Најтешка од се` е староста. Во староста и да не си имал проблеми со болести во младоста и воопшто во животот – болеста ке те дофати. Во староста енергијата ако ја изгубиш многу тешко ја повратуваш. Имунолошкиот систем ти заслабува и со сето тоа и живците се тенчат. За крај на луѓето кои се стри веројатно им се губи смислата за живот, бидејки мачејки се себеси со болеста ја мачат и околината. Блиските се тие кои вообичаено помагаат. Долгот кон родителите и дедовците би требало да се врати. Секој од нив барем еднаш ти сменил пелени во животот или ти се нашол во некоја друга прилика. Повеќе ».....
Во тешки ситуации идеално е замислено дека лекот ке го бараш во болница, да пребродиш операција, да закрешнеш. Нашето здравство и болниците се како и општеството во перманентна трансформација – а реформите се само префрлање на шупло во празно. Без пари нема музика – така да без пари и нашето здравство не може да го биде. Сите кои барем еднаш биле во болница ги знаат проблемите на болниците. Тие се градени многу одамна и имаат проблеми со инфраструктурата, пред се со водоводот и греењето, прозорците и вратите со подовите, со болничките кревети и другиот болнички ентериер, со чаршафите и така натаму. Владата зема скоро 200 милиона евра странски кредит за да ги освежи болниците. Кредитот некој ке мора да го врати, а место во болниците ке има само за оние што имаат пари да платат.
Деновиве заради мајками пак се врткам околу болница – на крај мајками сепак морав да ја однесам во Државна Болница (како што ја викавме некојпат постарите скопјани), во Клинички Центар како што некој ја вика, поточно на Хематологија.
Патот за да влезеш во Хематологија беше повеќедневен. Откако дневната посета доаѓаше два дена рече дека сепак ке мора да ја носите во болница. Петок беше се јавив во болница за со главната сетра да ми каже дали има слободно место. Појаснив дека случајот е итен а таа е нивен пациент од порано – дијагнозата е нели Леукемија. Ми рече болница не прима нови пациенти во сабота и недела ке ја донесеш во понеделник. Обезбедив болнички упат од матичниот лекар а сабота и недела дежурав на смена со зетот, за да и се најдеме на мајками. Од лекарства осем аспирин друго не смеевме да и даваме. Едвај ке ја станевме до блиското купатило, ке проветриме ке и дадеме да јаде, ке помуабетиме. Дома носев да исперам од кебиња, преку чаршафи и облеката што ја носи. Станав стручњак за пружање веш.
Понеделникот зетот ми помогна по скалите да ја симнам до колата и појдов во болница, велам имам договор со главната сестра. На влез во државна болница за да влезеш наутро треба да чекаш колона ко на царина во гужвите – во колона по еден. Чинам стотина коли во колона е малку. Повторно ги видов паметњаковиќите кои се буткаа преку ред, кој со молба кој на сила ке ти се втурне во колата за да го пуштиш. Грозно. На капијата вчера утрото имаше обезбедување и насила не натераа да поминеме побрзо. Се слушна ке имало делегација, си помислив пак ли некој ке се слика покрај болните заради неговиот рејтинг. Појдов кај Хематологија. Бидејки мајками е тешко кретна појдов да побарам количка за да ја качам до Хематологија која е на спрат. Но процедурата за да влезеш во болница е малку компликувана во папиролошки смисол. Со болничкиот упат најпрво да појдеш кај лекар кој треба да даде пусулче со одобрение дека може да везеш во болницата. Чекај на едн шалтер за да земеш бројче, на друг за да дојдеш на ред кај докторот, на трет за да ти го дадат картонот и отворат тековна книговодствена сметка, на база на која ке треба да платиш болничка партиципација. И тогаш главната сестра е главна за да каже има ли слободен кревет. Мајками на ладното ја оставив во колата пред Хематологија повеќе од два саати, толку треба за папирологијата. На редицата одоко пребројав стотина луѓе. Среќа имав две кебиња во багажникот инаку ке ја замрзнев, а од дома земав јастук.
Кај Хематологија еден влез е и трансфузија. Тогаш видов зошто била гужваата Претседателот со десетици новинари дошол да даде крв и да се исфали дека има златна значка како крводарител. Имам и јас па што. И тој ли реши да почне да работи на својот рејтинг – кој нели му е околу нулата, т.е. никој не му го ни мери бидејки го нема. Ако сакал да даде крв требало тоа да го стори во некоја соба во својот кабинет. Сигурно радо ке дошла екипа да му земат крв, а можело и целиот кабинет да даде. Така правевме порано – се зимаше крв по школите по факултетите по поголемите организации. Вака ја изблокира државна болница за неговите 200 грама крв сликајки се да се види на телевизија. Срамота. На болните рејтин ке гради. Што не влезе во ВЦ-то да види дека таму не работат чешмите и казанчињата. Ниедно ВЦ нема топла вода !! Како ли ги бањаат пациентите, како ли лекарите ги мијат рацете – со ладлна вода ли !!
