Се чини дека десничарската влада на Груевски онака како ја води економијата неминовно навлегува во водите на Државниот социјализам од транзициски тип. Државното задолжување станува правило а парите се користат во рекламирање на 24/7, во споменици и себепромоција. Мерките кои тогаш во раниот Социјализам се носеа се скоро исти со сегашните мерки на оваа власт. Се` се центализира и се прилагодуваат сите бизни како што одговара на централната власт. Погледнете само една снимка од јавните владини седници, пиле несмее да пролета ако Владата не даде дозвола. Кај централната власт се клучевите на сите бизниси, се се лиценцира по мерките на сегашната власт, а врвот е во тендерирањето – кое е само начин како да се спрведе партијската програм за бркање бизнис на НАШИТЕ. Повеќе ».....
Некои работи/стандарди од трулиот Социјализам сеуште не можеме да ги надминеме, ниту достигнеме. Сеуште многу репери се превисоки за овој нашиот транзициски модел на Капитализам, оној чив БДП едвај лани го достигнавме по неговиот распод од пред 18 години. Многу стандарди сеуште не сме ги достинале или дури сега на нив се сеќаваме. Профитираа единствено националистите кои се сдинствените транзициони политички профитери.
Воведување на бесплатна бања за 20.000 пензионери е нешто кое беше редовна практика за сите пензионери – другарките и другарите во оној трулиот социјализам тоа право го имаа. Се учи ли Груевски од социјалистичкиот модел. Скоро сите патишта и мостови се од оној трулиот систем, Школите Универзитетите Градинките Државните установи се со потекло од тој систем. Зошто го растуравте – за да сега повторно не враќате во него.
Во трулиот Социјализам се изградени над 95 проценти од центрите на медицина, истите оние за кои Груевски во Интервју кај Јанко ЈадиБурек рече дека нивните капацитети се едвај со 50 процентна ИСКОРИСТЕНОСТ. Останатите зјаат празни и се топлат во зиме безпотребно. Очито во здравтвото нема пари за лечење на болните, затоа се собите за пациенти празни. Фондовите за лечење се трошат за првите два месеца, понатака кој има пари ке се лечи, кој не ке чека догодина, ке чека снимање на ренген по 40 дена. Очито за се има пари но не и за болните. За да се лечиш беспари т.е. за да одиш на основен преглед незнам колку папири ти требаат – бесплатното лечење за неригистираните во системот на здравство е само рекламна флоскула. Поставување на шатори за пациенти во центар летно време е истотака рекламен трик дека ние се ГРИЖИМЕ.
Се сеќава ли некој (Вие под триесет години нормално е да не се сеќавате на нешто што не сте виделе) дека едно време одеше автобус со ренген од школо во школо од фабрика во фабрика. Додуше сега нема фабрики т.е. повеќето од нив се затворени. Работниците се исфрлени на улица со прстот во уста. Одвреме навреме оние најзагрозените ги гледаме во парковите како штрајкуваат со глад или покрај некој од контејнерите каде бараат парче трул леб. Ко во најлошите воени времиња се организираат се повеќе кујни за гладните и сиромашните. Македонија не е во воена ситуација веќе над 50 години, ако не ја рачунаме онаа фингираната војна од 2001-ва каде мафијашите на власта лапааа провизии за да купат наоружување и муниција, трули паштети и така натака. Никој од нив сеуште не е ни обележен за судење а камоли да е суден. Луѓето кои се бореа, некои од нив и со инвалидитет сега се во редиците на оние кои бараат социјална правда.
Да не спомнувам дека и во тој систем имаше огромна невработеност но никојпат не одеше над 20 проценти. Сега нашите 35 проценти невработеност и буџетот како главен работодавач и производител на БДП ми изгледа повеќе социјалистичи од оној тип со високо централизирано државно администрирање. Социјализмот од зачетокот Државниот социјализам.
Ни фали уште кампања за КУЛТ на заслужните личности, кои не воведоа и сеуште не водат во оваа транзициска беда. Но никој за ова не може да биде крив осем народот кој на избори неможе да направи разлика кој е тој кој ветува нешто што може да исполни, кој е тој кој нуди вистинска социјална правда, да направи разлика дали се тоа само случајни кариеристи, кои одкако ке се нафатираат ке седат во системите на власта уште десетина години за да фатат прашина нивните криминални транзициски дејанија. Од луѓе со џемперчиња и џамаданчинња се преобразуваа во „ИН“ фраери со џипови и со по неколку стана кои ги рентираат. Сеедно е дали се станови или друг имот, важно е дека тој е стекнат врз транзиционата беда на народот… Криминал е криминал, лихвар е лихвар – а народот, него го прашуваат само еднаш на секои четири години – во меѓувреме се прогласува за проста маса која треба да дава волна.
Ги жалам оние кои ке ме обвинат за носталгија и тоа од онаа ЈУ варијанта. Тие никојпат не виделе ништо подобро од она што сега го имаат и затоа неможат ни да споредат. Вербата дека утре ке биде подобро не е доволна. Народот денеска треба да јаде, денеска треба да ги школува своите деца и да им купи чоколадо, денеска треба да оди на лекар и да купи лек.

- ЗА БУЏЕТОТ НА РМ – во интервјуто на Премиерот кај Јанко Илковски во емисијата Јади Бурек … “Диригиран Државен Социјализам“ … На постов ке се осврнам за кажаното во интервјуто на Премиерот кај Јанко Илковски во емисијата Јади Бурек а се однесува на Буџетот на РМ, кој во последните неколку години е неколкукратно зголемен, кој се претвори во најголем производител на растот на МК БДП, кој стана најголем вработувач во МК економија, преку кој се подржуваат бизнисите во Македонија, каде десничарска Влада на ВмроДпмне спроведува процес на нов период на “Диригиран Државен Социјализам“, систем кој предходеше на Самоуправниот Социјализам …
- Нешто смрди во светскиот банкарски систем … Државен капитализам … Државен социјализам … Видоа не видоа владите на најмоќните светски држави … се фатија за најнепопуларната мерка во капитализмот мешање на државата во економијата … по Англија, Германија со највеќе државни пари реши да го заштити банкарскиот систем од колапс … дури 480 милијарди евра … и Франција се приклучува … како и помалите ЕУ економии … падна договор и на ниво на ЕУ да се гарантираат пласманите во проблематичните банки … Значи ли тоа враќање чекор назад во развојот на капитализмот … државен капитализам … по што тој се разликува од “државниот социјализам“ на Кина да речеме …
- Заврши ли “едноумието“ … што систем имаме сега ?? … систем на перфидна манипулација на демократските процеси … Јас негледам некоја промена во едноумието … не гледам силен наплив на демократијата … граѓаните дури не ги користат демократските сретства кои им останаа … се` помал број излегуваат на избори … знам луѓе кои на избори излегле еднаш или ниеднаш … … Демократијата се претвори во систем на перфидна манипулација на демократските процеси …
No comments:
Post a Comment