Search This Blog

Saturday, January 16, 2010

Црква и Џамија на плоштадот во Скопје

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/95B28B041C2BFF4AAB23032A83833A69.jpg http://i42.photobucket.com/albums/e324/Andrej081/Novplostad.jpg
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/Small-1.jpg?t=1263656331
Сношти ја гледав дебатната емисија на А2  “Дали треба да се гради Црква на плоштадот“ во која како ретко кога имаше релевантни гости за темата Црква и Џамија на Плоштадот во Скопје, беа присатни:          Повеќе ».....
  • Владиката Климент, секретар на МПЦ
  • Градоначелникот на Скопје, Владимир Тодоровиќ
  • Поранешен Градоначелник на Скопје и Професор, Мирослав Грчев
  • Раководител на секторот за урбанизам во Општина Центар, Соња Шумкова,
  • Еден од противниците за изградба на Црква на плоштад, Никола Наумовски од „Плоштад слобода“
  • Координативно тело за Бурмали џамија, Рамадан Рамадани
Од видеото на А2 ке пробам да издвојам неколку акценти кои се битни за темата:
  • Дали е обештетена Црквата за преземање на локацијата на Црквата Сцети Констатин и Елена? Во јавноста досега имаше уверување дека обештетувањето за рушењето на Црквата Свети Константин и Елена е сторено со доделувањето на локацијата на Соборниот Храм Свети Климент и помошта во неговата изградба - што до некаде го потврди и Владиката Климент кој спомна дека долго време во влезниот дел на Свети Климент стоела голема икона на Свети Константин и Елена во спомен на срушената Цркваа како знак за нејзината реобнова тука на ова место. Но рече дека не е направено материјално обештетување туку дека тоа било морално и етичко.
  • Владиката Климент укажа дека можеби до немилите контрапротести немаше да дојде доколку на трибината која се организирала во Точка (дента пред протестите) биле присатни и представници на МПЦ - кои не биле поканети, туку на самата дебата кога дошле некои верници имало немил настан. Владиката побара дебата, разговор за темата Црква на плоштад. Подоцна Владиката Климент спомна дека се понудил да земе учество во трибината но не бил прифатен од Соња Исмаил.
  • Грчив истакна дека дебатите се интересни и возможни само кога се пред свршениот акт, но овде скопјани кои не ја сакаат црквата на плоштад сосе професионалната јавност се силувани. Сега се зборува одпосле, одкога е веќе одредена површина за градба на црквата, готово е и одобрението за градење ...
  • Црквата ке почне да се гради кога ке оцени инвеститорот дека созреале сите услови за почеток на градбата ...
  • Шумкова објаснувајки дека не се точни обвинувањата дека државата го краде земјиштето за општа употреба од граѓаните на Скопје - појасни дека маркицата на црквата влегува во регулационата линија која е наменета за градба и не е дел од Плоштадот. Грчев се спротивстави на ваквото тумачење и појасни дека маркицата се наоѓа на двете Улици кои се стопуваат во плоштадот - а улиците се јавна површина и не може да влезат во градежно земјиште. Прашањето очиглено е стручно и остана отворено бидејки никој никого не успеа да го убеди со своите аргументи дали земјиштето под маркцата на новата Црква е градежно земјиште како што тврдеше Шумкова или е земјиште за општа употреба како што тврди Грчев ...
  • Грчев посочи дека со издавањето на маркица за градење на Црква на плоштад по метод како е сега изведено се направени неколку грешки каде не само што е прекршен принципот на секуларноста на државата, погазен е уставниот поредок, градската суштина, односно градската плоштадска демократска суштина. Сите демократски цивилни поими кои ги употребуваме потекнуваат од градските плоштади. Демократијата поткнува од грчката агора - грчкиот плоштад. Република потекнува од римските рес-публика - јавни работи јавни простори. Форумот во словенските јазици е трг-трговиште. Плоштадот е простор којшто е световен по дефиниција, не свет, не сахрален, световен - значи за народот. Тој простор (плоштадот) во случајот се злоупотребува за антидемократски идеии.
  • Ова не е спорно на пример за маркицата за Бурманли Џамија која не е во оквир на Плоштадот.
