Search This Blog

Saturday, January 02, 2010

Детски блог болести околу преселбата – смртен удар на оние кои “дишат“ во коментари

На новата платформа очито ке мораме да ги прележиме детските болести кои се предизвикани од:
  • нашето недоволно познавање на ВорлдПрес
  • веројатно многу малку појаснувања за ненапредни корисници на платформава
  • некои можности на ВорлдПрес се ограничени, особено околу изгледот на темплејтот – веројатно се поаѓа повторно заради безбедност на платформата
  • блогмастерот ке мора да не подучи за многу финти од новава платформа – не се сите напредни корисници на ВорлдПрес     Повеќе ».....


  • насловната никако да го добие посакуваниот лик и да информира за некои неопходни детали
  • се жалат луѓе дека неможат да се логираат за да мигрираат – веројатно ке мора да побараат нови лозинки или што ли …
  • некои блогери кои сакаат да мигрираат блогови од други платформи – велат дека нема сеуште можност за таква автоматска миграција – па одат пост по пост …
Како и да е како и сите детски болести така и овие блог болести околу преселбата ке се надминат. Се надевам дека новата платформа ке им зададе смртен удар на спамерите и оние кои “дишат“ во коментари,  бидејки модерирањето во коментарите е алатка која ке ги овозможи во нивното поранешно уживање, особено промпното евидентирање на ИП адресите на секој кој коментирал на било кој пост.
Новата платформа кога ке заживее преку користењето на некои интерни (внатрешни во оквир на самата платформа) социјални алатки веројатно ке стане мала конкуренција на фејсбук. Да има дадеме доволно време на неколкуте луѓе кои работат на платформата да не направат тие самите грешки во стартот, бидејки тие одпосле тешко се исправаат.
Да не заборавиме дека ова сепак е фрај и би требало преку забава да го полни интернетот со македонски содржини, што е огромен блогерски допринос на причината зошто да одиш на интернет пребарувајки МК содржини.
Една од главните новини на оваа платформа е и тоа што таа е отворена кон пребарувачите – што беше огромен недостатоок на старата платформа.

1 comment:

Anonymous said...

научих много

Blog Archive

Site Meter