Во транзицијата се смени титуларот на власта. Сопственоста од таканаречената општествена помина преку избраниот модел за приватизација во приватна сопственост. Но голем дел најпрвин помина (и уште е) во рацете на државата, мислам на фабриките и компаниите. Општествениот сектор, производството на енергија, школството, здравството, градинките истотака помина во рацете на државата, всушност тие таму и беа.
Наеднаш како да се вративме со моделот не во капитализам кон кој демек сега тежнееме туку се вративме во Државен социјализам од некаков транзиционен тип - кој е со сите одлики на државниот социјализам кој го имавме во раните фази на минатата држава. Државата го собира данокот од сите и централно го прибира кај себе, а го троши по своја желба т.е. по партијските изборни програми, секако делејки го со коалиционите партии во собранието и парламентот. Води сметка само за државните службеници и администрацијата. Сега засега се грижи и за пензионерите иако и се товар. Наполно се ослободи од работниците од оние кои всушност го ствараат БДП-то, во целиот период правата на работниците се намалуваат. Синдикатот е мајгинализиран и практички непостои. Работниците, земјоделците сега сами се снаоѓаат, во услови кога фабриките и земјоделските комбинати им пропаѓаат, талкаат со идеја што да прават. Некои во првите години отворија мали фирми, пред се гранапи и ситно стопански дејности во услужните дејности. За сето тоа потрошија голем дел од заштедите - се самовработија, некои дури и вработуваа. Станаа „ГАЗДИ“. Нивниот труд беше залуден бидејки во неколку последни години наметите на малото стопанство беа толку големи што тоа крахираше. Потсетете се само колку фирми се блокирани во последниот предновогодишен период.
Партиите кои се менуваа на власт во транзиционит период се бореа луѓето кои работат во/за државата. Се бореа од пензионерите да направат свое партијско тело на изборите. Иако стопанството во транзицијата тонеше администрацијата цветаше и се зголемуваше. Буџетот се претворти во ламја и го јадеше стопанството, бидејки стално имаше нови даноци и трошоци, кои го намалуваа профитот на ситностопаснтвениците. Земјоделието и тоа се распадна. Се распаднаа големите земјоделски комбинати - останаа само поситните земјоделци кои работеа на своите ниви.
Партиите цело време кога е период на избори - ветува нови работни места и подобрување на стандардот, но по изборите тоа се фрла на страна и се вели дека државата во новите услови не е должна да ствара нови работни места. Партијските кадри се насладуваа во буџетско трошење согласно нивните партијски програми. Голем дел од народот побара егзистенција во иселенувањето кој беше процес и во минатиот економски систем. Државата ја презедоа голобради момчиња на кои тоа им беше прво вработување. Такви голобради соработници имаа и околу себе и се створи синдром на бејби влада/и. Во целиот овој период наместо остварување на правата на човекот и мултиетничоста партиите се закопаа во национализам и на избори и по избори продаваа кој е поголем патриот, правејки ги другите предавници. Се створија многу поделби. Народот се подвојуваше по национален принцип. Албанците гласаа за албанци, србите за срби, бошљаците за бошњаци, ромите за роми и така натаму. Македонците се поделија на четири групи, на оние кои се за твдиот национализам од Македонски тип кои се предводени од партиите со ВМРО предзнак, на наследници на социјалистичките идеии, кои највеќе се врзуваа за СДСМ но и неколку други помали партии. Се створија и помали партии на центарот кои брзо по изборите се стопуваа со една од поголемите две главни политички опции.
Важна улога во државата единствено имаат албанските партии кои со конфликтот од 2001-вата година ја редифинираа државата во типична бинационална држава - каде останатите помали националности не добија ништо, каде се суши граѓанскиот принцип на државата и равноправната мултиетичност. Државата правно не се подели територијално, иако преку поделбата на општините веќе се створија моќни центри на албанската заедница. Наместо Устав добивме РАМКА.
Во целиот овој период единствено што расте е големината на буџетот кој дополнително значително се храни и се одржава со парите од иселениците кои праќаат дома пари на своите за да преживеат. Во целиот период државата се задолжува во странство и кај домашните банки за сити потреби на ликвидноста на буџетот.
Во најново време надежта се сврте кон странските директни инвестиции кои не дојдоа бидејки земјата неможе успешно да се интегрира во евроатланските организации, поради нерешените прашања со соседите, но и поради етничкиот кофликт кој експлодира во 2001-вата, но и неможноста да се најде заедничка платформа на двата лути политички противници. Одсаствува Платформа за исти национални стратешки интереси.
Инфраструктурата во целиов овој транзиционен период се крпи, се` се базира на старата инфраструктура. Нема нови електроенегетски капацитети. Рудните богатства и минералите не се доволно искористени, многу од рудниците се напуштени. Улиците и патиштата се крпат но одсаствуваат сериозни инвестиции во магистралните правци.
Партијата на власт нема идеја како да ја заживее економијата а несака да се откаже ни од делче од администрацијата, бидејки така ке удира по своето гласачко тело.
Мора да постои излез од сето ова. Секако дека постои. Излезот е пред се во одстранување на пречките кои стојат на патот на евроатланските интеграции, кои пред се ке внесат спокојство меѓу народот, ке се предизвака помирен период кој треба да се искористи за нов циклус на инврестиции, странски и домашни - но потребно е и поправилана распределба на националниот доход, кој најлесно ке се спроведе преку нова даночна политика каде ке се води сметка и за приходната ставка на даноците кои треба да имаат тенденција на намалување, но би се повело сметка за нивото на социјалниот статус на секое семејтво кое ке се прогласи за даночен обрзник. Ако остварува поголем данок ке биде дополнително оданочено, во спротивно ке се прогласи за примател на социјална помош ако нема доволно приходи.
Државата несмее во бескрај да се прогласува дека нема никава обврска во вработувањето на народот. Што ке ми е држава која од мене гледа само како обврзник кој треба да плати данок а вели дека не е надлежна кога треба да го решам мојот еконосмки статус преку пронаоѓање на работа за мене и моето семејство.
- Држава на одредено време
- Државен социјализам или транзициска беда
- Буџетот и изборите …
- Личен стечај … Држава по мерка на богатите и моќните … транзицијата продолжува
- Транзиција во криза – подлабока и продолжена рецесија
- Економска транзициона лустрација … економски транзициони профитери …
- Ке се најде ли јунак да ја исправи МК транзиција …
- Лет во место на политичките и економските процеси во МК … Градиме – разградувајки, стооејки во место, враќајки се наназад …
- Нова бирократска фабрика … на местото на некогашната новинарска фабрика … процес на јадење на државата одвнатре …
- Буџетот е за да се троши … шминкерска изјава на Груевски … ке се случи ли економско чудо …
- Музеј на жртвите од транзицијата …
- Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство … Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни …
- Колкав е бројот на вработени и невработени лица во РМ и каква е нивната структура …
- Наместо буџетот да се користи за развој – парите се трошат за споменици и плоштади, за полиција и администрација …
- Заврши ли “едноумието“ … што систем имаме сега ?? … систем на перфидна манипулација на демократските процеси …
- Даночна политика … одговор до zidarski …
No comments:
Post a Comment