Search This Blog

Saturday, June 23, 2007

КЕЈ НА ВАРДАР

летние фото

Изгор лето кочан зима ... тоа е Скопје. Овој познат рефрен кој е земен како мотив и во песната на Леб и Сол - на кратко ја дава дефиницијата за климата во Скопје. Деноививе повторно можат да се дефинираат како изгор лето. Спас од оваа горештина секој ја наоѓа на свој начин. Сенка и вода е воглавном решението ...

Скопјани решението на жегата го бараат во парковите но секако и во прошетките покрај кејот на Вардар. Значението на кејот на Вардар за Скопје огромно. Секојпат покрај вода е поладно ... шумолењето на водата е пријатно за човековите уши ... Водата нема мирис но луѓето го сакаат мирисот на вегетацјата која ја има таму каде има вода ...

На кејот на Вардар Скопјани особено се сеќаваат во летните горештини ... оние кои немаат доволно пари за летовање - а по навика на старите скопјани одат на Плажа на Вардар ... Оние кои имаат потреба за трчање и џогинг кејот на Вардар им е идеално решение ... Оние кои сакаат да ролаат пак кејот на Вардар е идеален ... Оние кои се љубители на возење велосипед - омилен им е повторно кејот ... Дури и оние кои само пешачат за да се издуваат го сакааат кејот на Вардар ...

- Има нешто во ветерот што дува кога се шета по кеј, можеби само ми се чини и тоа е мојата желба за пешачење во природа. Сепак има нешто во мирисот на ветрот, шумолењето на водата, енергијата на луѓето кои поминуваат брзо или бавно, сами или не. Има нешто во ноќта што полека паѓа, во тишината на простојот сам и силен, и добар што ни дозволува да уживаме во него.
- Го сакам кејот зошто има содржина, зошто е симбол на култура, зошто е свој. Има само еден кеј во Скопје, на Вардар. Кејот на Вардар е различен, убав во секој дел на свој начин, и неубав и несреден, ама е мој, верувам во него, верувам дека ќе биде поосмислен, поразнолик, попосетен, поосветлен.
- Ми се допаѓа дури и што луѓето доаѓаат на кеј секој од свои причини, кои и да се. Се додека се тука, на кеј! Ми се допаѓа што кејот е место за дружење, за разговори, за средби, за запознавање, за спортување, за пешачење... сами довршете ја реченицата, како сакате.

- Одете на кеј! Убаво е!

Natka навистина одличен пост ... парче од твојата душа ...

На мојот пост: ГРАДСКА ПЛАЖА - некогаш и сега ... си припомнав како скојани некогаш а како сега го користеа кејот на Вардар како градска плажа ...

Gogle snimka na plazi - odbelezena (Medium).jpg

1. Центар
2. Плажата на Пајко мало - каде само се ладеле ногите ... не била вистинска плажа ... Карши неа е нели местото каде се белело платно со почеток на Камени мост па низводно ...
3. Плажата пред Еврејско мало и преубавите еврејски вили ... со плажи во дворот такаречи ...
4. Почетокот на Градска плажа пред денешна Влада на РМ ... тука е сврталиштето на најмонденските градски фаци ...
5. Главнината на Градската плажа пред Градскиот стадион ... Плажа за секого ... На тоа место и јас се капев како дете ...
6. Руска плажа ... под денешното седиште на Македонскиот Владика т.е. Господин Господин ... Плажа на кое место се собирале најбогатите скопјани ...
- Во продолжение на таа плажа била Војничката плажа ... каде се капеле официрите и војниците од касарната која е над нив ...
- До Војничката плажа се надоврзува Турската и Циганската плажа ...
- А во продолжеток на нив, продолжувала таканаречената Ѓачка плажа - или мангупска плажа ...
7. Градски Парк
8. Касарната Илинден
9. На фотката фали само уште преубавата плажа под Железничкиот мост ... Паметам убаво од железнички мост се џиткаа - ласта, скопски мангупи за да привлечат внимание на скопските цури ... Се џиткаа мангупите и од Камени мост - но често тука се менуваше коритото и имаше расекотини по главите ...

