Има ли Македонија Министер за надворешни работи и ако има кои се неговите способности и дострели. Овој кој сега е пријавен дека е Министер за надворешни работи свршуваше кога ке ја фатеше раката на Бакојани и клептомански маваше пенкала, ко децата што собираат сликички за албум. Тогаш кога ке требаше да одработи да излобира било каква подршка за Македонија тогаш го немаше. И треба ли на Македонија Министер за надворешни со капацитет на Милошоски. Повеќе ».....
Во бејби Владата на Груевски Милошевски е една од послабите карики. Ако на Министерот за надворешни работи му се даваат само протокорални работи и нема право самостојно да изусти три реченици – тогаш е подобро да го нема, т.е. по примерот на Грција и Македонскиот Премиер треба да ја преземе улогата на прв Министер за надворешни работи, а Милошоски да биде само негов помошник. Тогаш со таква улога Груевски може да го праќа и во “Свирипичино“ – за да им ја појаснува програмата на Владата за приодот во Надворешните работи.
1 comment:
Волан, ова повеќе ми личи на политички памфлет... доколку ова е Ваш личен став, за поголема веродостојност молам поткрепете го со конкретни факти, односно кај не бил(го немало) а требало да се појави... мое мислење е дека Милошоски е еден од најдобрите министри во Владата, а за тие што се упатени во надворешната политика не е спорно дека солидно си ја работи работата...
Една од најважните работи во надворешната политика се средбите, молам сам оценете и споредете ги средбите на Милошоски и поранешните министри за надворешни...
сепак се сомневам дека ќе го направите тоа објективно, и ќе остане текстот само смешен блед напад, намерно или ненамерно конструиран политички памфлет...
Post a Comment