синтезис ... Најавија дека тука ке одржат и целовечерен концерт во текот на летото ...
Навистина немаше многу публика ... по слободна проценка околу двестотини ... но затоа повторно оние кои беа, беа привилегирани ...
Блогерската подршка на Синтезис и овојпат не изостана ... Избројав 8 блогери од групата гледачи ...
Добро имињата на блогерите не беа врежани во камените блокови на театарот Стоби ... за резервација де ... Но тука се секако вржани резервациите на видните жители на стоби кои во антиката имале резервирана позиција - согласно нивниот углрд и моќ ... Направив серијал на вакви фотки со имиња на луѓето кои имале резервации и одкако ке бидат преведени ... ке направам специјален пост за тоа ...
Кликнете да ја изгледате кратката снимка на ЈуТјуб ... за да ја осетите атмосферата барем за малку ....
Еве уште едена кратка снимка од музицирањето на Синтезис ... клик на сликата за да го видите ...
После концертот појдовме во новиот ресторант на влезот во Стоби ... каде има прекрасен продажен простор со копија на артефакти, рачни ракотворби - не само од Стоби туку и од други археолокалитети од МК ... Имаше каталози од неколку локалитети ...
Прекрасен ресторант ... вакви објекти се неоходно потребни во близина на вакви локалитети ... Мислам дека тука некаде треба да се најде место и за мал Мотел и еден продажен винарски подрум - кој би ги промовирал вината од Македонија ... Тиквеш, Неготино, Велес ... се во непосредна близина - но се и важни производители на вино во Македонија ...
Блогерите за спомен беа почестени од поубавиот (женскиот) дел на Синтезис со една фотка за спомен ...
Вероника поклони неколку книги со посвета ... што на блогерите кои не беа на промоцијата на последната збирка на песни ... што за момците и девојките на Синтезис ...
Дел од блогерите искористија шанса во друштво на Археолог и Иаторичар да го разгледаат локалитетот и да добијат информации од прва рака ... Тука дури заиграа и Твистер ... Twister (game) ...
Навистина беше пријатен дел од ова спознавање на локалитетот - кој, блогерите со доза на хумор и шалење го воспримија ...
Доказ за мономенталноста на бањите во Стоби е оваа фотка - каде можете да видите за колкава големина на бањи зборував погоре ... Оваа ја нарековме “Цветна и миризлива бања“ ... Додуше кумата беше Вероника но ние го прифативме името ... Можеби требаше да одиме до една од крстилниците .... ги има неколу - за да со малку вода го пуштиме името нив вода ...
На самиот локалитет направив повеќе од 250 фотографии ... од разни детали и гро планови ... Сите се сеќаваме на школските екскурзии на Стоби кога се воодушевувавме на мозаеиците на Стоби ... Мозаиците се навистина богадство на Стоби ...и говорат за почитувањето на естетиката и уметноста во Стоби ....
Вучјакот чувар на Стоби не пратеше “у стопа“ цело време ... Прекрасен и грандиозен пес ...
На крај веќе изгладнети отидовме до блиското Кавадарци на пица и сладолед ... во интересно уредената пицерија или ресторан Рамазоти ...
Пицата и прекрасниот сладолет убаво одеше на друштвото блогери ... се разбира со интересен муабет ... Но Сладоледот го разубави и друштвото на Дивна Пешиќ (нашата олимпијка во стрелашво...) која сеуште плени со својата природна убавина и лук ... Оние кои ја познават подобро велат за неа дека е извонреден ликовен уметник ... Се надевам дека нејзиниот дечко кој беше во нејзино друштво нема да се налути за овие искрајни коментари и комплименти ...
1 comment:
Александар концеротот на Синтезис беше навистина добар. Чим ќе одржуваат и друг концерт повторно ќе одам. :-)
Post a Comment