Search This Blog

Thursday, January 28, 2010

Крадење на авторски права – расправа меѓу традиционалните и новите медиуми

http://makfax.com.mk/_image/99089/get
Традиционалните медиуми (таканаречени мејнстрим) наместо да најдат како да ги вклучат новите медиуми во своите интернет изданија – тие почнаа војна со новите медиуми кои “краделе“ содржини од нив. Самите воопшто немаат самокритичен осврт за тоа што го прават. Имено многу голем дел од нивните “авторски“ текстови се преземени содржини од изданија во странство и тоа со лош превод, секако не е наведен ниту изворот. Често преземаат содржини и од новите медиуми без да наведат извор т.е. да дадат линк во нивните интернет изданија. Традиционалните медиуми ова го правдаат со немање доволен капацитет на луѓе кои би го правеле тоа за нив.             Повеќе ».....

На горната слика се дадени потписи на Макфакс, Нетпрес, Вест, Време, Дневник, Нова Македонија, Утрински весник, Канал 5, Кајгана, ИдиВиди, Форум – каде овие медиуми се обраќаат до новите медиуми и радио станиците со констатација: На средбата одржана на 24.12.2009, присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие медиуми во целост или делумно од дел на веб порталите и радио станиците во Република Македонија, со што директно се крши законот за авторски права, но и се нанесува реална штета со намалување на бројот на посети на порталите на медиумите кои ги продуцирале овие вести (информации).

Истовремено од оние кои преземаат вест бараат:
  • да има линкување до изворот !!
  • во спротивно се повикуваат на законот за авторски права и најавуваат постапки во судовите. Која хипокризија.
Бидејки на темата се имам произнесено неколку пати ке се навратам прво на моите стари записи каде се повикувам на обратна ситуација – каде традиционалните медиуми дрско преземаат содржини, дури и фотографии без да наведат извор, каде докажувам дека нивните авторски вести се само лош превод на вест од странски извор …
На истава тема пишуваа и:

1 comment:

Emil A. Georgiev said...

Проблемот постои во тоа што многу от лугето сосема не се упатени во нормите на авторското право, посебно можноста да се ставуваат цитати и така натаму.

Секако, користењето понови лицензиски модели како што се Creative Commons би имале потенцијал да ги решат проблемите на кои потенцираш во својот пост.

Blog Archive

Site Meter