Search This Blog

Friday, February 11, 2011

ТРАНЗИЦИЈАТА КАКО КОНТРОЛИРАНА КРИЗА ...

Ушта малку љубилеј ке славиме во нашата транзиција, 20 години. Долг период  во кој може да се подвлечат резултатите од транзицијата. Стоиме на сите полиња во место особено во економијата - кратка дефиниција. Да ги подсетиме помладите како сето тоа почна.

Западниот свет кој се развиваше предводен од либераната капиталистичка економија, за противник го имаше социјалистичкиот свет и земјите со социјалистичката економија предводени од СССР (Русија за помладите). За противник го имаше во повеќе области. Во економијата пред се, во блоковската воена поделеност и големата трка за наоружување, во производството и продажбата на оружје за трети пазари, па дури и во спортот, во музиката и каде се` не. Трката меѓу двата спротивставени блока долго време представуваше забрзувач на развојот на светската екоомија. Секојпат по големите световни војни постојат долги периоди на развој на еконимиите пред се. Трката за свемирот и неговото освојување е одличен пример како свемирската технологија потоа наоѓаше примена во цивилната економија и во подобрувањето на животниот стандард, како развојот на воената економија наоѓа примена во цивилната економија.

Во западниот свет доминираа системите на парламентарна демократија од повеќе типови, како на пример претседателски модел, модел со доминација на премиерот и владата, модел каде кралските фамилии одстапуваа области на Парламентот и Владата, но и социјалистички модел на демократски политички систем од нордијски тип ... Вообичаено во сите овие капиталистички системи доминантна улога играа по неколку партии од левицата и десницата, со понагласени периоди на владеење на десницата - која вешто користеше и мерки кои се типични за левите партии (истото ни се случува моментално и кај нас, моментално владее десна партија но со силни социјалистички мерки во економијата...) ... Во трката секојпат имаше неколку партии, не многу но доволно да се каже дека има демократија (владеење на народот преку избори).

Во социјалистичкиот свет доминираше комунистичката партија, која се обидуваше да владее со државата и системот со декрети и укази, плански но пред се ЦЕНТРАЛИСТИЧКИ ...

Целата оваа трка има своја предисторија и од времето пред втората светска војна - но главната трка се случуваше во периодот по втората светска војна. Се формираа заеднички структури ПАКТОВИ за полесно справување со спротивставениот систем. Така настанаа НАТО пактот, предводен од САД и веќе пропаднатиот ПАКТ на државите од социјалистичкиот блок предводен од веќе непостоечкиот СССР.

Во трката долго време поголем успех и развој имаше социјалистичкиот лагер, кој ја користеше силата на работничката класа која е творец на новиот производ. Социјалистичките држави имаа одличен образовен систем каде преку селекција на стипендијанти доаѓаа до израз ТАЛЕНТИРАНИТЕ. Така беше и во спортот. Во социјалистичките земји се развиваше и духот на патриотизмот. Луѓето од социјалистичкиот свет долго време ги жртвуваа своите лични судбини во корист на заедничките цели и добробитот на сите.

Од друга страна капиталистичките држави имаа проблем со синдикалното здружување кое беше помагано од социјалистичкиот лагер. Се бараше начин како да се придобие сопствената работничка класа да создава нов производ а да биде задоволна со платата што ја прима за својот труд. Либералните капиталистички системи по неколку светски економски кризи сепак најдоа начин како нивниот работник да биде задоволен со платата што ја прима и како да стане патриот и да си ја сака државата и системот во кој живее. Работниците во капиталистичките либерални економии почнаа да добиваат плата со која можеа да го прехранат своето семејство, да изградат дом и да имаат солиден просперитет на својата фамилија. Фамилијата стана столб на либералниот капитализам. Од платата фамилиите успеваа да живеат да имаат и за други потреби и да ги школуваат своите деца. Тоа беше најголемиот успех на либералните капиталистички системи, кој доведе народот патриотски да ја сака државата во која живее, да плаќа даноци, да учествува преку избори во политичкиот живот ...

Либералните капиталистички системи најпрвин победија во области кои изгледаа неважни за социјалистичките држави. Во музиката на пример. Сите почнаа да ја сакаат музиката која се продуцираше во либералните системи. Во Филмот истотака. Сите почнаа да сакат да гледаат филмови продуцирани од студијата во Холивуд. Тоа мудро го искористија либералните системи и почнаа ефтино да ги пласираат своите приказни ... Во модата. Жената како консумент е посебно суштество. Таа има потреба од мода и пратење на трендови. Се повеќе победуваа и во спортот. Во мангуплакот. Се продаваа приказни дека е добро да си мангуп, преку каобојските филмови и други ефтини приказни.

