Дали мостот Око технички ги загрозува хидрауличните подлоги на реката Вардар. Имено стручни експертски лица изјавуваат дека е недозволиво градење на мост кој има столбови во таканареченото Минор (првото) корито. Втор проблем е прениската кота на мостот, која ако дојде во ситуација на голема вода, кава што ја имало во време на последната поплава во Скопје, мостот ке делува како брана и ке ја излева водата надвор од највисоките коти на одбранбениот зид, со што водата ке се излева на двете страни на Вардар. Повеќе ».....
Некаде на крајот на седумдесетите години беа последните високи води на Вардар. Тогаш работев во Пелагонија во објект кој го делевме со Судска Медицина (лево на горната слика), кој сега е на располагање и сопственост на Царина на Македонија. Водата дојде до нивото на малиот пешачки мост. На мостот беа поставени вреќи за песок бидејки водата преливаше над мовчето. Беа потребни уште само 5 сантиметри доток на вода, за да се исполни сценариото на минирање на овој пешачки мост, за да не се излее водата на двете страни на Вардар бидејки во тие момести тој беше брана и секој момент се очекуваше излевање на Вардар на двете страни од коритото.
На вакво сценарио предупредуваат стручните лица кои учествувале во изработка на проектот за регулација на речното корито на реката Вардар.
На вакво сценарио предупредуваат стручните лица кои учествувале во изработка на проектот за регулација на речното корито на реката Вардар.
- Максималната проектирана поплавна вода, вклучувајќи ја регулираноста со регулацијата ’Козјак‘, изнесува 1.150 кубни метри вода во секунда, односно, максимална висина на водата од 5,40 метри. Тоа значи дека долната конструкција на мостот треба да биде минимум од 80 сантиметри до еден метар од максималната поплавна вода, односно на најмалку 6,40 метри висина. Со други зборови, долната конструкција на мостот треба да почнува над сега проектираната горна конструкција …
- Петар Петровски, еден од учесниците во процесот на проектирање и градење на регулацијата на Вардар, е сигурен дека доколку евентуално се случи поплава во Скопје, како онаа од 1979 година, тогаш „Око“ сигурно ќе биде целосно однесен или, пак, ќе се најде под вода. Односно, кога ќе се изгради мостот, тој автоматски ќе го подигне нивото на надојдена вода и ќе претставува еден вид брана, па во тој случај надојдената вода ќе го пробие секој поставен одбранбен насип и ќе предизвика поплава и на левиот и на десниот брег на Вардар и тогаш ќе навлезе вода и во новоизградениот Уставен суд и во театарот.
- Во проектите за регулацијата на Вардар, начелно, не се дозволени столбови во минор-коритото, а со проектот за ’Око‘ тие се вкопани и влезени со целата конструкција.
No comments:
Post a Comment