За мене неочекувано и изненадно беше денешеното гостување кај Јанко ЈадиБурек, на Владимир Милчин извршен директор на Фондацијата Институт Отворено Општество ФИООМ/FOSIM. Имав некакво сознание (испадна погрешно) дека Милчин и не е баш некој посакуван гостин во емисијата на Јанко, со оглед на ставовите кои Јанко ги искажувал во однос на ФИООМ и Милчин како личност. Повеќе ».....
По редот на нештата му беше дозволено на Милчин да ја престави работата на ФИООМ – представувајки ја програмата и целите на ФИООМ. Интересно сознание се доби и од представување на личниот профил на Џорџ Сорос. Посебно внимание предизвика појаснувањето на кованицата “Отворено Општество“ – кое произлегува од премиса на Џорџ Сорос дека НИКОЈ НЕ ТРЕБА ДА ИМА ПРАВО НА ВИСТИНАТА. Беше појаснета и Мисија на ИОО. Во Македонија Мисијата на ФИООМ е Внатрешна интеграција на Македонија како предуслов за пристапување во Европската унија.
На кратко беа дадени груби бројки со кои ФИООМ располага во Македонија. Испадна дека половина од парите со кои располага ФИООМ не се од главниот спонзор Џорџ Сорос туку се од други меѓународни донатори и институции.
Појаснета беше Организациска поставеност на ФИООМ и принципите на работењето и трите нивоа на контрола на ФИООМ.
На прашање на Јанко – Дали ФИООМ има одобрувано пари за помош на политички партии и нивни програми Милчин кажа дека ни еден денар нема отидено кај ниедна партија и дека никојпат не е помагана програма на ниедна партија.
Беше појаснето како ФИООМ помага во медиумите, т.е. дека финасира десетина новинари кои треба да пишуваат за прашањата на евроинтеграциите а потоа медиумите сами одлучуваат дали условно речено “стипендијантот“ ке продолжи да работи во нивниот медиум. Милчин појасни дека таква слична програма имал во Министерството за Полиција и Правда.
Можеби најголемо изненадување за Јанко беше сознанието кога Милчин го елаборираше неговиот личен став околу одредувањето на Милчин за прашањето на името, идентитетот и јазикот. Милчин се изјасни дека за идентитетот и јазикот нема место во преговорите со Грција и за нив не треба да се преговара. Посочи пример на изјава која ја дал во време на грчкото ембарго дека ако некојпат некој и наметне име на Македонија без нејзина согласност дека ке појде во шума да се бори против тоа. Тогаш Јанко рече дека со вакви изјави Милчин од утре слободно може да се сврста во редот на војводите и патриотите.
Милчин се изјасни дека во оваа ситуација Македонија мора да направи договор за таканареченото Име за меѓународна употреба на Македонија. Како што се гледа од сето ова Груевски и Милчин се на исто одредиште во однос на црвените линии околу името идентитетот и јазикот.
Милчин говореше и за некои други проекти кои ФИООМ ги помага. Проговори и за тоа дека во однос на политиката и партиите во ФИООМ не е се црно и бело. Дека некојпат во фондацијата член на Управниот одбор бил сегашниот претседател на Македонија господинот Иванов. Дека минатиот трагично загинат претседател Трајковски е грантист на ФИООМ а пратеникот Илија Димовски бил член на комисија која делела грантови.
Очекувам од утре и Јанко ЈадиБурек да влезе во листата на Соросоидите. Ке му маваат сеир дека ете и него успеал да го купи.

- “Македоноидите“ и “Соросоидите“ – конечно дијалог во Кичево … МОНОЛОЗИТЕ беа доминатни послед.неколку демократски години …
- “Соросоидите“ – нападнати во Струга … трибината не е одржана – насилно е прекината …
- “Соросоидите“ во Штип … ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА …
- “Соросоидите“ во акција … Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК..
- “Фабрика 3“ … „Манифестот за европска Македонија“ … „Граѓани за европска Македонија“
- Ѓорѓе Иванов … за што се залагал во минатото … што зборувал и пишувал …
1 comment:
Car si batka,na ista vaga gi stavi Gruevski i Milcin ........ a sto e so izjavite na ostanatite biseri od "sorosoidcinjata" .... i tie li se na ista "vaga" so Grujo??????/
Post a Comment