Единствена мртва трка меѓу двата система се водеше во наоружувањето. Во услови на атомско наоружување се виде дека е илузорно да се води понатамошна трка во наоружувањето бидејки ако дојде до нова светска војна сите ке бидат поразени од разорната моќ на атомското оружје.

Во сета оваа војна, на јавна политичка, економска, спорска и било која сцена - голема улога имаа тајните, специјалните методи на водење на војна преку тајните сили кои двата блока а нарочно САД и СССР го формираа. Настана страшна трка и специјална војна меѓу тајните воени структури на САД и СССР. Шпиунажа и контрашпиунажа. Долго време СССР водеше во таа трка. Се до оној момент кога во лабараториите на тајните светски сили не се створи идеја да се владее со светот преку КОНТРОЛИРАНИ КРИЗИ. Од кого контролирани. Од оној кој ги потикнува и крои.

Каде можеше да се створи контролирана криза? Лесно во секоја држава. Секоја власт во секоја држава има своја опозиција. Тајно се помагаат опозиционерите за да прават проблеми на владеачките структури. Доста често на помош доаѓаа и мафијашките структури и парите на мафијата. Патриотизмот и национализмот присутни во секоја држава и народ стана голема надеж за лесно правење на контролирана криза. Лесно се пумпаа пари во поединци и одредени политички структури кои се употребуваа да се створи политичка криза и преку системот на улична демократија, често и со кратки воени граѓански судири да се смени владеачката структура. Луѓето се лакоми за пари а тие/парите се главниот мотив и адут на контролираните кризни владеења.

Најмоќниот светски полицаец со светот почна да владее со методот на стварање на контролирани кризи кои ги менаџираа од тајните центри во кои дури ни нивните демократски системи немаат моќ на контрола. Тие де јуре не постојат. Но дефакто постојат. Како се пумпаат пари. Мафијашките пари ретко одат во легални текови тие се вртат во кругот на контролираните кризи. Големо пумпање на пари во вакви контролирани кризи се пумпаат од мултинационалните компании и банкарски системи, кои се чудно поврзани меѓу себе ...

Со контролирани кризи и со користење на лакомост на човекот по пари се урна социјалистичкиот блок на држави и СССР. Втора голема жртва на контролираната криза беше распадот на некогашна Југослвија, која се распадна во одлично режирана контролирана криза и кризички, која се водеше по методите на специјални војни за секоја од новите државички посебно. Се искористи таканаречениот патриотизам и национализам кој во воените кризи во распадот на ЈУ доведоа до геноцидни ситуации, од логори на смрта до трговија со човечки органи ...

На оние кои ја створија нашата контролирана криза наречена ТРАНЗИЦИЈА долго време не им беше важно кој ке управува со новиот систем, кој ке биде новиот сопственик на капиталот - важно им беше да се разори и уништи поранешната голема економија. Важно беше и сеуште е да не ни тргне, да стоиме во место. Се уништи и сеуште се уништува економијата во државата ни, која ако вака продожи ке се распадне сама од себе.

Дали на рспадот на бившата ни заедничка држава која функционираше по методот на кој сега ЕУ се здружува и кумуваше некоја моќна тајна сила која преку методот на КОНТРОЛИРАНА КРИЗА ни го распадна системот и државата и ни створи хаос од економијата до политиката, па ако сакате и спортот и сите области во животот се до распаѓање на фамилијарните вредности ... И врапчињата веќе знаат дека тоа е нашата ТРАНЗИЦИОНА приказна.

Контролираната криза кај нас има свои меѓуетапи. Во која држава од нормалниот свет постојат луѓе кои водат политички партии, учествуваат легално во власта а се на црна листа на големите држави. Во ниедна. Во која држава мафијашките структури се во власта и седат во полициските структури. Во ниедна. Ке ни се случи ли и нам некакво афричко сценарио или албанско можеби или србско сеедно, можеби бугарско. Сите сценарија се во игра. Од нас самите зависи во кое сценарио ке заиграме. Но секако тоа ке биде сценарио за контролирана криза во која ќар ке извлечат само оние кои ги прават сценаријата.

No comments:

Blog Archive

Site Meter