Search This Blog

Thursday, January 14, 2010

Восочна историја

http://i234.photobucket.com/albums/ee251/djurob_bucket/09062008.jpg
Музејот на Македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот е во завршна фаза треба да биде готов до Јуни 2009-та. Главната атракција на музејот ке бидат восочните фигури на историски личности Македонци по род кои учествувале во Македонската борба - притоа не е најбитен карактерот на оценката на историската мисла дали тие биле крвници на Македонскиот народ или луѓе со напредни идеии во градењето на соживотот во денешна мултиетничка и мултинационална Македонија. Значи во музејот ке се најдат восочни фигури и од оние историски личности од Македонски род кои досега беа оцрнувани од историската мисла.           Повеќе ».....

Македонија со овој музеј отвара преширок фронт. Дали ке го издржи фронтот на нападите на своите соседи, од кои едни не ни го признаваат името поради чувството на нивна загрозеност заради божемни територијални претензии, другите не ни го признаваат јазикот и нацијата, третите прават паралелна рамковна држава во оквир на Македонија, четвртите не ни ја признаваат Црквата.

Да се потсетиме само дека Република Македонија во својот Устав не е типична национална држава туку граѓанска мултиетничка заедница во која живеат повеќе народи.
Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија ...
А М А Н Д М А Н IV - „Службен весник на РМ“ бр. 91/01
Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој
2. Со точката 1 на овој амандман се заменува Преамбулата од Уставот на
Република Македонија.
Ке тргнам од преамбулата на Уставот на РМ и ке кажам дека Музејот на Македонската борба не е во согласност со начелата на Уставот на РМ (преамбулата) - бидејки ги дискриминира другите народи и нации кои живеат во РМ, т.е. не ги става во рамноправна положба бидејки во Музејот на Македонската борба нема место за нив. Имено како што се вели од дискусииите кои се водат околу Музејот на Македонската борба ке има место само за Македонци по род, но не како граѓани на Македонија туку како етничка компонента. Ова ке предизвика нови поделби во итака преподелена Македонија, на наши и ваши. Ке предизвика она што секогаш во Македонија е и најнегативно, внатрешна поделеност по разни ФИЛСТВА. Дали на Македонија сега тоа и е најпотребно. Ако ова се комбинира со случајот на Македоската енциклопедија која видовме како помина и со новиот изглед на Плоштадот во Скопје каде треба да никнат “Камени фигури“/споменици низ плоштатот, кој ке се претвори во своевидна алеја на великани на Македонизмот - Македонија уште долго време ке се бави со историја која предизвикува преголеми последици во Македонското општество каде не се води сметка за мултиетничкиот и мултинационалниот карактер на државата.
Да се подсетиме дека скоро, во 2001-вата имавме “мала граѓанска војна“ предизвикана од тоа дека една националност/нација не се осеќаше рамноправно во оквирот на тогашна Македонија.

Колкава корист ке има од внесувањето на Мара Бунева (лик 2, линк 3,) во Музејот на Македоската борба. Да подсетиме дека историјата се има одредено према Мара Бунева која е платеник на туѓа држава и извршила атентат по нарачка, врз главниот иследник Прелиќ кој го истражувал случајот со побунетата студенска група - која пак се залагала за припојување на Македоија кон Бугарија. Прелиќ е дојден по задача во Македонија да организира отпор против тогашниот турски режим. Тој дејствува највеќе на Скопска Црна Гора а неговиот анганжман завршува со успешно организирање на отпор против турскиот режим. Заради сето тоа Прелиќ скоро до крајот на својот живот има високи позиции во Македонија иако не е роден во Македонија, иако едно време и самиот е во немилост на српсиот режим.

Каква корист ке има од восочната фигура на Ванчо Михајлов? Најголемиот крвник во МК историја. Македонската историска мисла се има одавно одредено према оваа историска личност како негативна фигура во Македонската историја, човек кој нарача толку многу атентати врз Македонци. И да не ги бројам уште некои други восочни фигури во најава.
Поентата ми е дека овој Музеј ке допринесе за уште една длабока поделба во преподелената Македонија - ке не врати назад во историјата, а истовремено ке предизвика нерамноправност на другите народи кои живеат во Македонија. Дали концептот на овој музеј е противуставен - т.е. предизвикува чувство на нерамноправност на народите кои живеат рамноправно во Македонија. Ке покаже времето.
http://i234.photobucket.com/albums/ee251/djurob_bucket/09062008001.jpg
Гледајки ја горната слика (имвеститор е Република Македонија), сваќам зошто никој не се буни за Музејот на Албанската борба, кој сосема нелегално никна во Чаир. Сега заради рамноправност ке правиме ли музеи за секој народ кој живее во Македонија.
http://img412.imageshack.us/img412/9504/memo.jpg

