Search This Blog

Wednesday, January 06, 2010

Бадникова вечера

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/3Large-8.jpg?t=1231350588
Пред Божиќ, зад Божиќ – кај и да си дома да си.
Вечерта пред Божиќ секој во својот дом, во кругот на своето семејство првавославните христијани на богата посна трпеза го исчекуваат Божиќ – Рождеството Христово. Посно гравче, пита со праз или зелка, посни слатки, урми и суви смокви, овоштие, риба се основниот прилог на секоја Бадникова вечера. Главен настан на секоја Бадникова вечера е кршењето на лепчето со париче.            Повеќе ».....
Главата на семејството го крши лепчето по редеслод: едно парче за Господ, едно за домаќинството, по едно за секој член на фамилијата. За оној што ке го добие паричето – се смета дека годината за него ке му донесе среќа, здравје и радост. Во мојот случај веќе неколку години пет веројатно паричката се паѓа кај керката – која е на поздипломски студии во странство. Вајвото кршење на лепче со париче во деловите околу Прилеп и Битола мислам и Огрид се случува на Василица (Стара Нова Година 14 јануар).
Карактеристика за оваа Божиќна вечера е што таа не се раскрава од масата – се верува дека Господ можеби вечерта ке сврати да касне од нашата трпеза …
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/1Large-8.jpg?t=1231349942 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/2Large-8.jpg?t=1231350812
Лепче со париче

No comments:

Blog Archive

Site Meter