Search This Blog

Friday, January 22, 2010

Домашна посета - Итна медицинска помош

http://www.zds.com.mk/foto_centri_txt/i3.jpg http://www.zds.com.mk/foto_centri_txt/i2.jpg
Мајками поради староста и многуте болести одвреме навреме има потреба од специјална болничка нега. Помеѓу другите болести веќе неколку години и е дијагностицирана Leucosis lumphatica chr. Бидејки е веќе долго време и со оваа дијагноза ние кои се грижиме за неа знаеме во кој период што и треба и се трудиме да и помагаме болеста да ја поминува побезболно. Најголемиот дел од лекарствата ги купуваме самите.            Повеќе ».....

Деновиве е во кризна состојба на изнемоштеност и побарав помош од брза помош. Ме упатија на домашна посета. Домашна посета бидејки е на закажување дојде другиот ден, ја прегледа и стави една инекција за смирување на болки и ми даде рецепта за лекарства сосе инфузија. Морав сето тоа да го купам. Другиот ден дојде екипа и ја постави инфузијата - која самиот морав да ја одстранам.

Одавна стана пракса сиот репроматеријал и лекарства да мора приватно да ги купуваме. Често и кога е во болница во Хематологија мора да докупуваме разни репроматеријали и лекови кои во моментот ги немаат. Луѓето кои го градеа здравствениот систем сега се оставени сами скоро се да плаќаат. Така е и во случајот на мајками 77 годишна жена.
Домашната посета се однесуваше како да е на норма - во едно брзање што порано да завршат работа. Вториот ден лекарката која дојде не се ни приближи до пациентот. Ја одгледа од врата.
  • Домашна посета-диспечерски центар бул.Партизански Oдреди б.б., Скопје , (02)3061258
  • P.E Итна медицинска помош ...
    - Првите зачетоци на прехоспиталната ургентна медицина  датираат пред втората светска војна кога ја извршувале приватни лекари со пајтони како превозно средство.Станица  за прва помош била прв пат формирана  после војната во рамките на тогашната градска поликлиника со двајца лекари во смена.
    - Како посебна станица за Итна медицинска помош е формирана на 1 јули 1956 година со четири екипи.Во 1962 година се воведени радиостаници во санитетските возила.
    Во 1970 година се формира  Ј.З.У. Здравствен Дом Скопје-Скопје и Итна медицинска помош се интегрира во него како работна единица  со местоположба до Поликлиника Букурешт  каде организационо е поставена и  денес.
    - Во 2001 година Службата се проширува формирајЌи  диспечерски центар, пункт-Јане Сандански во склоп на Поликлиника Јане Сандански и пункт -Чаир во склоп на Поликлиника Чаир. ...
    - Денес Службата организационо е  поставена со:
    1.Диспечерско тријажен центар -база Карпош
    пункт Јане Сандански,    пункт Чаир, пункт Ченто
    3.Ургентна  амбуланта
    4. Оддел за доедукација и тренинг
    5. Единица за домашна посета и лекување
    6.Мртвопроверителство
    Здравствените услуги  кои  ги дава Службата се:
    -интервенции од прв и втор степен на итност
    -санитетски транспорт во градот,државата и  надвор од неа
    -медицински обезбедувања на манифестации од различен карактер
  • Домашна посета издава посмртници на „жими мајка“
  • Умирање за време на викендите ... Ниту случајно немојте да бидете болни, особено тешко болни, кога редовната терапија не ви помага во сабота или недела. Па, викенд е. Каде се видело да се работи? Брза помош и Домашна посета (на ниво на град) се активни (знаеме сите колку се) само од понеделник до петок, кога се сите екипи на место. А, преку викенд, веројатно одмораат!? Зошто?
  • Екипата на Брза помош со застарен возен парк тешко стигнува до пациентите
  • Боледува од ретка болест и од државна негрижа ... Кога доаѓа домашна посета да ми стави инјекција ми зема по 100 денари. За да примам 10 инјекции плаќам 1.000 денари. ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter