Search This Blog

Monday, January 18, 2010

Оригиналната Икона на Свети Константин и Елена во лоша состојба

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-0Small.jpg?t=1263835881
1.  Оригиналната Икона на Свети Константин и Елена е во лоша состојба поради негрижа на надлежните. Не сум сигурен но горното дело подсетува на стилот на Дичо Зограф. Познато е дека светски познатиот Зограф Дичо работел и во/за Црквата свети Константин и Елена во Скопје.           Повеќе ».....

Додека во Македонија се води сеопфатна акција на власта и на надлежните за реизградба на срушената по земјотресот Црква Свети Константин и Елена, срушена и покрај нејзината релативно добра состојба по земјотресот – срушена поради тоа што влегувала во маркицата на идејниот план за ГТЦ. За реизградба на оваа Црква се лецитира со суми кои достигнуваат и до 15 милиони евра, каде веќе се потрошени стотици иљади евра буџетски пари за правење на планови и процедури за реизградба на споменатата Црква на нова локација. Надлежните не најдоа за сходно да извршат неопходна конзервација на главната икона на Свети Константин и Елена која по земјотресот од 1963 заедно со уште други оригинални артефакти и делови од иконостасот се наоѓаат во параклисот посветен на Свети Константин и Елена кој во 1963 е дограден во оквир на Црквата Света Петка во Пржино. Во параклисот се сместени и други оригинални икони од срушената црква, како и делови од иконостасот (висечкиот дел), одсликани се и некои копи од фрескоживописот на срушената Црква Свети Константин и Елена.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-2Small.jpg?t=1263837667
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-1Small.jpg?t=1263837780
3. Над Западната врата на Црквата Света Петка стои горниот напис кој сведочи дека во 1963-та е дограден Параклис на Свети Константин и Елена, каде се сместени некои оригинални реликвии од срушената Црква, а зидовите се одсликани со композиции од истата срушена Црква.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-3Small.jpg?t=1263838060
4. Параклис посветен на Свети Константин и Елена
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-4Small.jpg?t=1263838153
5.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-5Small.jpg?t=1263838240
5. Оригиналниот висечки иконостас од Црквата Свети Константин и Елена
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-6Small.jpg?t=1263838351
6. Оригиналната икона посветена на Свети Константин и Елена
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-7Small.jpg?t=1263838514
7.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-8Small.jpg?t=1263838594
8.
Досегашни мои написи поврзани со иста тема:

1 comment:

Anonymous said...

црквата Св. Константин и Елена беше во многу лоша состојба како последица од земјотресот. Не е точно дека не била во лоша состојба. Се што можеше беше сочувано. Земјиштето каде што е изграден Соборниот храм, на 400-500 м. од плоштадот, е даден бесплатно на МПЦ како компензација за Св Константин и Елена

Blog Archive

Site Meter