- Брисел покрена истрага за распределбата на европските пари од страна на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
- Откако „Нова Македонија“ објави дека оваа институција која менаџира со европските пари за млади и образование ги делела парите за проекти на „роднински“ и „пријателски“ невладини организации, Европската комисија ќе го истражува случајот.
- Никола Тодоров најави дека ќе испрати ревизори кои треба да проверат како Агенцијата ги делела европските пари и дали постои судир на интереси. Истрага најави и Државната комисија за спречување на корупција.
Уште не сме ни почнале да добиваме вистински дози на пари од Брисел а веќе не зарази вирусот на бугарскиот криминален модел на делење на пари добиени од Брисел. Балканот си го покажува својот лик. Тоа нема да помине кај Брисел. Не поминува ни во Бугарија, Грција – нема да помине ни во Македонија. Си велам и што ке ни се парите од “ку*вата“ Европа, која не ни дава НИЕ да си направиме критериуми на кого и колку ке му ги дадеме од парите. Па парите се за трошење, ко и нашиот буџет де. Ни се мешаат во внатрешната политика и право. Па ние владееме со државата суверено бре.
No comments:
Post a Comment