  • Одкако Рамадани посочи дека не му е јасно зошто власта не издава маркица за градна на Бурманли Џамија под иста постапка и ценовник како за Црквата на плоштад и покрај упорноста на ИВЗ т.е. Скопското Муфтиство - градоначалникот Тоторовиќ рече дека до него нема упатено барање а и ингеренциите за тоа не се кај него, посочи дека е видливо дека иницијаторите за реобнова на Бурмали Џамија се многу активни откако стана јасно дека на плоштадот има маркица за Црква - тие тогаш стануваат многу активни, према состојбата во Општина Центар има само два проценти муслиманско население и не е добро за така малку верници да има Џамија. Дека граѓаните муслимани во јавната расправа за ДУП-от на Центар не поднеле никава иницијатива за обновување на Бурманли Џамија. Дека членови на ИВЗ се повлекуваат од идејата за реобнова на Бурмални Џамија ако нема Црква на плоштадот. Рамадани реплицираше дека во општина Центар има писмени иницијативи за реобнова на Бурманли Џамија кои се со многу стар датум, но тие иницијативи немаат разрешница.
  • Наумовски на ова предложи граѓаните да се изјаснат со референдум дали сакаат црква и џамија на плоштад, референдум кој би го организирала општината. Тодоровиќ истакна дека тоа не е негова работа и го упати Наумовски да продолжи со акцијата за собирање на потписи за да се спроведе референдум дали граѓаните сакаат на плоштадот да има Црква и Џамија.
  • Грчев истакна дека е индикативно  што секој чекор за реализација на оваа идеја(изградба на Црква на Плоштад) е сериозно погрешен. Идејата за изградба на Црква на плоштад произлегла не од Црквата или од народот туку од изборната програма на ВмроДпмне. Реализацијата не произлегува од стручна студија и дебата, конкурс - туку произлегува од изборот на лидерот на ВмроДпмне во улога на Премиер. Решението е против струката и во времето на произнесување на идејата - таа била спротивна на тогашниот ГУП. Индикативна е реакцијата, всушност недобрата реакција на протиестите на стотина студенти на плоштадот кои со транспаренти протиестираа со идеја „Не го силувајте Скопје“. Се појавува вистинска профашистичка групација на црнокошуљаши кои што физички се пресметаа со студентите протестанти. Во тоа време меѓународната заедница побара да се најдат насилниците, кои насилно не ги дозволија закажаните протести на Скопје. Тодоровиќ истакна дека нема човек кој не ги осуди насилствата.
  • Владиката Климент истакна дека скопјани никојпат не ја заборавиле Црквата Свети Константин и Елена, дека и денеска има стари скопјани кои одат преку една врата во подрумот на ГТЦ за да запалат свеќа во темелите на Цеквата каде сеуште има делови од Крстилницата. Грчев праша зошто тој простор на старата локација на Црквата Св. Константин и Елена се врзува со локација која е 250 метри одалечена - на што Владиката рече дека се само седуфдесетина метри. За да утврдам кој е во право ке одам на Гоогле мапс за да видам колкава е вистинската воздушна раздалеченост на двете локации. Гогле вика дека тие две локации воздушно се одалечеби 192 метри (од средината на едната локација до средината на другата локација). Грчев потенцираше дека новата локација се наоѓа под најголемиот канализационен вод и дека воопшто не е природно под Црквата да течат фекалии. Владиката Климент истакна дека иницијатива за обнова на овој храм одсекогаш постоела но до сега немала подршка од ниедна власт, осем последната која ја даде идејата за реизградба на новата маркица на плоштадот.
  • Грчев истакнува дека цело време во игра е замена на тези, продажба на земјиштето е чиста корупција во која државата едно градско земјиште го подржави, за подоцна да го даде на Црквата за бесмислено ефтина цена, скоро како подарок. За сето ова нема законски основ, и несмее да го прави затоа што е тоа корупција и спрега помеѓу државата и црквата што е противуставно и на тој начин се фаворизира една конфесија и една Црква кога маркицата има назив “верски објект“. Одкако законот за продажба на државно земјиште е наменски сменет за оваа потреба, дека за верски објекти државата има право во непосредна спогодба да може да се продава државно земјиште. Но и покрај тоа пак нема дискреционо право да го градежното земјиште подарува , без процедура да бира на кого ке му го додели т.е. продаде. Шумковска реплицираше дека во ДУП маркицата носи назив “верски објект-православен храм“.
  • Грчев жали што МПЦ го прими овој корумтивен подарок. Владиката Климент рече дека грешката на минатиот систем кој ја сруши Свети Константин и Елена мора да се поправи, бидејки тоа верниците го бараат и очекуват. Во последно време имаме се повеќе верници и спонтано се појави потребата за реобјавување на овој храм.
