Деновиве ме изненади еден меил од еден мој читател од Америка:
- Bi sakal da se zablagodaram ,na slikite i na seto ova sto go stavas na tvojot blog.Cisto mi ja gasne nostalgiata za
- Bi te zamolil ako mozes da mi odgovoris koga ke napises nesto za Hipodrom i za naselbata.
- Toa e edno od omilenite piknik mesto na skopjani a najpoveke za 1 maj.Blagodaram odnapred.
Навистин ми импонира - тоа дека можам со блогот да израдувам некого ... кој живеа далеку а носталгијата го кине ... Сајтметарот ми кажува дека малку повеќе од половина мои читатели не живееат во Македонија ... Испадна дека се работи за наш сограѓанин кој нема дојдено во Македонија од ‘88 година ... а го боли за Македонија ...
Еве јавно ветувам дека деновиве специјално за тој читател на мојот блог ке појдам до Хиподром и ке направам една фоторепортажа ... Се надевам дека ке му се допадне на читателот од Америка ...
Во последно време се трудам да пишувам промотивни постови за она што Македонија го има. Да, Македнија нема руди и енергија сама да преживее ... што би рекол Деди ... Додуша тоа го кажа во мојот коментар во мојот предходен пост ... Но има:
- Преубави Цркви и Манастири ...
- Иљадници Археолошки локалитети ...
- Прекрасни природни места ...
- Културно наследство – изразено преку изворните песни и мелос ... многу митски приказни ... прекрасни народни носии и обичаии ...
- Македонија е бренд само по себе за светската историја ... Има историја и присаство на цивилизација - скоро во сите периоди на хуманата цивилизирана историја ... од предисторијата ... до денес ... Дури има и “премногу“ историја ... па тоа и смеќава во односите со соседите ...
- Библиска земја ...
Сигурно испуштив нешто ... да, тука ке кажам - има најубави жени во светот ... не заради физичката убавина ... а и тука ништо не им недостасува ... туку заради духовната моќност на македонската жена ... која е столб на фамилијата ... Џабе Зафир Хаџиманов не ја пееше Земи моме Македонче - па да видиш што е рај ... Додуше он не изневери ...
Да не забоавам дека можеме на светот да му ја продадеме тајната на нашата гостопримливост и дружељубие ... топлина на душата ... На северњаците тоа одсекојпат им фалело ... Можеби е тоа поради генот ... поради сонцето ... но ние евидентно тоа го имаме а они тоа го немаат ... За возврат од нив би ја увезол нивната работна дисциплина и одговорност кон работата ...
Но да се вратам на темата ... Во последно време можеби приметтувате дека пуштам чести промотивни постови за одредени места од Македнонија - со прилог фотографии ... мои кратки коментари ... со преземање на туѓи текстови ... Би рекол едно мало сиже од она што го има на интернет ...
Сам си земав за задача во рок од неколку години да ги посетам лично сите тие прекразни места ... да изнапишам што повеќе промотивни постови за Македонските свети места и природни убавини ...
Воколку некој друг читател има ист порив, можеме тоа да го правиме со заеднички напори ... да ги врзуваме ... линкуваме постовите ... Во едно такво линкување на повеќе блогери успеавме да го промовираме Аквадуктот - нешто што Скопје го има со векови а го има препуштено на заборавот ... Кликнете на Гоогле Аквадукт Скопје и ке видите за што зборувам ...
Доколку некој има своја сторија - а нема блог слободно на мојот меил volanskopje@gmail.com нека ми пушти приказна ... или стари споомени ... фотографии можеби ... кои ке се потрудам да ги објавам во некој нареден пост ... Или сеедно ако имате некоја специјална желба да се направи напис или репортажа за некое место од Македонија ... село ... планина ... сеедно слободно кажите ... ке пробам да Ви удоволам ...
- Hipodrum ...
No comments:
Post a Comment