Search This Blog

Monday, January 04, 2010

Уредувањето на HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти

Една од поважните работи за нас блогерите кои до сега не работеле со WordPress беше сознанието дека заради безбедносни причини сопственикот на платформата по совет на администраторите се одлучил да неме директен пристап до HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти. Сепак во одреден момент можеме да интервенираме во HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти. Имено постапката ја даде Јуруковски Љупчо заменик уредник на http://www.on.net.mk во коментар на постот на аандреј :    Повеќе ».....

Што се однесува до уредувањето на хтмл-от, потребно е на темата што си ја одбрал да кликнеш “копирај”, потоа да ја активираш и дури тогаш да го уредиш цсс-от.
мои блогови >> ххх блог >> контроли >> изглед >> изглед на блог >> наоѓаш тема и кликаш “копирај” >> потоа ја избираш темата со клик на “активирај” >> и потоа ти се појавува опцијата “уреди”. Тука можеш на раат да работиш во цсс.
Во основа главно е темата да биде копирана и активна.
поздрав
Јуруковски Љупчо
заменик уредник на
http://www.on.net.mk

Од чисто безбедносни причини плагини на Блогерајот ќе може да додаде само Блогмастерот. Сега за сега, плагините се тие што ги имате во фолдерот “изглед” во контроли, но тоа не значи дека со тек на време тие нема да се надополнат. Што се однесува до статистиките, наш предлог е да се користи Гугл аналитикс, бидејќи дава далеку поверодојстони информации и неможе лесно да се прелаже.
Како и да е, ќе го разгледаме плагинот што го предлагате и ако е во ред ќе го додадеме.
поздрав
јурук

Пробав да се играм по советот на Јурак и ако се следи постапката како што е опишано “… >> ххх блог >> контроли >> изглед >> изглед на блог >> наоѓаш тема и кликаш “копирај” >> потоа ја избираш темата со клик на “активирај” >> и потоа ти се појавува опцијата “уреди” …“ во еден момент го имаме на располагање HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти – но во оквир на темата, што значи неможе радикално да се менува темплејтот.
Пробав да се играм со менување на истата тема бришејки ја и повторно активирајки ја и секојпат во одредениот момент HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти ми беше на располагање. Што веројатно значи дека можеме да менуваме внатре боите и сличните други атрибути во оквир на темата. Како и да е ке тебаат уште теми кои се слободни за користење со WordPress подлога.
Бидејки имам искуство на Блогспот таму има виџет кој овозможува во секоја тема денерално да се менуваат боите и фонтовите насекаде низ темите, на насловот, на позадината на текстот. Би било добро тоа како виџет да се вгради и во оваа платформа.
Гледам дека досега не се реши проблемот кириличниот јузернејм – ако е решен нека каже некој како да го имплементираме решението.
На насловна досега е додаден само една колона – за КАТЕГОРИИ. Од неа можеме да видиме дека досега на новата платформа се префирлени цирка десетина иљади категоризирани постови од порано. Понатака се гледа дека многу постови му се посветени на блогосфера (76) поста, што во превод значи дека нормално се бавиме со проблемите на новата платформа.
Да не заборавам дека во овој едитор ми фалат неколку добри алатки кои ги имаше во минатиот едитор – како на пример, боја на буквите, големина на буквите и транскрипцијата на латинична во кирилична подршка. За ова беше ветено дека ке се достават и во овој едитор – но веројатно во некоја наредна фаза.
Еве неколку други постови кои се бават со разни нови финти применливи на новата платформа:
  1. Не ве гледам
  2. Новата платформа – од моја субјективна страна
  3. Нов проблем со блогерајов + Решение
  4. Изгубени во преводот …или беше миграцијата?!
  5. Совет од мене – За секоја промена back up
  6. Новата платформа
  7. платформа II ден II
  8. Линк на името при коментирање – Туторијал
  9. Бујрум IP & mail. Кој Ве прашува вас…
  10. Како да се постават банерчиња?
  11. Шовинистичка Блог.мк
  12. Поздрав до нелогираните
  13. За новава платформа

No comments:

Blog Archive

Site Meter