Search This Blog

Tuesday, January 05, 2010

Коледарски огнови

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/5Large-28.jpg?t=1231244012
Вечерава традиционално луѓето се собираат околу коледарските огнови. Припремите за овие огнови се традиционални. Кумот кој по традиција се одредува на минатогодишниот коледарски огон со кршење на лепче во кое има само една паричка, се грижи са вечерашната церемонија – собира пари од комшиите или наоѓа донации за да купи дрва за коледарскиот огин, организира група на луѓе кои варат блага ракија и група на луѓе кои припремаат посни јадења, сарми, ориз, риба, со обавезното гравче, посни колачиња … посно е поради божиќните пости. Повикува свештено лице да го благослови огинот и прославата, повикува/организира музика. На крај истата група на луѓе го чисти и сметот од дешаванката.         Повеќе ».....

Нашата црква како да е поделена во одредувањето на оваа традиција. Едни велат дека не е добро да се прекинува традиција која собира толку народ (скопската и кумановската епархија), дека и во коледарскиот огин треба да се најде симболика која ке одговара на христијанското догматско учење, други велат дека тоа се пагански обичаи – кои пред одреден број на години се увезени од србската црква (струмичката епархија особено), тие велат дека вечерава треба да се помине во молитва и во бдеење – во исчекување на христовото раѓање. Верниците а богами и атеистите иако се во недоумица сепак се одлучуваат да ги посетат коледарските огнови, секако воздржувајки се од алкохол и премногу веселба. Етнолозите укажуват дека коледарските огнови изворно потекнуваат од паганско (безбожно) време кога се славело сонцето. Свештените лица на ова велат дека сепак се слави оној кој го создал сонцето, небото, земјата и универзумот …
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/-4Large-6.jpg?t=1231162597

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/-1Large-6.jpg?t=1231161869
  • Коледарски огнови – припрема … фото сторија …
  • ХРИСТОВА СВЕТЛИНА
  • Божик најавен од илјадници коледарски огновиКоледарските огнови околу кои се собраат соседите во квечерината на 5 спроти 6 јануари, делењето на погачата со паричка се само најава на големиот христијански празник Божик.
  • Збирајте се дечиња,
    стред село на грејачка,
    огон да си палиме,
    за да се изгреиме,
    оти после ќе одиме
    Коледа да викаме,
    костење да збираме,
    за Бадник да јадиме.
    Божик да го чекаме
    и прасе да јадиме.
    Народна песна
  • Ебени огнови
  • МПЦ ПРОТИВ ПРОСЛАВА СО ПАГАНСКИ ОБИЧАИ … Бадникарските огнови, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треба да ги одбележуваат деновите пред Божик, сметаат достоинственици на МПЦ. Митрополитот струмички Наум и епископот велички Методиј, управител на Американско-канадската епархија, велат дека гозбите и пиењето околу коледарските огнови е во целосна несогласност со црковното предание и со божикниот пост. … Владиката Наум укажува дека и обичајот со бадниковото гранче не е дел од македонската традиција. … Овој обичај е насилно воведен во нашите цркви по утврдената српска окупација на вардарскиот дел на Македонија по завршувањето на Првата светска војна. Ова е прашање на идентитет и знам дека со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со телото и крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шума отколку да се чекори по тесниот евангелски пат – вели владиката Наум.
  • Нека ми прости
  • ДРВО НА ВЕЧНИОТ ЖИВОТНашите коледарски огнови ни го вратија споменот на необичната ѕвезда што се појави над Витлеем, ѕвездата што го покажуваше местото на Христовото раѓање. И тој пламен, таа светлина, со векови трае и пламти во душите на нашиот верен народ. А коледарските песни и подароците што ги добиваат коледарите се продолжување на ангелската песна и на дарувањето во онаа неповторлива ноќ во чест на новородениот Богомладенец.
  • Поделени дрва за коледарските огнови
  • Со еротски песни на коледарските огнови
  • Вечерва ќе се запалат коледарските огнови

No comments:

Blog Archive

Site Meter