Search This Blog

Tuesday, January 19, 2010

Латас ја преживеја лустрацијата – фабрикување на новинарите

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/LadasGordanaPismoSmall.jpg?t=1263906065
Писмо со потпис на Министерката за Полиција Гордана Јанкуловса, со кое му се потврдува на Латас дека никојпат не бил соработник на ниедна странска служба, издадено во рок од десетина часа по поднесеното барање.            Повеќе ».....

Несакам да се замешувам на природата на спорот меѓу Латас и Рамковски, која ако се суди према она што Латас го изјави сношти кај Јанко ЈадиБурек е всушност спор на две новинарски струи – кои подржуваат две политички опции, едните СДСМ со помош на Соросоидните новински куќи, изданијата на ВАЦ и иданијата на Рамковски и другата – во која влегуваат неколку медиуми во кои Латас работи како главен уредник (Сител и Вечер), а може да се додадат Нова Македонија и уште некои ТВ и новински куќи, јавниот сервис на МТВ се подразбира.

Генезата е всушност во фабрикување на новинарите кои се спонзорирани едни од невладин сектор СОРОС но и од ВАЦ, други од владини извори – за да пишуваат афирмативни текстови за „своите“ и новинарско издржани напаѓачки текстови за „другите“. Латас јавно посочи дека во Македонија не само што постои новинарска Фабрика еден (онаа потпомогната од Сорос и ВАЦ), туку дека постои и легална новинарска фабрика 2, која овие неколку години е финасирана од буџетски пари од сегашната власт. Секако Латас тврдеше дека едните тоа го прават нелегално а другите легално.

Мене малку ми мути вода и ме чуди што беше толку важно Латас кој само што се вратил од скијање од Австрија и Швајцарија, откако за неполен ден раскринкал кој стои позади оваа ујдурма – за помалку од десетина часа да добие писмена потврда од Министерката за Полиција Гордана Јанкуловска дека Латас никојпат не бил соработник на ниедна странска служба. Во интерјуто кај Јанко го посочи Бошковски и Обединети за Македонија, дека му пакуваат дека тој не само што “бил“ соработник со србска Удба во наводното учество на палењето на Америчката амбасада во Скопје, туку што највеќе го заболело дека во тоа време бил противник на ВмроДпмне – за да сега стане еден од идеолозите и апологетите на истото ВмроДпмне, додуше сега со друг лидер кој е негов личен пријател Груевски.

Не е вообичаено тромата администрација на лично барање на Латас за десетина часа да му испорача писмена потврда дека тој никојпат не бил соработник со ниедна странска служба. Со ова како да се негира документот кој го посочи Време дека е веродостоен?!. Латас не негираше дека постои таков документ, туку изјави дека тој дури по една година од настаните му е спакован.

Се дигна голема прашина дали новинарите треба да се лустрирааат? Законот за Лустрација ги исклучува новинарите како професија од процесот на Лустрацијата, тие не се “муштерии“ на законот за лустрација – бидејки и не работат во јавни установи и институции.

Интересна е ијавата која Латас ја даде во форма на прогноза дека на наредните избори со сигурност ке победи СДСМ но само во случај ако Бранко абдицира од СДСМ – морам да кажам дека и јас се сложувам со таа прогноза, ако така се одвиваат работите.

Латас вообичаено прелесно користи етикетирање во своите ијави и сношти залепи десетина етикети и епитети, кои школован новинар од негов калибар вообичаено не би требало да ги користи. Итересно е и сознанието дека е во судски спор со неколку новинари од спротивставениот табор – тужи тој, но и самиот е тужен. Се пофали дека досега никојпат не загубил спор.

Ако сакате малку повеќе да прочитате за природата на спорот меѓу Латас и неговите противници добар избор е постот на Зорив:  Лустрација или кривично гонење

No comments:

Blog Archive

Site Meter