Се најавува дека се подготвува закон каде Јавните претпријатија ке имаат специјален третман за неплатените давачки кон државата. Јавните претпријатија под привилегирани услови на рати и со грејс-период до три години да ги плаќаат заостанатите даноци. Ова е тотално противуставно и противпазарно решение каде овие Јавни фирми се ставаат во привилегирани услови во однос на сите останати фирми кои сега и веднаш мора се да платат инаку им се блокира работата а за долгот тече лихварска дневна камата. Повеќе ».....
- Ова го предлагаат група пратеници од власта и опозицијата поради лошата состојба во јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата, односно од општините или Град Скопје, кои имаат големи долгови за даноци кон Управата за јавни приходи (УЈП) и е доведена во прашање нивната ликвидност.
- Според некои пресметки, станува збор за стотици милиони евра.
- во јавниот сектор постојат огромни долгови по сите основи, вклучувајќи и даночни долгови.
- Експертите сметаат дека ова е надвор од секоја пазарна логика и со ваква мерка се дискриминираат приватните компании кои за даночен долг ригорозно се казнуваат.
- УЈП неодамна им блокираше сметки на десетина илјади фирми во земјава поради неисплатена бруто-плата.
- Ова е целосно непазарен закон со кој повторно се истиснува приватниот сектор од економијата.
- Како најголеми должници од јавниот сектор се споменуваат „Македонски шуми“, железницата, водостопанствата, поштата и други.
No comments:
Post a Comment