  • Водителот постави прашање колку метри Соборниот храм е одалечен од оваа локација, веројатно да посочи дека на кратко растојание има премногу Храмови и запраша колку ке кошта реизградбата на Свети Константин и Елена со оглед на тоа дека се шпекулира со десетини милиони евра во прашање т.е. 18 милиони евра беше понудата што беше одбијана на тендерот за брадба кој пропадна.Владиката рече дека незнае точно но дека е некаде околу километар. Гогле вели дека до Св. Климент воздушно има 560 метри, до Свети Димитрија има 415 метри а до Света богородица 630 метри.
  • Грчев уште еднаш повтори дека идејата за реизградба а Св. Константин и Елена не произлезе од МПЦ, туку Владата беше творец на идејата и на финасиер на проектот. МПЦ во почетокот не беше ни инвеститор - туку “компирот“ го презеде откако тој стана прежежок. Владиката Климент истакна дека МПЦ била консултирана во одредени фази на проектот, кој патем го изработиле студенти на професорот Грчев и дека тој проект бил со многу добри оценки. Во конкурсната комисија имало представници на МПЦ и хрватски духовни лица, цело време при проектирањето имало присатен теолог кој советувал ...
  • Наумовски кажа дека МПЦ го купила плацот за новата црква за 40.000 евра, што е многу малку за вредноста на локацијшто и се половина од пари за било кое возило во кое се возат владиците на МПЦ. Запраша зошто граѓаните требаше да го платат проектот за изградба на црква а не самата Црква во кое МПЦ ке остварува “профит“.
  • Владиката Климент на мое изненадување на двапати предупреди на милитантена атеизам ... зарем постои нешто такво во Македонија.
  • Во еден момент Владиката Климент праша зошто никој не предлага нова пригодна локација за Свети Константин и Елена ако предложената маркица е толку спорн. Грчев кажа дека на паркингот пред Хотелот Холидеј Ин, на местото на паркингот - каде МПЦ Полошко Кумановска Епархија има свој имот кој го доби во процес на денационализациа. Владиката ведаш посочи дека тоа не е имот на Скопска епархија туку на друга епархија и таму скопсата епархија неможе канонски да грди храм - поради некакво правило на Метох (древен канон кој се почитува), кое е правило на експозитура.
  • Самиот со два поста кои ги линкувам подолу во постов предложив најприфатлива локација за реизгрдба на Црквата Свети Константин и Елена која према Гоогле е далеку само стотина метри од темелите на стариот храм, кој немал многу голем двор - тоа е просторот на аголот на паркот Жена борец пред зградата на Пелагонија. Вистина не е на Плоштад но и старата локација на црквата Свети Константин и Елена не била на плоштад.
  • Се разбира дека не Ви пренесов се што беше кажано на трибината, туку она што беше порелевантно за темата.
Ова отворено прашање како ретко кое го следам од нејзиното настанување, дури за ова прашање пишував во моите постови пред воопшто во јавноста да се споменува реизградбата на Црквата Св.Константин и Елена:
  1. Св. Константин и Елена 2006/06/03  ... ... во некои записи жалење на Скопјани зошто од нивната меморија ја снемало оваа црква која била во најстрогиот дел на Скопје. Има барање на црквата за враќање на земјиштето во владение на Македонската црква. Има неколку иницијативи да се изгради барем некој поимпозантен параклис или некое мало Црквиче како она во кругот на централната болница во Скопје. ... ... Имам и една прекрасна идеја да се собереме некој ден пред ГТЦ и во знак на сеќавање на црквата да запалиме свеќа. А уште подобро би било тоа да се обратиме до нашата црква и заедно со нив тоа да го сториме.
  1. http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/Sv-Konst-I-elena%20-%20podobra.jpg
  2. СКОПЈЕ – ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ... ноември 22, 2006 - во овој пост побарав и споменот на Црквата Свети Константин и Елена да се возобнови, барем со параклис
  3. Св. Константин и Елена … повторно во центар … Во Јаноари 2008 на база на програмата на ВмроДпмне беше актуелизирана идеја за реизградба на црквата Св.Константин и Елена, која не само што не беше на старите темели, туку се однесе на локација на Градскиот плоштад каде го гуши протокот и го затвара плоштадот. Одпочеток се велеше дека името на црквата ке го одреди МПЦ и не треба да се преудицира а владата се јави како инвеститор на идеен проект и ги спроведе сите легалистички процедури за исцртување на оваа до тогаш непостоечка маркица за градба ... се преку соодветни одлуки на администрацијата на општина Центар. ... ... Ова предизвика бурна реакција на еден дел од противниците на оваа идеја а го подгреја и барањето на муслеиманите кои побараа да се додели маркица и за Бурманли Џамија на старата локација ... ... имаше и луѓе кои предупредуваа декана оваа маркица е старата куќа на Мајка Тереза.