  • 1. Македонска филхармонија
    2. Музеј на Холохаустот
    3. Уставен суд
    4. Стариот театар во реконструкција
    5. Музеј на Македонска борба


http://i850.photobucket.com/albums/ab67/build_mk/DSCN1427.jpg

http://i850.photobucket.com/albums/ab67/build_mk/DSCN1431.jpg

http://i35.tinypic.com/2hghber.jpg

http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/mz-vrm.jpg

http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/mz-t-h.jpg
  • 10 восочни фигури на познати дејци во Музејот на ВМРО Крсте Мисирков, Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, Јане Сандански, Павел Шатев, Христо Татарчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Методија Шаторов Шарло. Тие и уште 30 фигури од восок и од глина ќе бидат изложени во Музејот на ВМРО и на жртвите од комунизмот.
  • Прва изложба на восочни фигури во Македонија
  • Музејот на восочни фигури

  • Готова е восочната фигура на Гоце Делчев
  • Мара Бунева во февруари во Скопје, а по неа и Ванчо Михајлов
  • Личности што ќе се најдат во Музејот
    ГОТОВИ ФИГУРИ: Крсте Петков Мисирков, Ѓорче Петров, Славчо Ковачев, Методија Шаторов, Методија Андонов -Ченто, Јане Сандански, Павел Шатев, Александар Протоѓеров, Борис Сарафов, Арсение Јовков, Даме Груев, Димо Хаџи Димов, Никола Карев, Димитар Влахов, Христо Узунов, Питу Гули, Тодор Александров, Димитар Поп Георгиев - Беровски, Дедо Иљо Малешевски и Димитрија Чуповски. Донесени се и фигурите на Вилијам Гледсон, Васил Чакаларов, Панчо Михајлов - Чавдар и Драган Богдановски.
    ИЗРАБОТЕНИ СЕ И ШЕСТТЕ ОСНОВАЧИ НА ВМРО: Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Андон Димитров и Христо Татарчев.
    ГОТОВИ, СЕ ЧЕКА ДА СЕ ДОНЕСАТ ВО СКОПЈЕ: Христо Матов, Пере Тошев, Кузман Јосифовски - Питу и Лазар Трповски.
    СЕ ЛЕАТ: Страхил Гигов, Лазар Колишевски и Цветко Узунов - Абаз.
    СЛЕДНИ ФИГУРИ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВАТ: Никола Парапунов, Панко Брашнаров, Александар Турунџиев, Петар Чаулов, Ванчо Михајлов, Сирма Војвода, Венко Марковски и Петре Пирузе.
    ФИГУРИ НА КОРЕКЦИИ: Ѓорѓи Сугаров, Диме Панџуров, Алберт Сониксен (секретар на македонскиот комитет во Њујорк, учесник во чети на ВМРО)
    НАПРАВЕНИ САМО ГЛАВИТЕ: Мара Бунева, мис Елен Стон.
  • Восочни фигури во Македонска борба
  • Видео приказ на синоќешната трибина во А2 - поврзана со Музејот на Македонска борба

1 comment:

Ico said...

Не сум имал премногу прилика да шетам низ европските земји, но за оние што сум го посетил има впечаток дека најчесто прават етнолошки, природонаучни, археолошки и слични музеи. Исориските музеи карактеристика се за балканските земји. Во нив тие трајно меже да ги престават своите фрустрации, неостверни желби, освојувања на туѓи територии и жал за многу неоставрени легенди! Имам впечато дека иделозите на Музеот за Историјата на ВМРО и жртвите на фашизамот, имале слична намера. Според дадените објаснувања, во музеот ќе била преставена исто така и паризанската антифашистичка војна и ослободително социјална револиција под водство на комунистите. Тоа е факт кој не би требело да се игнорира или манупулира со него, бидејќи коначно со таа војна и револуција се оствари државноста на дел од македонскиот простор.Кога музејот би се викал:"Историја на борбата на македонскиот народ за своја државност" се би било во ред.Но вака како што засега стојат нештата,скепсата во врска со добрата намерите на властодржците остварена преку музел останува,но и ќе преставува преднет на нови понатамошни поделби на македонството!!!

Blog Archive

Site Meter