Search This Blog

Sunday, January 10, 2010

Сетинзите на blog.mk

На новата платформа имаме многу повеќе можности преку сетинзите на одредената тема (изглед на блогот и функции). Преку многуте виџети и плагини имаме можност да унапредуваме многу работи во однос на старата платформа. Но има неколку работи од кои не сум задоволен како функционираат во оваа платформа вака како што се поставени во овој момент. Еве неколку работи кои можеби можат и да се поправат:          Повеќе ».....

  • Проблемот со кириличниот јузер мора најскоро да се поправи, бидејки ние кои сме тврдоглави и остануваме со кирилични јузери не можеме да користиме многу функции на оваа платформа.
  • Внатрешното молерисување на блогот ке го научиме, ке најдеме соодветна тема каде ке можеме да менуваме бои и димензии на колоните, имено не секоја тема дозволува менување на димензии на колони, а со боите на позадините, со големината на буквите веројатно е различно од тема до тема.
  • Би бил многу задоволен доколку би се додале неколку теми наменети за фото блогови – има такви, да пронајдам такви теми ке ги предложам на сопственикот на платформата т.е. на блогмастерот.
  • Многу ми смеќава што е отежнато пребарувањето во архивите, имено нема можност со кликање да дојдеме само до насловите на архивите, туку пребарувачот ни ги реди сите постови комплетно – што го отежнува внатрешното пребарување и прегледност. Блогспот на пример тоа многу добро го има решено – веројатно има плагин и на ВорлдПрес за ова – ако некој знае таков нека го предложи …
  • Кога сме околу пребарувањето истото се случува кога пребаруваме внатре во сопствениот блог или во платформата. Ни се редат комплетните постови – што е макотрпно за да одредиш што ти треба а што би прескочил во пребарувањето.
  • Околу тоа што беше избришана можноста за едитирање во коментарите – сосема го разбирам и оправдувам укинувањето на можнаста на едитирање на коментрите, бидејки најмалку е невкусно да се модерираат туѓи коментари. Сосема е доволно што можеме да го избришеме коментарот кој не е по нашиот вкус или правило … секако можеме да го ставиме и во листата на непожелни коментаотори…
  • Кога сме веќе кај коментарите, би било добро да може да се пронајде плагин кој ке ги дозволи едит опциите како што беа возможни при едитирањето на коментаот до пред некое време, болд, италик линк, ундерлајн и сл. Секако и опцијата да го прегледаме коментарот пред да го пуштаме.
  • Фали и блогот на Уредникот во насловната страна.
  • Фали на едно место да се постават блог финтите на оваа платформа, оние корисните.
  • Некои приметуваат дека оваа платформа е помалку читана од надворешни посетители – се чини дека имаме разлика во начинот на прикажување на надворешните посетители на оваа и на старата платформа. Би било добро да се демистифицира оваа ситуација.
  • Веќе е приметна добрата присатност на блогпостовите на пребарувачите на оваа платформа, што беше голем недостатотк на старата латформа.
На слична тема имав неколку постари постови:
  1. Анонимни коментари
  2. Колку блогови/ери има на blog.mk
  3. Како да го модифицирам изгледот на мојот блог?
  4. Уредувањето на HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти
  5. Блог заедницата взаемно се помага … некои се разочарани, но се чини повеќето се задоволни
  6. Детски блог болести околу преселбата – смртен удар на оние кои “дишат“ во коментари

2 comments:

Anonymous said...

Добро пожаловать уважаемые посетители volanskopje.blogspot.com!
Вчера встретил интересное место с классными текстами. Уникальные переводные иноязычные темы обо всём вообще. Например: [url=http://needtohelp.ru/node?page=133]Интересные материалы из иностранных ресурсов[/url]
Посмотрите эти переводные тексты - некоторые трудились переводили тысячи статей!

dzaMski said...

многу работи фалат, но многу и веќе има за разлика од старата платформа. потребно е само време и дополнителна желба за едукација на овие стандарди кои се на WP. ако ја имаше целата WP мислам дека уште толку дел од корисниците ќе се изгубеа низ копчињата :)

поздрав

Blog Archive

Site Meter