Search This Blog

Tuesday, January 12, 2010

До лични карти по две години

http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Најновите термини за вадење на лична карта се закажуваат по две години од денеска !? Тоа значи дека граѓаните ке шетаат по улици и ке одат кај институциите каде им бараат лични карти, банките особено - без важечки документ. Со малиот капацитет за вадење на лични карти (особено во Скопје) државата направи грев пред своите граѓани. За личниот галиматиус и искуство со мајками 77 годишна жена пишував во постот – До Министерката за Полиција, Госпоѓа Јанкуловска … Нели ВИ Е СРАМ ако не ВИ Е ГРЕВ. … Галиматиусот и танталовите маки на граѓаните во потрага за лични карти, пасоши и возачки дозволи за скопјани продолжува и оваа година.          Повеќе ».....

Денешен Дневник не информира за танталовите маки на граѓаните во написот: Со Танталови маки до лична карта.
  • Граѓаните што деновиве имаат закажано термин за вадење лична карта преживуваат Танталови маки бидејќи наместо во МТВ, каде што првично им соопштиле да дојдат, ги препраќаат во просториите на станицата „Беко“.
  • оваа промена не била само за тие што вчера имале термин, туку за сите што отсега ќе аплицираат за вадење лична карта во Скопје.
  • Десетици граѓани чекаа на ред, а системот падна. Оние упорните чекаа уште еден и пол час за да се поправи системот и уште еден час за да стигнат на ред.
  • Не можам да сфатам како може да ни закажат термин на едно место, а потоа без да не’ известат одлучиле да ни презакажат на друго место. Зедов слободен ден од работа, но за џабе.
  • Воопшто не се цени времето на граѓаните. Наместо половина или еден час, јас изгубив три часа само затоа што некој заборавил да не’ информира дека терминот ни е презакажан за друго место.
  • Од МВР соопштуваат дека од почетокот на 2010 година за лични карти во Скопје се аплицира само во полициската станица „Беко“, а готовите лични карти се подигаат во МТВ.
  • Термини почнаа да се закажуваат по две години од јавувањето, па многумина стравуваа дали воошто ќе се сетат дека имаат термин.
Еве неколку постари записи на истава тема:
  1. До Министерката за Полиција, Госпоѓа Јанкуловска … Нели ВИ Е СРАМ ако не ВИ Е ГРЕВ.
  2. Демонстрирање на сила и страв – војна со својот народ, зошто нема меил апликација за промена на лична карта ??!.
  3. Зошто Министерството за внатрешни работи не воведува меил апликација за добивање на Лична карта и Пасош, има ли неуставност во оваа постапка …
  4. Е-Документи за намалување на админстративните бариери – Е-ова, Е-она
  5. Државна лотарија за вадење на ЛК … Бизнис план за актуелен мал бизнис … закажување термин за Лична Карта, Пасош и Возачка
  6. Лични карти и возачки дозволи
  7. Пасошко

No comments:

Blog Archive

Site Meter