Незнам дали има законско право - но морално право НЕМА.
Ова се повторува на сите избори и во периодот на предизборието. Избрани функционери во сите нивои на власта во врме на предизборие и во време на избори го користат работното време и државни средства за агитирање на партијски митинзи. Колони од десетици мерцедеси кои се државни возила се редовен придружник на вакви митинзи и средби со народот за партијски цели. На сето ова се додава и таканаречената од мене „Автобус демократија“, каде со неколку автобуси се четаат професионални викачи по партијските трибини. Не не мислам за забавувачите - туку баш на они професионалните викачи кои викаат Уааааааааа или други промотивни пароли и силно ракоплескаат мавтајки со партијски обележја. Партиите на власта ги злоупотребуваат имотот на граѓаните и го користат за нивни цели. Зарем нема закон што го забранува тоа?!
- Изборните митинзи и автобусите … Зошто залудно ги трошите парите ?? … ај да си ги мериме …
- Митинзи … оние изборните …
- Избори во Март … Во зима избори и револуции не се прават …
- Телевизиските монолози на Груевски … Мене би ми било срам да се поздравувам пред камерите со луѓе кои ми ги носат со автобуси
- Иванов ја прифати тактиката на ВмроДпмне … “Автобус демократија“ … нема соочувања со противниците ..
- Буџетот и изборите …
- Измешана, изместена и извртена кампања …
No comments:
Post a Comment