Нејсе, испадна дека тој ден немаше слободен женски кревет за мајками и морав да дојдам денеска повторно. Рикверц дома со сите степеници кои се препрека за да се изнесе крупна и тешка жена каква што е мајками. Се разбира на крај ме чекаше фактурата за болничкиот паркингот, кој нели го управува приватна фирма. 30 денари на саат.
Денеска веќе има четири дена откако мајками е без вистинска терапија. На аспиринче. Женами вика штета што немаме некој таму ?!, балканска врска што вели братми. Некако ја качив и ја сместив во креветот, тој е превисок за да се качи болен човек. Се снајдов во колата имам мал столче кое го носам стално во колата да се најде, Го земав и јастукот и резервното кебе, испадна дека или немаат или им е полесно да го користат твоето. Првин кебињата, па јастукот, сега столчето заврши работа. Но главната сетра ме изненади со ново барање. Бидејки е релатинвно непокртетна да има некој дежурен покрај неа. Ме затече. Се запрашав во себе – зарем нема техничко помошно особље (медицински брат) во болниците кои се грижат за помрднување на болните и друга техничка помош. Поминав најпрвин во аптека да купам памперс за возрасни. 27 денари парче – платив 700 денари за кутија. Почна да доаѓаат лекари и земаа примерок на крв и и направија визуелен преглед. Ме прашаа за поранешната историја и што пиела во меѓувреме.
Стигна ручекот. Кетеринг ручек со сите стандарди. Супа и мусака во посебни делови во стиропор чинија, залепено одозгора со прозирна фолија. Четврт леб фино смотан во целофан и канче цвекло. Можам да кажам дека јадењето беше квалитетно. Се разбира секој си носи вилушка нож, лажица, чаши како и тањири ако има потреба. Денеска по 22 години првпат повторно ставав пелена но не на внуче, чест ја имаше мајками – да вратам малку за нејзината нега. Не, не ми беше тешко иако гледам дека на мајками и беше малку незгодно.
Со цимерката во собота кај мајками се договорив во паузи кога ме нема да и даде вода ако и се пие или нешто друго. Немаше проблем – така се ослободив малку, одсекојпат е пракса полесно болните да ги помагаат потешко болните. Вечерва ке дежурам од шест до осум повторно. Со зетот се договориме тој малку утрината да ме одмени а јас ке наставам потоа. Во моментиве размислувам како јас би размислувал да сум на местото на мајками. Верувам дека би ми било срам мое дете да мора да го мачам со старчките маки и проблеми. Чувајте си го сами здравјето додека можете – тоа нека Ви биде приоритет не само заради себе туку и заради своите најблиски.
Појдов да се разберам со луѓето на паркинг. Ги прашувам вака и вака морам цело време да бидам тука кај мајками има ли некој попуст или некое чаре за поефтин паркинг. Ми се развика, во смисла што мислиш ти ние сме приватна фирма сме инвестирале тука, за на крај да изусти – најефтиното е 150 денари дневно. Се прекрстив и реков ај нека ми е господ на помош. Тие ми велат е што е де што ти е чудно – ние сме приватна фирма не даваме услуга за беспари ?!. Си велам уште воздухот остана без цена, се останато едно по едно се продава, патарини и мостарини ко у пусто турско. Иако заради загадување на воздухот плаќаме дел од цената кога полниме бензин. Наздравје нека ни е со капитализмот. Парите се главен и единствен мериоторен мерач на размената. Бес пари нема ништо – бес пари нема ни здравје. Смрт на социјализмот да живее капитализмот, додуше прво да се избориме со транзицијата. Ама велат и капитализмот не е веќе чист капитализам. Овој последниов е со примена на социјалистички мерки. Маркс се почесто и таму го спомнуваат. Глобализацијата била предвидена уште во комунистичкиот манифест пред 150 години.
Ако ме прашате дали сум лут. Веројатно би требало, но знаете како е кога ке се фатите во орото го играте без многу да размислувате – музиката свири а вие играте, времето врви, животот тече.

- Домашна посета – Итна медицинска помош
- Државна болница и аптеките пред нејзината капија …
- Здравство …
- “Диши-НеДиши“ … бесплатно за сите … моја стара идеја касно приметена од владините ПР-и …
- “Здравје за сите“ … ама во шатори …
- Трансформацијата на Клинички центар ???
- ООЗТ – тизација на Клинички
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО – без пари
No comments:
Post a Comment