На плажата под железничкиот мост истотака се имам бањато како дете ... имав таму тетка ... а тетками имаше трои машки и едно женско дете ... Најстарото машко беше еден од мангупите што скокаа од железничкиот мост ... Ех... спомени ...

Како некогаш изгледаше кејот:
Gradska plaza pred stadion - Image0502-2325.jpg

Pred Ruska plaza karsi gradski park snimeno od povisoko prema Kale i Parkot.jpg

Одлична сторија како дојде до денешниот лик на Кејот на Скопје имаме тука ...

- Кејот на Вардар во својата денешна, модерна верзија е од средината на седумдесеттите години.

- Градењето на новиот кеј, според сеќавањата на Рафаил Влчевски, еден од неговите творци, се случувало во време кога последиците од поплавите на Скопје биле се' уште свежи и кога било јасно дека на градот му треба ефикасна заштита од Вардар, но и во време кога влијанијата на политичките моќници биле големи.

- Обединетите нации, кои и го платиле изработувањето на идејниот проект. Дотогаш Скопје имало мало и несигурно регулирано корито од нафрлани камења и земја, кое, како што покажала и историјата, воопшто не го заштитувало градот од надојдените води на Вардар.
- По долги објаснувања пред тогашната власт и стручната јавност, било одлучено да се изгради нов кеј, чија просечна плавност статистички ќе биде 10 години што, според познавачите, е голем период и сигурна заштита од поплави.
- Изградбата на кејот, кој денеска е во должина од 20 километри, од мостот во Сарај до утоката на Маркова Река во Вардар, започна во 1969 година, според проектот изработен од домашни стручњаци во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје.
- Изградбата траеше околу три години. Ширината на големото корито е променлива и се движи и до 100 метри, а малото корито е широко 45 метри, освен кај Камениот мост, каде што е 60 метри. На целиот потег се проектирани девет каскади, секоја со висинска разлика од еден метар. Пропусната моќ на коритото на Вардар е 62.900 кубни метри вода, во споредба со 1.600-те кубици што го поплавија Скопје во 1962 година“, објаснува Влчевски

Како младите футуристички го замислија кејот имате на линкот тука ...

040.jpg

The Beach copy.jpg

За односот кон овој пројект на младите - убаво зборува долниот напис ...

- Левиот брег од Вардар ќе остане запустен6/12/2007
- Левата страна на Кејот на Вардар и годинава ќе остане пуста, непроодна за пешаци, обрасната со грмушки, неосветлена и преполна со ѓубре.
- Градските власти постојано прават проекти за тоа како ќе се уредува левиот брег на Вардар, но со години ништо не е чепнато.
- Проектите на студентите од Архитектонскиот факултет се готови неколку месеци, а никој од надлежните не најавува нивна реализација.
- Лани градските власти се фалеа дека подготвуваат студија за грандиозно уредување на крајбрежјето на Вардар со изградба на базени, езера, аквапарк, зелени површини, хотели, автокампови, сообраќајни решенија. Овој проект сега го заборавија и воопшто не го споменуваат.

За односот на градските власти кон кејот има многу стории ... во кратки црти сите имаат прекрасни панови за кејот особено во предизборниот периот ... но во мандатот секојпат изговорот е нема пари ...

- Коритото на Вардар како џунгла, градот крева раце8/1/2001
- Коритото на реката Вардар, обраснато во диви треви и преполно со ѓубришта, нема да се чисти. Огромни треви, пластични шишиња, смет, мртви коњи, остатоци од покуќнина и разни кујнски апарати, и понатаму ќе останат секојдневната слика на која скопјани ќе мора да се навикнат.
- Според градските власти инвестицијата за чистење на коритото е огромна, а во моментов касата на градот е празна за ваков чекор.
- Градоначалникот Ристо Пенов кажува дека коритото се чисти секоја година, и дека секојпат состојбата се враќа на старо, затоа што "нема служби кои постојано би ја одржувале состојбата на исто ниво".
- Еден друг скопјанец пред некое време на една локална телевизија на градоначалникот Пенов му понуди еден "креативен" предлог."Доколку Пенов нема пари да го среди коритото на Вардар, нека најми 100 магариња. Тие бесплатно и без проблеми ќе ја испасат тревата, па така и тој нема да даде пари, а и скопјани ќе бидат задоволни. Доколку сака можам и јас да му ги позајмам моите магариња"

Погледнете го датумот кога е пишувано ова во далеќната 2001 година ... истото важи и сега ... Навистина инаку креативен предлог на извеснен скопјанец како да се исќистикејот од тревите и гмушките ...

Со горните фотки сегашниот градоначелник се пофали дека нашол замена за идејата за магарињата ...

- Екипите на ЈП“Улици и патишта“, во акцијата за чистење на косините на кејот на реката Вардар, во периодот од 28 март до 25 април 2007, исчистија површина од 14.900 квадратни метри.
-
На потегот од пазарот под Кале (лев брег) и стадионот (десен брег) до зградата на МТВ, паралелно, исчистена е ниската вегетација (дрва, грмушки, трева и др.).

Кејот на Вардар е постојано опседнат и од бескуќници, скитници и ромски семејства кои го претвараат во времено живеалиште ...

Напорите на пооделни општини во кои поминува кејот се различни ... Некако највеќе до сега стори општина Карпуш ... со проектите за стази за џогинг, велосипеди и стаза за ролање ...

Општина Центар најмалку стори ... Аларава направи само спортски парк во делот на кејот на Дебар Мало ... Од Центар се очекува највеќе ...

Ајродром како да е задоволен само со трим стазата и дел од пешачката стаза ... Ајродром највече вети во однос на кејот а најмалку исполни ... Вети дека ке го дислоцира Мавро од кејот ...

и дека целата должина на кејот од двете страни ке се уреди со урбана опрема ... стази ... клупи ... дрвореди ...

Кога сме кај урбаната опрема налетав на еден прекрасен есеј на таа тема ...

- три навраќања на мотивот клупа
- Повторно скопските улици, повторно јас, ама сега без велосипед, пеш, навикнувам некако, полека-полека, се губам по трговскиве центри, по долгиве булевари, по кејот на уштемалкупаќепресуши Вардар, клупите што ги изминувам се скоро искршени (некои се сосем уништени, останата е само железната конструкција), а децата што бегаат од училиште седат неправилно, што би рекле, ние, старците, а, бре, деца седнете како што доликува, а не така, само ја валкате клупата, па после нема каде да седнеме, ќе се сториме „бербат“ во панталоните, бабите ќе нè караат, а каде да одиграме партија шах?
- Повторно скопските улици, повторно јас, ама сега без велосипед, пеш, навикнувам некако, полека-полека, се губам по трговскиве центри, по долгиве булевари, по кејот на уштемалкупаќепресуши Вардар, клупите што ги изминувам се скоро искршени (некои се сосем уништени, останата е само железната конструкција), а некои дечки што избегале од школо пак вртат џоинт, знам, го чувствувам остриот провокативен мирис уште од далеку, ех бре, па сега кога ќе поминам покрај нив ќе се прават на триипол, ама јас ќе седнам на најблиската клупа до нив, ќе им правам лош филм, а ги гледам и ги меркам, фураат некаков стил, беги плус суканици, некои јамајкански амајлии на себе …
- Повторно скопските улици, повторно ние, ама сега без веспа, пеш, навикнуваме некако, полека-полека, се губиме по трговскиве центри, по долгиве булевари, по кејот на уштемалкупаќепресуши Вардар, клупите што ги изминуваме се скоро искршени, па седнуваме на горните даски од конструкцијата, оние што се за потпирање, а нозете ги ставаме на даските што преостанале, на тие што требало да се седи

- Kej na Vardar ...
- Skopje ... Shkupi ... Scupi ... Skop'e - Скопье ... Skópia - Σκόπια -Σκόπια ... Skopie ... Скопие ... Skopiye ... סקופיה ... Скопље ... Üsküp ... اسکوپیه ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter