Во Македонија и позицијата и опозицијата се однесуваат како да сме многу блиску до избори. Позицијата и Груевски демантираат дека се спремаат за избори. По медиуми на директни прашања велат оваа година избори нема да има. Но во партијскиот живот (цо својот двор) го прават спротивното го подготвуваат членството за можни избори. Опозицијата истотака вели дека воколку се случат избори дека тие се спрамени. До скоро имаа став дека предвремените избори изборите се штетни не за нив туку за Македонија. Најново е тоа што опозицијата зачестија со изјавите дека би сакале да има предвремени избори. Повеќе ».....
Јасно е зошто опозицијата би сакала предвремени избори – тоа за нив би било шанса предвремено да се докопааат до удобните фотељи на власта. Не е јасно зошто позицијата која во моментот има парламентарно мнозинство од 63 пратеника, занчи може легално да владее без ничија помош т.е. додатна колалиција. Со коалицинониот неприроден партнер ДУИ имаат двотретинско и бадинтерово мнозинство. Значи можат се да сменат. Тоа и го прават, осем таму каде за да сменат нешто со помош на ДУИ добиваат “непристојни предлози“. Во моментот ги имаат сите власти на располагање, парламентарната, извршната но посредно и судската власт. Осем што по изјавата на власта немаат контрола над Уставниот суд, во сите други судски власти воспоставија партијски механизми кои се дозволени према законите и Уставот. Е да, немаат контрола над Народната банка. Но Гувернерот можат да го сменат лпга ке посакаат, тој се бира со просто мнозинство во Парламентот.
Позицијата како и пред две години може да процени дека повторно има добра клима за избори и предвремено да го распушти парламентот и да се отвори процес за нови предвремени избори. Бидејки самите велат дека нема да има избори, значи нивната проценка е дека може само да изгубат дел од власта а можеби и целата власт и дека не е време за избори. Честите рејтинзи кои ги прават сите покажуваат тенденција дека паѓа довербата во владеачката партија. Дури и рејтингот на Премиерот е во опаѓање како тренд. Во некои анкети значително, во други поблаго – но паѓа. Ако се додаде на сето ова дека бројот на гласовите на Бошковски е проблематичен за ВмроДпмне (бидејки директно им влегува во слабина), ке произлезе дека тие имаат најголем проблем всушност со него и неговите гласачи и со повратникот на политичката сцена бившиот Премиер и Оснивач на ВмроДпмне Љупчо Георгиевски. Тие две партии би откинале голем дел од членството на ВмроДпмне.
ВмроДпмне како повторно да е во процес на цепење на своето ткиво. Една од причините е дека и по три години од власта многу од членството не се задоволни од колачот од власта кој премногу отиде кај новопримените – дојдените и прелеани членови од ДА и отпадници/незадооволници/калкуланти од СДСМ. Владеачката структура има реален проблем со големите ветувања во економскиот сектор и особено странските директни инвестиции кои се во опаѓање и покрај големите ветувања и вложувања на таа карта.
Картата на тврдиот национализам и непопуштање во името сега ја заменувааат со игра дека тие преговараат, се за компромис, но ако до него дојде одговорноста би ја префрлиле врз народот преку изјаснивање на реферндум. Споровите со соседите не се решаваат туку се продлабочуваат. Сите политики се насочени кон се поголемо делење на народот на наши и ваши, предавници и патриоти, издајници и херои, и слични поделби. Неуспеваат да најдат НЗС во најкруцијалните државни интереси со опозицијата. Под притисок се на меѓународната јавност да најдат решение.
Опозицијата игра на картата на време, што подолго време ВмроДпмне е на власт се` поочигледно би било дека ВмроДпмне не ги решава проблемите ни политичките ни економските, туку ги продлабочува.
Се чини дека најголемото промашување на СДСМ како опозиција е враќањето на Бранко Црвенковски на чело на партијата, млад пензионер (ја реши својата егзистенција) кој еднаш имал шанса да одработи за Македонија, ја имал сета власт во државата но не направил сериозни исчекори, иако на времето сами за себе велеа дека се државотворна партија. Што би било сега мотив на неопределените гласачи да гласаат за СДСМ за човек кој еднаш имал власт а не успеал, туку напротив има петна во своето владеење кои се огледуваат во приватизација во која постојат индиции дека има со закон покриен криминал. Црвенковски кој е неоспорно добар говорник наместо да ја обедиунува опозицијата се дел од неа е во кавга. Во кавга е и со голем дел од своите стари кадри кои незадовлони прават разни други сојузи и програми.
Црвенковски како да полага големи надежи во блискоста со тобожниот сват Љубе Бошковски, и се поблиските ставови со некогашниот најлут противник Љубчо Георгиевски. Се назира ли тука најнеприродната од неприродните политички коалиции во Македонија. Ако дојде до ваква коалиција и ако во истата коалиција влезе еден од неколкуте појаки политички субјекти на албанците (во смисла на прдизборна коалиција), во таков случај Црвенковски веројатно ке ги добие можните предвремени избори, и уште со поголем број ако вети дека нема да се кандидира за Премиер, по евентуално добиените избори со таква неприродна коалиција.
Заради сето тоа разбирливи се препукувањата и ЈуТјуб лустрациите на Бошковски и Латас од најново време. А вакви ЈуТјуб лустрации ке се изнагледаме и во иднина.
Груевски е свесен дека ако го истера парламентарниот мандат до крај, шансите да ги добие следните избори ке му бидат минимални. Со економијата не му тргна како што ветуваше, за имаето е под огромни притисоци иако сеушто добро се држи. Нема веќе на кого да се жали дека му смеќава, ја има апсолутната власт. Од погоре изнесеното произлегува дека Груевски ако сака да добие на наредните парламентарни избори ке мора тоа да го направи на предвремени парламентарни избори.

- Рејтинг битка – секој му верува само на своето огледало
- ГРУЕВСКИ – на народот му се обраќа во народни емисии … Од што се плашат Грција и Бугарија, од севкупноста на Македонија ли ?
- ПИСМО на Груевски – уште едно …
- Победите и поразите на Груевски …
- Нови парламентарни предвремени избори …
- СДСМ сеуште ужива под сенка … Бране Б.Ц. – ке му даде мандат на Бране Б.Ц. да предложи “Влада во сенка“ ?! … Дворски игри
No comments:
Post a Comment