Search This Blog

Loading...

Wednesday, February 02, 2011

Драмендбејс продуцентот Хаде со бесплатен албум


Драмендбејс продуцентот Хаде со бесплатен албум

Македонскиот драмнедбејс диџеј и продуцент Хаде, го издаде својот деби албум "Sunday Gateway" кој од денес бесплатно може да се симне на http://www.sendspace.com/file/4p58rz , веб магазин кој ја третира македонската и светска драменбејс и дабстеп сцена.

Албумот има 8 песни, две од нив во соработка со српскиот продуцент Molecular Structures, и е најава за претстојното и-пи на артистот кое треба да се појави во април годинава за реномираната македонска етикета "Филтер".
Според Хаде, албумот иако се разликува од песна до песна и тешко би се сврстил во било кој поджарн на драмендбејс музиката, сепак е целина со приказна која ќе и се допадне на клубската публика и сите почитувачи на драмендбејс музика.

Хаде е диџеј кој неколку години е активен на домашната драмендбејс сцена, а албумот е премиерно и официјално претставување на неговата продуцентска работа. (И.И)

2 comments:

Photo Volan said...

http://www.facebook.com/molecularstructures

Photo Volan said...

http://www.youtube.com/watch?v=DrxDJo4j5bM

Blog Archive

Site Meter