  4. http://img180.imageshack.us/img180/6324/katastrofahl1.jpg
  5. „Св.Никола“ може да почне да се гради на плоштатот во Скопје … ги има сите потребни дозволи
  6. Каде беше старата локација на Св.Константин и Елена…Св. Константин и Елена да се возобнови на старите темели кои уште постојат ... ... тука се обидов да разјаснам каде беше старата локација на црквата ...
  7. http://i42.photobucket.com/albums/e324/Andrej081/Neposrednopredzemjotresot.jpg
  8. Ке има ли и утре контрапротест … против – протестот за слобода на говорот – или против барање за реизградба на Бурманли џамија ...  ...  за жал сето ова предизвика поделба на скопјани на приврзаници за градба на Црква на оваа локација која сега се избра и на оние кои велат дека локацијата не е погодна за градба на црква ... ... се случија протести и контрапротести кои прераснаа во тепачка на плоштадот ...
  9. Урбанистите се слепи … или се прават слепиhttp://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/P4110327Large.jpg?t=1239528563
  10. Св. Петка Црниче – Скопје … Sv. Petka Crniče – Skopje … фото и видео сторија … Во оваа црква по нејзината реконструкција во 1063 година се поместени дел од главните фрески и мал дел од иконостасот од црквата Свети Константин и Елена ... ... главната икона о Свети Константин и Елена е во многу лоша состојба и е потребна итна конзервација ... за ова ветив дека ке имам посебен пост ... http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/826Large.jpg
  11. Св. Константин и Елена Скопје – нејзината некогашна и сегашна локација … тука уште еднаш се бавев со старата и сегашната локација - со тоа што предлоќив најприфатлија нова локација, која сношти владииката Климент ја спомна а тоа е дел од паркот на Жена Борец. ...http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/71Large-3.jpg?t=1243511838
  1. Вистинската локација на Црквата Константин и Елена … помеѓу првите две згради од кулите покрај Вардар … токму на еден од ќошовите на сегашниот трговски центар (денешни фотки од локацијата во наредните слики) …
  2. Локацијата на која владата одбра да гради Црква на плоштад. Место кое го оспорува архитектонската/особено урбанистичката фела – поради задушувањето на центарот т.е. премалата локација во однос на саканиот габарит на новата црква. Локација поради која имаше неколку протести од кои најпознат е протестот на студентите
  3. Локација која за реизградба на св. Константин и Елена ја предлага Данило Коцевски, веднаш позади Стоковна куќа Типо … место на кое сега е предвидена изградба на катна гаража …
  4. Локација која ја посакуваат некои црковни великодостојници за идната црква на плоштад … На локацијата сега е предвидено да се гради дел од комплексот на Градската куќа со делови наменети за хотел и ресторант …
  5. По мене најбезболната пригодана локација за реизградба на црквата Св. Константин и Елена … на сегашниот ќош на Паркот жена борец, карши плоштадот Пела … на една следна фотка од maps.google.com -  ке се види подобро оваа локација …
  6. Локација која би се створила со уривање на сегашната Стоковна куќа Типо – некогашна “Нама“ … многу од експертите го предлагаат токму ова решение … имено се работи за зграда која е при крај на својот “животен циклус“ … во новите решенија на урбанистите за овој дел сосема не се вклопува во новиот посакуван лик на плоштадот …
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/75Large-2.jpg?t=1243517093
  1. Старата локација на црквата Константин и Елена …
  2. Сегашната предложена и од Општина Центар усвоена локација за реизградба на Св. Константин и Елена …
  3. Локација која ја посакуваат некои црковни великодостојници за идната црква на плоштад … На локацијата сега е предвидено да се гради дел од комплексот на Градската куќа со делови наменети за хотел и ресторант …
  4. Локација која за реизградба на св. Константин и Елена ја предлага Данило Коцевски, веднаш позади Стоковна куќа Типо … место на кое сега е предвидена изградба на катна гаража …
  5. По мене најбезболната пригодана локација за реизградба на црквата Св. Константин и Елена … на сегашниот ќош на Паркот жена борец, карши плоштадот Пела …
