Се чини дека Владата од оваа година има нов муштерија за уништување на неговиот бизнис - тоа се малите земјоделци. Сеуште не куртулија ни армијата на тезгаџиите и од нив се бара регистрирање на фирми и плаќање на одредени давачки. Но да се вратам кај земјоделците.
Поради природата на дејноста на земјоделецот кој живее само од земјоделска дејност или истата ја врши како дополнително занимање, државата од оваа година „се смилува“ на земјоделците и им дозволува данокот на доход да можат да го плаќаат според паушално утврден приход.
- Доколку вршите земјоделска дејност и сакате да се стекнете со право на паушално оданочување, потребно е да поднесете Барање за паушално оданочување до даночната канцеларија на Управата за јавни приходи на чија територија се наоѓа Вашето живеалиште, најдоцна до крајот на 2009 година. Барањето за паушално оданочување се доставува истовремено со Барањето за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност.
- Услов за паушално оданочување е вкупниот приход на земјоделецот во 2009 година да не надминува 1.300.000 денари, цирка 21.000 евра. Основа за пресметување на данокот претставува разликата помеѓу остварениот вкупен приход (во приходот не се вклучени примените субвенции) и признатите трошоци.
- Даночно ослободување е предвидено за оние граѓани чиј вкупен приход од вршење на земјоделска дејност во 2009 година изнесува до 300.000 денари (цирка 4800 евра). Во овој случај, земјоделецот ќе биде целосно ослободен и нема да има обврска да плаќа данок на доход.
- Доколку остварените приходи од земјоделска дејност се поголеми од 300.000 денари и изнесуваат до 1.300.000 денари, во тој случај основица за пресметка на данокот е 20% од вкупно остварениот приход.
Дали државата се прави слепа и не гледа дека земјоделците се во криза? Или едноставно така им одговара да земат и од нив по некој денар барем по 4000 денари од земјоделец на основ на данок на приход.
Мораме да влеземе во севкупна даночна реформа каде секоја фамилија ке биде даночен обрзник, ке ги пријавува сите приходи и сите расходи без разлика за што се направени за да се дојде до ситуација дали фамилијата остварила разлика од приходите и расходите. Ако има позитивна разлика тогаш нека се наплатува скалест данок на добивка. А ако пак има помали приходи од потребните за минимална егзистенција нека биде корисник на некој од фондовите за социјална помош. Толку е прост овој систем на социјална даночна правда. Но државата се прави глува за него. Бидејки така ке го наведе гневот на големите вез себе, ке го наведе гневот врз оние кои им ги финасираат изборните кампањи.
Социјалната правда преку реална даночна политика каде ке се води сметтка за вкупните приходи и расходи е решение за нашиот проблем.
- ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ... ЕКОНОМСКАТА СИТУАЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ САМО СО СИСТЕМ НА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДОХОД И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ПРЕСМЕТКИ НА НИВО НА СЕКОЈА ФАМИЛИЈА ... ... ПОШИРОКАТА ФАМИЛИЈА КАКО ОСНОВНА КЛЕТКА ВО ОПШТЕСТВОТО ДА СТАНЕ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК СО СИТЕ ОБВРСКИ ДА ПЛАЌА ДДВ – НО И ДА ИМА ПОВРАТ АКО ПЛАТИЛА ПОВЕЌЕ ... ... НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ДРЖАВАТА ТОЧНО КЕ ЗНАЕ КОЛКУ ОД ЛУЃЕТО СЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ (ФАМИЛИИ ...) КОИ ТРЕБА ДА ДОПЛАТАТ ДАНОК ... ... НА КОЛКУ ЛУЃЕ И НА КОИ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ОДОБРИ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ...
- Даночна политика ... одговор до zidarski ... Буџетот го полни народот преку данокот кој го плаќа во повеќе слоја а НИКОЈ НЕ ВОДИ СМЕТКА КОЛКУ НАРОДОТ ИМА ТРОШОЦИ И ДАЛИ МОЖЕ ДА ГИ ПЛАТИ ДАНОЦИТЕ ... ... НОВА ДАНОЧНА ПОЛИТИКА каде ке се земе во предвид трошокот на секој граѓани во рамки на една фамилија и кога ке се спореди со приходите, ке се види дали има што да се оданочи или треба на човекот да му се доделува социјална помош - но не за една супа туку до нивото на минималната егзистенција ...
- Државата прави се‘ да го собере данокот ... Данокот се собира одлично од ситните трговци, малото стопанство и од граѓаните ... но големите даночни обврзници т.е. “големите зверки“ се скоро секојпат заштитени ... особено ако се со партијата на власт ... Има територии во државата во кои не важат данчните закони на РМ, поголемиот дел од западна Македонија
- ДЕН НА ДАНОЧНА СЛОБОДА
- Еден ден “магарето(народот) што власта го учи да не јаде“ - ке мора да цркне ... или
- Големото и Малото стопанство - транзиционен историјат ...
- Стопанството по мерка на големите - особено странските инвеститори ...
- Лихварски концепт на држава ... Државата поради својата лакомост сама ке предизвика социјални немири ...
- Фирмарина ... Комунална такса за фирма ...
- КАДЕ ОДИ МАКЕДОИЈА ... Работно време ... прегледи ... нов данок /такаса ... што е целта на сето ова ..
- Данок на вкупен приход
- Данок на вкупен приход (четврт дел)
- ЛАЖИ МЕ ... Задолжување како стил на владеење ... ревносно казнување на народот ...
- Агенција за бришење на невработените
- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- Рецесија - Депресија - Социјална криза ...
No comments:
Post a Comment