Ако се соочите со проблеми, консултирајте го Блогмастерот (blogmaster@blog.com.mk)
А. – На почетокот сите моравме да учиме WordPress, што и не е претешко бидејки е тоа една од најдобрите отворени кодеви (јузерфрендли) за уредување и едитирање на текстови во форма на блог записи. Многумина веќе имаа искуства со оваа платформа на нивниот сервис за блогирање, или пак на сопствен домејн.
Б. – Потоа следуваше генерално „кречење“ на блоговите – што значеше избор на една од понудените стотина теми и нејзино уредување, бои, наслови, сетинзи на виџети и плагини, сајтметри, банери и друго. Имено на новата платформа моравме да ги заборавивме нашите омилени изгледи од старите блогови. Моравме да креираме сосема нов лик на изгледот на нашиот блог, бидејки неможат да се пренесат темплејтите од старата платформа. Овдека не чекаше изненадување што немавме пристап на отворен ХТМЛ код т.е. ЦСС на нашите нови блогови. Всушност имаме само ограничен пристап на ХТМЛ кодот т.е. ЦСС-то – само во точно определен момент на изборот на темплејтот, бидејки некои од таговите не се дозволени од безбедносни причини. Додатни објаснувања за ова имав и во постот Како да го модифицирам изгледот на мојот блог?
В. – Имаше неколку почетни проблеми на платформата кои јас ги нареков Детски блог болести околу преселбата, сите врзани со употребата на кирилицата во платформата. Сите кои имаа кириличен јузејнејм има проблеми да влезат во “Јас на блогерај“ – некои го решија по упатството дадено од Пипо – Проблеми со корисничко име (во моментот не функционира линкот, поради вториот поголем проблем на платформата – проблемот со линковите). Повеќето блогери веројатно го послушаа советот на Пипо за промена на аватар т.е. најпрвин додавање нов а потоа бришење на стариот. Сето треба да се изведе со особено внимение бидејки ако во одреден момент не се пренесат постовите на новиот аватар постовите на стариот аватар се бришат. Јас сум еден од ретките блогери кои СЕУШТЕ ЧЕКАМЕ ОВА ДА ГО ПОПРАВИ БЛОГМАСТЕРОТ или да даде упатство како да постапиме за да го користиме тој дел на можностите на оваа платформа.
Г. – Најголемото задоволство беше околу можностите на новата платформа за модерирање на коментари за што повеќе пишував во постовите за Анонимни коментари и смртен удар на оние кои “дишат“ во коментари. Е да во одреден момент некои се разочараа што по мене оправдано се исклучи можноста за едитирање на туѓи и свои коментари. Тука по мене фали „Превју“ на коментарот пред да го пуштиш за да се види дали е се во ред и дали функционираат правилно линковите ако ги има во коментарот.
Д. – Јас лично сеуште пробувам со Сетинзите на blog.mk бидејки има толку многу од нив и ми треба време да ги изберам вистинските кои ми се потребни.
Ѓ. – Пред некој ден јас лично имав Проблеми со линковите на blog.mk. Истите ги разрешив благодарение на упатството на Бочваров, кој даде упатство преку една слика која ја давам и тука во постов. Гледам дека сеуште многу блогери го имаат истиов проблем.
Клик тука или на сликата за да го видите подобро доброто фото објаснување на Бочваров. Јас се правев како треба ама не го правев вториот чекор кој истотака е потребен.
Е. – Насловната сеуште по мене нема добиено најсреќно решение. Највеќе фали на едно место да има линкови кои ке водат до советите за полесно блогирање, иако тоа го има на едно место кога ке отворите нов пост. Осем личната комуникација со Блогмастерот (blogmaster@blog.com.mk) фали општата со сите блогери. Некои од разрешените или сеуште неразрешените проблеми не се наоѓаат на насловната на пример.
Ж. – Сепак мојата општа оценка за новата платформа е релативно добра. Новите социјални играчки на платформата ги немам пробано бидејки немам пристап до нив поради мојот пролем со кириличниот јузернејм. Неможам да примам и да праќам пораки, да одобрувам пријателства и да ја пратам активноста на моите таканаречени пријатели. Не членувам ни во една од оформените групи не затоа што несакам но за тоа немам време.
З. – Ов вчера имам проблем во нередовното пристигање на меилови дека имам нов коментар.
- Проблеми со линкот на blog.mk
- Сетинзите на blog.mk
- Анонимни коментари
- Колку блогови/ери има на blog.mk … до 8 Јаноари имаше 768 блога/ери.
- Како да го модифицирам изгледот на мојот блог?
- Уредувањето на HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти
- Блог заедницата взаемно се помага … некои се разочарани, но се чини повеќето се задоволни
- Детски блог болести околу преселбата – смртен удар на оние кои “дишат“ во коментари
- Со среќа во новото дома – blog.mk, четките во раце
2 comments:
Драг Волан
те молам за помош
зошто на polatski.blog.mk не ми се појавуваат фотографиите
срдечно
и за многу години
полатски
А имаш ли пристап воопшто до блогот, се пресели ли, напиша ли било каков пост ?
Зошто прашуваш тука а не на платформата на блогерај, можеш ли вопшто да коментираш таму ?
Како и да е најдобро е да се обратиш со меил на блогмастерот
blogmaster@blog.com.mk
Post a Comment