  6. Локација која би се створила со уривање на сегашната Стоковна куќа Типо – некогашна “Нама“ … многу од експертите го предлагаат токму ова решение … имено се работи за зграда која е при крај на својот “животен циклус“ … и во новите решенија на урбанистите за овој дел сосема не се вклопува во новиот посакуван лик на плоштадот …
  7. Локацијата на Св. Богородица Скопје – новоизградената црква чиј ктитор беше Трифун Костовски … На оваа локација имаме темели на уште една Црква во Скопје – познатата Света Мина, која истотака се сруши во земјотресот во 1963-та …
  8. Локација на Св. Димитрија
  9. Веројатната локација на куќата на Мајка Тереза …
  10. Локацијата каде сега стои обележјето дека тука била куќата на Мајка Тереза – види ја погоре сликата број 3 …
  11. Локацијата каде сега се изгради спомен домот за Мајка Тереза, место каде некојпат била Католичката црква во Скопје во која Мајка Тереза ја примила католичката вера … место каде Мајка Тереза го почнала божјиот пат …
  12. Локацијата на некогашниот Официрски Дом во Скопје, кој нели бил изграден на иста локација каде некојпат била Бурманли џамија во Скопје … место кое сега е предвидено за изградба на Градска куќа, но истовремено место кое се погласно муслиманските верници го бараат за реизградба на Бурманли џамија … Тие ова го прават многу упорно истовремено и вешто, организирајки пригодни манифестации (делеа баклави, ја оградуваа со креда, организијаа ликовен хепенинг каде деца ја цртаа Бурманли џамијата …). Дваесетина НВО-и ја подржуваат реизградбата на Бурманли џамија … Риесетот веќе официјално поднел барање во Општина Центар за доделување на оваа локација – маркица за реизградба на Бурманли џамија …
  13. Локација каде се гради новата деловна зграда, која предизвика внимание поради аферата за начинот како беше доделена оваа локација и поради заградувањето на кејот покрај Вардар, за да може да се добие пристап – градежен пат …
  14. Место каде веќе е при крај изградба на една многу современа зграда, веројатно наменета за деловен простор …
  15. Место каде е предвидена маркица за реизградба на хотел, во спомен на некогашниот Хотел Македонија – кој рушејки се во 1963-та имаше највеќе жртви странци, кои беа гости во хотелот …
  16. Место кое несреќно е избрано за изградба на нова зграда на археолошкиот музеј, каде треба да се смести и Уставниот суд …
  17. Локација на коа неодавна почна градба на зградата за филхармонија …
  18. Локација каде треба да никне пешачки мост … за среќа отпадна проектот за врбите во Вардар …
** Св. Никола т.е. Св.Константин и Елена ке почне да се гради до крајот на месецов … април 15, 2009
** „Св.Никола“ може да почне да се гради на плоштатот во Скопје … ги има сите потребни дозволи
** Св. Константин и Елена … Бурманли Џамија … Старо Скопје фотки …
** Бурманли Џамија – Скопје
http://img215.imageshack.us/img215/1204/111934b5rw.jpg

1 comment:

Ico said...

Не сум имал премногу прилика да шетам низ европските земји, но за оние што сум го посетил има впечаток дека најчесто прават етнолошки, природонаучни, археолошки и слични музеи. Исориските музеи карактеристика се за балканските земји. Во нив тие трајно меже да ги престават своите фрустрации, неостверни желби, освојувања на туѓи територии и жал за многу неоставрени легенди! Имам впечато дека иделозите на Музеот за Историјата на ВМРО и жртвите на фашизамот, имале слична намера. Според дадените објаснувања, во музеот ќе била преставена исто така и паризанската антифашистичка војна и ослободително социјална револиција под водство на комунистите. Тоа е факт кој не би требело да се игнорира или манупулира со него, бидејќи коначно со таа војна и револуција се оствари државноста на дел од македонскиот простор.Кога музејот би се викал:"Историја на борбата на македонскиот народ за своја државност" се би било во ред.Но вака како што засега стојат нештата,скепсата во врска со добрата намерите на властодржците остварена преку музел останува,но и ќе преставува преднет на нови понатамошни поделби на македонството!!!

Blog Archive

Site Meter